Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Дај бе нека го направат више, не секои десет метра зеле почнале да градат нешто и баталиле, више на ништо не личи. Сакам кога ќе прошетам убавин ада гледам, а не work-in-progress, кој трае во недоглед, и дупки на патот, ровови, каблишта, огради, земја на пола улица, итн.

Аман веќе, бидете малку поекспедитивни!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Да цитро? Ставаш некои слики на објект во изградба и тоа ти е изговорот? Ограничени аргументи. Ај сеа извади оскопје 1989.
Во старите добри комуњарски времиња.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Да цитро? Ставаш некои слики на објект во изградба и тоа ти е изговорот? Ограничени аргументи. Ај сеа извади оскопје 1989.
кој објект гледаш тука во изградба.? Сити галери?

бдв... денес..

Споменичното обележје Воин со придружни елементи од Валентина Стефановска денеска ќе почне да се поставува на плоштадот „Карпошово востание“, пред Министерството за транспорт и врски.



Како што соопшти општина Центар, споменичното обележје е дел од програмата на општина Центар за одбележување на значајни личности и настани преку подигнување на споменични обележја, усвоена во 2007/2008 година.
Споменичното обележје е изработено во леарницата Гуастини, Италија. Изработката траела две години.
Поради внежите од дожд, поставувањето кое што беше најавено за во 11.00 часот, ќе се изврши откако ќе бидат подобрени временските услови.
Инаку тринаесетметарската скулптура ќе биде поставена на 15 метри висок постамент со придружни скулптури и релјефи, а околу ќе биде направена фонтана.
Пред споменикот ќе бидат направени две помали фонтани, а според планот, зградата на Министерството за транспорт треба да се надгради за два ката и да добие нова фасада.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Во старите добри комуњарски времиња.

Нењ сум против градење да не ме разбере некој погрешно, но сум да се инвестира или да се трошат пари на инвестиции од кои корист ќе им народот и еконимијата во макеоднија.

Зашто не се доизгради пругата со бугарија?

зашто до охрид нема автопат?

Зашто нема пруга до албанија?

Ова се мои размислувања, а некој експерти можеби ќе имаат и подобри идеи каде овие пари би што се трошат би биле најдобро во интерес на народот.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Нењ сум против градење да не ме разбере некој погрешно, но сум да се инвестира или да се трошат пари на инвестиции од кои корист ќе им народот и еконимијата во макеоднија.

Зашто не се доизгради пругата со бугарија?

зашто до охрид нема автопат?

Зашто нема пруга до албанија?

