40
Над Скопје блескаат златни коњи, а во внатрешноста се патува по Турска калдрма која за среќа ни останала од Османлиите, па сега ја користиме наместо асфалт.
Денес во паркот Жена борец во Скопје заблескаа четири златни скулптури на коњи. Златните коњи блескаат на градската панорала, а во истовреме во останатите градови од Македонија се создава бес и револт бидејќи не се инвестира речиси во ништо, па така за да дојдете до Охрид од Битола на пример, нема да најдете ни 100 метри пат без дупки, а на некои места асфалтот целосно го нема па се вози по макадам пат поставен во турско време.
Мегаломанското трошење на разубавување на Скопје по се изгледа опустоши се околу центарот на овој град, па се надвор од центарот на главниот град се дави во беда и мизерија. Додека во Скопје беска злато државата скрати милиони евра во здравството, родилките не примаат пари со месеци и на крај ги оданочуваат, а инспекциските служби секојдневно се на терен во акција на зборање данок и пишење казни.
Харангата која ја спроведува државата за да си ја пополни касата која е испразнета на бронзени и златни статуи во Скопје ги доопустошува фирмите, а генерален впечаток е дека приватниот секотр во земјава е пред колапс.
ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА СЕ ГЛЕДА МАКАДАМ КОЦКИТЕ ОД ОСМАНЛИСКО ВРЕМЕ КОИ ИЗЛЕГЛЕ ПОД РАСПАДНАТИОТ АСФАЛТ
http://ohrid1.com/makedoniјa/vo-skopјe-besnaa-zlatni-kiњi-vo-makedoniјa-mizeriјa