Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
http://www.opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/2430/1_MAL RING-javna anketa.jpg
ОВА ВЕЌЕ НЕМА СМИСЛА МОРА НЕКОЈ ДА ИМ КАЖЕ ДА ПРЕСТАНАТ!
А што е тоа ? Има многу што не разбираат, ни скицата не разбираат,еве ја на пример..објасни што е проблемот бе Фичо,препиши од билд,напиши тука.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.639
Поени од реакции
3.525
Види ги тие точките во Женан парк....тоа е се споменици ;) Мислам, ова веќе е не нормално, ова е за на доктор.Има уште еден сплав и тоа пред Театарот, уште и плажата ако ја задржат таму...Ебати култура што ќе развиваме.Друго, погледни го новиот објект до МОБ, оној што буквално излегува на улицата, ако толку го нејќат МОБ нека му ставта 3-4 столба и нека му залепат 5-6 релјефи а не вакви лудости да прават!Понатаму, го гледаш оној објект пред Сан Марко, само луд човек би ставил објект таму, само ни остаува да се надеваме дека тоа е не најавуваниот 30 метарски споменик а Мајка Тереза...И јаготката, улицата на кејот која поради идиотскиот инвеститор кој неможеше да си изгради подземна улица, сега ќе пречи на цел град. ;)

btw еве ти подетално мислење од твојот непрежален билд.мк ;)

Луѓе, што ќе правиме? Дај да се организираме некако, со убаво да им објасниме на сите дека вака не бива. Не верувам дека некој од нас е 100% против, не велам да одиме директно контра "Скопје 2014" како целина, туку да се сконцентрираме на катастрофалните грешки кои според мене ја надминаа бројката од 20.

Ќе се обидам да составам листа од се' што ми смета во Малиот Ринг и непосредната близина, па ако некој не се согласува со мене, или мисли дека сум пропуштил нешто, слободно дополнете. Ќе се обидам да бидам најтолерантен што можам:

1. Подземната улица. Не смее да се изгради ваква, заедно сосе двата кружни тека. За тој кај крајот на Партизанска би можел да попуштам, но да се замени совршено функционална триаголна раскрсница пред мостот Гоце Делчев со онаков кружен тек е недозволиво.
2. Зградата меѓу Порта Македонија и Александар, сосе скалилата кои навлегуваат во површината на Плоштад Македонија.
3. Панорамското тркало кај новиот мост. Не сум против самиот мост, напротив сакам да се изгради.
4. Новото чудо до Сан Марко, незнам што е но што и да е не ми мириса на арно. Местото е тотално утнато, таму треба да биде празен простор, пешачки коридор.
5. Споменикот на Самоил. Мора да се тргне, не само појужно, туку комплетно.
6. Споменикот меѓу Стара Народна Банка и Метропол. Директно го загушува пешачкиот коридор.
7. Грдосијата наречена Стара Народна Банка. Овде сум комплетно за рушење и изградба на автентична реконструкција. Не ми е жал за парите, пари очигледно има, повеќе ми е жал за времето во кое кејот остана закочен.
8. Планираната улица на кејот. Кејот едноставно МОРА да остане пешачка зона, а за неодговорниот инвеститор и полтронската градска власт нема оправдување.
9. Мора да се избришат дополнителните маркички за споменици до Портата Македонија, како и во Жена Паркот. Едноставно презагушен е просторот. Мора да се прекине со изградбата на споменикот на Питу Гули додека не е завршен, и ако мора, истиот нека се изгради на некое друго, порастеретено место.
10. Спомениците на АСНОМ, ВМРО и Паднатите Херои не прават никаква целина и само си сметаат едни на други.
11. Катната гаража кај Беко (4.3.1) не следи никакви урбанистички правила, и поради немоќта (иронично, но вистинито) на Градот да ја срушат зградата 4.4.2, комплетно е мутилиран просторот околу. Да се изгради по планот од 1997.
12. Да се сруши постојната зграда на ВМРО-ДПМНЕ и да се изгради како што е предвидено со планот од 1997.
13. Апсолутно рушење на АЕК (7.13)!
14. Да не се дозволи изградба на 7.2.1 во таков габарит и на такво место. Ако воопшто треба да има фонтана со обелиск, нели е поарно да се помести објектот да биде паралелен со МНР со фасадата кон ул.Стив Наумов, а фонтаната и обелискот да бидат од западната страна, отворени кон идното средено плато пред МОБ?
15. НИКАКО, АМА НИКАКО да не се дозволи изградба на 7.1.1!!!
16. Улицата која треба да води кон подземниот паркинг на Археолошкиот Музеј+Уставен Суд+Архив да понира пред Музејот на Македонската Борба, а не пред самиот Камен Мост. Се уништува плоштадот на овој начин.
17. Ако веќе ги прават фасадите, треба да се направат и од внатрешната страна (позадината). И онака би било смешна шминка, но сега е многу поочигледна.
18. Да се тргнат сплавовите. Безусловно.
19. Да се избрише катната гаража 1.3.5 (во меѓупросторот кај Стара Народна Банка, Стопанска Банка и Метропол).
20. Да се сруши постојниот Спомен Дом на Мајка Тереза. Ако треба нека изградат нов, но на посоодветно место и не волку грд.
21. Не спаѓа во Мал Ринг, но во близина, да се спречи изградбата на новите две згради карши Музејот на Град Скопје (ЕЛЕМ и другата државна), и со тоа рушењето на едно од поубавите урбанизирани катчиња кај споменикот на жртвите од земјотресот.
22. Да се спречи дебилната нова зграда карши претходноспоменатите две, на ќошот кај големото дрво и металната скулптура.