Ова се мои размислувања, а некој експерти можеби ќе имаат и подобри идеи каде овие пари би што се трошат би биле најдобро во интерес на народот.
Дечко си го згрешил подфорумов постов ти е за во друг форум.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Дечко си го згрешил подфорумов постов ти е за во друг форум.
Не сум згрешил, парите за ск 2014 јас би ги вложил во тоа што го набројав погоре, од кое ќе има интерес цела држава и народот на македонија. колку подобра инфраструктура имаш толку ти е поразвиена економсми и државата. Види како е по други градови и држави како се поврзани, некој преку ламанш изградија пруга и автопат ние парите од граѓаните ги вложивме во споемници. Тоа ми е поентата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Не сум згрешил, парите за ск 2014 јас би ги вложил во тоа што го набројав погоре, од кое ќе има интерес цела држава и народот на македонија. колку подобра инфраструктура имаш толку ти е поразвиена економсми и државата. Види како е по други градови и држави како се поврзани, некој преку ламанш изградија пруга и автопат ние парите од граѓаните ги вложивме во споемници. Тоа ми е поентата.
На место ти се забелешките,нема тука приговор.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
А овај Воин е уствари таткото на Воинот на коњ? Не памтам дека во македонската историја имало такви ликови, well nevermind.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
кој објект гледаш тука во изградба.? Сити галери?
Целиот плоштад? Или да не се потсетуваме дека тогаш комплетно беше променета коцката, која по 2-3 години кутриот Коце сакаше да ја врати? Зошто да се менува (троши пари) за нешто што има претрпено промени за неполна деценија? До толку ли се исфрустрирани тие таму у партијата?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
На место ти се забелешките,нема тука приговор.
Не сум згрешил, парите за ск 2014 јас би ги вложил во тоа што го набројав погоре, од кое ќе има интерес цела држава и народот на македонија. колку подобра инфраструктура имаш толку ти е поразвиена економсми и државата. Види како е по други градови и држави како се поврзани, некој преку ламанш изградија пруга и автопат ние парите од граѓаните ги вложивме во споемници. Тоа ми е поентата.
Треба да размислиш од друг агол а не од агол на што би требало да прават.Зборам за сите политичари ( со исклучок на неколкумина ) додека не се на власт целото постоење им се врти околу тоа како да дојдат на власт кога ќе дојдат пак на власт тогаш пак нивното владеење е обележано од начинот на кој дошле на власт.Поточно ако СДСМ дојдат на власт тогаш цвета корупција и крадење ненормално зошто они мораат да ги вратат парите на тие што ги донеле на власт и да ги исполнат нивните итнереси.ВМРО пак они си влегуваат во некои филмови егоистички и мегаломански,2014 и крстот на водно ( од Љупчо ) се градат и се изградени зошто мислат дека со тоа ќе си добијат место во историјата ( секако во исто време гледаат и колку е можно да украдат ).

Во ни еден момент воопшто на нив не им ни поминува мисла да се подобри нешто,се што сакаат е да ја држат ситуацијата на статус кво за да се докопуваат до власт де едните де другите се со пропаганди за некакви промени.Од време на време секако ќе пуштат малце вода колку да не ескалира ситуацијата али најчесто и тоа е мачкање очи за да се смири народот.

Земи прочитај ја 1984 од Орвел ако сакаш да видиш како размислуваат.Сакаат да дојдат до власт само за да можат да владеат и ништо друго.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Не сум згрешил, парите за ск 2014 јас би ги вложил во тоа што го набројав погоре, од кое ќе има интерес цела држава и народот на македонија. колку подобра инфраструктура имаш толку ти е поразвиена економсми и државата. Види како е по други градови и држави како се поврзани, некој преку ламанш изградија пруга и автопат ние парите од граѓаните ги вложивме во споемници. Тоа ми е поентата.
Буџетски трошења се тема за во форум економија.Сум отворил тон теми таму за ова слободно пиши. Овде само би дискутирал за естетскиот и урбанистички аспект на проектот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Целиот плоштад? Или да не се потсетуваме дека тогаш комплетно беше променета коцката, која по 2-3 години кутриот Коце сакаше да ја врати? Зошто да се менува (троши пари) за нешто што има претрпено промени за неполна деценија? До толку ли се исфрустрирани тие таму у партијата?
Ja плоштадот не го ни гледав..него целиот простор,коридорот околу плоштадот и целата таа дупка што ја има..а плоштадот како плоштад си е ОК и добро е што го реновираа,а ако сакаш не ми вади глупи муабети <таму у партијата> зашто не сум член у никоја партија.
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
37
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4261388D97F9624FBB277F67379E4B6E
"
Скулптурата на гол маж во Паркот на жената-борец предизвика толку големи негодувања и реакции кај женските невладини здруженија така што локалната власт од Центар реши да му ги покрие гениталиите со бронза."

:facepalm::facepalm::facepalm:

Не ми се верува што прочитав.

p.s им пречат човечки гениталии, а гениталии на коњ - не :D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4261388D97F9624FBB277F67379E4B6E
"
Скулптурата на гол маж во Паркот на жената-борец предизвика толку големи негодувања и реакции кај женските невладини здруженија така што локалната власт од Центар реши да му ги покрие гениталиите со бронза."

:facepalm::facepalm::facepalm:

Не ми се верува што прочитав.

Најчевска реагирала ова :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom