Прво да се разбериме нешто: ентериерот е дизајн на внатрешноста на објектот, и може да биде убав или не (според вкус, нормално), а не утнат. Тоа е што е утнато е функционалната организација на просторот.
Друго, објектот делува убаво, ако се гледа самостојно, исто како што убаво делува и новиот мал деловен објект од другата страна на ГТЦ, од кај плоштадот. Во околината, не се вклопува воопшто. Башка, трендот на грубо пластично обликувани објекти, облечени целосно во стаклена фасада, без хетерогена растер-структура, беше пред десетина години, до пред две-три почнуваше да замира, и сега повеќе не е актуелен. Ајде ќе речиме, и оваа зграда му припаѓа на тој тренд, и потекнува од тој период, па ќе оправдаме.
Pонатака, дали ќе го купеше Соравија или некој друг, нема да коментирам за економската судбина на објектот. Aма ќе го искоментирам ова - архитектонската судбина на објектот ќе беше фатална за истиот, доколку не дојдеше австриски Штрабаг да ги предимензионира катните висини, и да ги доведе на нормална висина за опстојување во таков центар. Инаку, само за мене ќе беше погоден центарот
Е сеа, што се однесува пак до ГТЦ, кога го гледаш него, гледаш совршено испроектиран трговски центар, на кој му позавиделе многу странски архитекти, поради неговата пластична обликуваност, функционалност и беспрекорно поврзување на внатрешност и надворешност. Решение вредно за почит. За разлика од горе споменатиов Соравија, ова е објект кој се вклопува во средината, кој ги следи линиите на сите објекти околу него, не е наметлив нити на објектите, нити на природата, а сепак е доминантен.