Ова темава нешто како London calling.хехех
Напредуваме
Богами, повикува на третман градов. Само за лепо (и ако има неинформирано) друштво, еве го коверот на култниот албум на Клеш:
Скопје бил ептен убав град, земјотресот од 1963 го усрал. Какви градби биле банката, официрскиот дом, театарот! Убавина! По земјотресот, комуњарите ја усраа работата. МНТ личи на бункер, да го ебам, а каква градба бил ц ц цц ц
Еве го бункерот
А видете ја убавината
Зборот ми е, погледнете ги сите главни градови на Балканот, сите имаат вакви убави градби, и Скопје имал убави градби, не дека сега нема, но премногу е модерно граден и некако без вкус.
Прво, онака само сакам да те прашам дали си влегол во МНТ?
Второ, другите главни градови на Балканот ја имале среќата и генезата да бидат далеку поважни центри на моќ, финансии, џет-сетеорство - култура него Скопје. Токму затоа во нив се граделе во континуитет далеку посовремени и репрезентативни градби во изминативе стотици години, додека Скопје и останатите наши градови биле под окупација те на султани, везири и кадии, те на други посланици.
Околу земјотресот... Види, не е дека не исчезнале навистина убави градби во таа катастрофа - но секое лошо за добро, или среќа во секоја несреќа - е што токму Скопје го имало моментот на модерна преродба, поточно архитектите кои биле дел од градбата на новото Скопје (која завзела големи димензии со учество на странски фондации од целиот свет) ја имале привилегијата и можноста да имплементираат на маркантни локации и на значајни места алатки кои ги превзеле (и модифицирале-кој како) од големите мајстори на модерната архитектура. Со тоа, некако се надоврзале на природниот тек на случувањата и се помириле со она што засекогаш заминало на некоја депонија како градежен шут, па одлучиле да градат нов, поубав град.
Конкретно, јас како иден архитект ја почитувам историјата - и воедно тврдам дека не може и не смее да се игнорира истата при проектирање на нешто ново - но, мојата генерација сака да остави свој белег на овој град, на оваа земја, белег на своето време. Ако сите одлучиме дека не ја бива работата како што тргнала, можеби ќе има некоја трета ренесанса и повторно во "мода" ќе се вратат класичните мотиви кои ти ги величаш во постот (иако со развојот на технологијата на глобално ниво и влијанието кое таа го има врз општествениот развиток, како и со пронаоѓањето на нови материјали, според мене ова е практично невозможно).
Ајде, театарот не ти се допаѓа, личен вкус. Само, немој да грешиш, нити ти нити било кој друг и за изгледот на Скопје од архитектонски аспект денес да бидат обвинети погрешни луѓе, наместо урбаната мафија која била секогаш присутна (повод: прекинот во исполнувањето на планот на Кензо Танге за урбанистичката реконструкција на главниот град) само денес, поради условите во кои живуркаме е поизразена.