ГРАД СКОПЈЕ СКЛУЧИ УШТЕ ЕДЕН ДОГОВОРОТ ОД ПРОЕКТОТ "СКОПЈЕ 2014"
Околу еден милион евра ќе чини новата ограда за мостот кај "Холидеј ин". Град Скопје склучиле договор со група понудувачи: Рудници и железарница - Институт од Скопје и белградската леарница "Јеремиќ", кои за 1.140.000 евра треба да ја изработат и да ја монтираат заштитната ограда и да набават и да постават канделабри на мостот.
Новата ограда на мостот кај "Холидеј ин" е двапати поскапа од онаа на мостот кај МАНУ, за која беа потрошени околу половина милиони евра, а чини трипати повеќе од оградата за мостот Гоце Делчев, за која беа одвоени 370.000 евра.
Од Град Скопје не објаснуваат зошто оградата на овој мост е двојно, односно тројно поскапа од останатите огради.
"Со склучениот договор е предвидено да се изведе втората фаза од реконструкцијата на мостот кај 'Холидеј ин'. Рудници и железарница - Институт и уметничката леарницата Јеремиќ треба за предвидената сума да изработат леана метална стилско-декоративна ограда и осветлување на мостот и да ги инсталираат", велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Автор на идејното решение за новиот изглед на мостот е Константин Јанев, кој е автор и на двата лава на мостот Гоце Делчев. Според проектот, на оградата ќе бидат изведени слики и мотиви од нашето културно наследство. На овој мост нема да има грандиозни скулптури. (А.А.)
ФОТО:Б.Грданоски (Вест)