Ќе повторам, сметам дека сум претолерантен иако листава е прилично долга.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Има доста точни работи у твојата забелешка..се слагам за некои од нив ..браво бе Фичо дете (y)
 
P

PewDiePie

Гостин
Како тоа мислиш да се прекине со градење на споменик за Питу Гули,а ?

o_O

:D

Се си е убаво,нека се гради не го глушете.

Инаку Филипче немој од мал толку нервози,нема да ти џитка. :icon_lol:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Како тоа мислиш да се прекине со градење на споменик за Питу Гули,а ?

o_O

:D

Се си е убаво,нека се гради не го глушете.

Инаку Филипче немој од мал толку нервози,нема да ти џитка. :icon_lol:
На Гули мора да има спменик,мора и треба..има на Гоце,Даме,Карев и компанија,он сигурно нема да биде изоставен..а уствари кај се планира да се постави?
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Не знам, мене некако повеќе ми се свиѓаше она старо Скопје каде што улиците беа полни со дупки кратери, кога плоштад Македонија (заедно со тој во тирана) беше единствениот кој личеше на безлично поле, без никакви државни обележја, кога се возевме во автобуси кои смрдеа на уље и во лето беа изгор а зима смрзнувачка.

Што понатаму...

А да, просто ми фали она кога минуваш под зграда и по глава ќе те акне отпадната плочка од фасада. Ми фали кога ќе се уцапам во нечија гигантска плуканица/мрсул на улица. Ми фали кога гледам дека во центар на градот некој ноншалантно си моча ко дома да си е. Убави ми беше кога ми требаше основна планинарска опрема само за да прошетам по тротоарите и кога тоа се сметаше за екстремен спорт.

Yeah, долу Скопје 2014! Долу прогрес! Долу изградби! Сакаме цел државен буџет да се даде на инвалиди и лекови за болните, тие се апсолутно приоритет број 1. Ништо друго не е битно, сите ние живееме за нив.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Не знам, мене некако повеќе ми се свиѓаше она старо Скопје каде што улиците беа полни со дупки кратери, кога плоштад Македонија (заедно со тој во тирана) беше единствениот кој личеше на безлично поле, без никакви државни обележја, кога се возевме во автобуси кои смрдеа на уље и во лето беа изгор а зима смрзнувачка.

(y) :cuc:


Ал админот од е-магаре си ти ? :cautious:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Види ги тие точките во Женан парк....тоа е се споменици ;) Мислам, ова веќе е не нормално, ова е за на доктор.Има уште еден сплав и тоа пред Театарот, уште и плажата ако ја задржат таму...Ебати култура што ќе развиваме.Друго, погледни го новиот објект до МОБ, оној што буквално излегува на улицата, ако толку го нејќат МОБ нека му ставта 3-4 столба и нека му залепат 5-6 релјефи а не вакви лудости да прават!Понатаму, го гледаш оној објект пред Сан Марко, само луд човек би ставил објект таму, само ни остаува да се надеваме дека тоа е не најавуваниот 30 метарски споменик а Мајка Тереза...И јаготката, улицата на кејот која поради идиотскиот инвеститор кој неможеше да си изгради подземна улица, сега ќе пречи на цел град. ;)

btw еве ти подетално мислење од твојот непрежален билд.мк ;)

Си ги сакам некои објекти кои постојат и сметам дека се убави. А со повеќето од точките од тој постот или се согласувам или имам измени, сум да се тргне Самоил но и Јустинијан, да нема тркало, да ги нема сплавовите и споменикот на паднатите херои, плажата да ја нема и ме мрзи за сите поделно и една по една да ги пишувам, а и би додал уште неколку кои ги имам напишано веќе во темава. Пример се согласувам и со Кловер за двата нови моста да не беа туку да имаше еден нормален.

Но ти врска немаш што се случува, ти не ги разбираш скиците, немаш мислење, туку цело време копираш туѓи мислења од билд кои се негативни кон Скопје 2014. Подобро напиши таму дека се согласуваш со него отколку тука да наметнуваш туѓо мислење. Тие таму од билд не се сите градежници и архитекти, за да секое нивно мислење мора да е најдобро.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
убаво ти кажа погоре,не се нервирај бе мал си уште ...стварно нема да ти џитка ало.
Попрво ми изгледа дека ако траеме групно има да ни џиткаат право у лице. Ќе ќутиме, а овие ќе си цртаат како боенка да е Скопје. Денес излезе и јавна набавка за тркало (карузел) за во центарот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Попрво ми изгледа дека ако траеме групно има да ни џиткаат право у лице. Ќе ќутиме, а овие ќе си цртаат како боенка да е Скопје. Денес излезе и јавна набавка за тркало (карузел) за во центарот.
Дај линк?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom