demmian
Попиванов
- Член од
- 9 јули 2008
- Мислења
- 1.613
- Поени од реакции
- 53
Центарот на Скопје во 21 век ќе се враќа кон антиката и барокот

28.01.2010 17:56
Центарот на Скопје во 21 век ќе се враќа кон антиката и барокот. Власта сака сите нови објекти па и катните гаражи да ги гради во стилот на барок, класицизам, неокласицизам и романтизам.
На левиот брег на Вардар според новиот план за мал ринг нема да остане празно место. Освен Уставниот суд, ќе се градат и по 29 метарски објекти на Кривичен суд, Обвинителство, Финансиска полиција, Државен архив, Министерството за надворешни, канонада од антички столбови и хотел кој треба да никне кај Македонската опера и балет.
Сите државните институции ќе бидат во антички и барок стил. За ваквиот хаос се побунија од првата архи бригада. Велат, ова е најголемата урбанистичка грешка, а античкиот и барок стилот немаат вредност туку се белег на идеолошка фрустрација.
„Се вметнува некаква колонада и антички театар кои имаат намена - култура, меѓутоа сметаме дека никој не би се собирал во дворот на јавните институции под будното око на обезбедувањето“, велат од Архи бригада.
„Ќе биде буквално ѕид на антиката, ќе го загуши тој дел од кејот, ќе биде забранет пристапот за јавноста, значи во една година ќе ја изгубиме највредната јавна површина во Скопје“, рекоа од Архи Бригада.
Освен на плоштадот Македонија, фонтани и скулптури допрва ќе се поставуваат и од другата страна на Камениот мост. Ќе се градат две катни гаражи - кај МЕПСО и кај шалтерите на Телеком, и двете ќе бидат во барок и антички стил.
Во планот за мал ринг се предвидува и 29 метарска порта на плоштадот Пела со површина од 750 метри квадратни. Ќе има и подземна гаража токму под паркот Жена борец и огромен обелиск на сред парк. Барокот е стил кој бил форсиран во 16-от век, најмногу од католичката црква, и во времето на големите владетели.
Vashe mislenje...jas mislam deka so zemjotresot vo 1963 g. se urnaa mnogu zgradi,chija arhitektura beshe preterano skapa za da gi izgubime.Vo ovoj proekt gledam ednostavno kako na nadoknaduvanje na zagubenoto vo zemjotresot od 1963.