- Член од
- 3 јули 2010
- Мислења
- 1.230
- Поени од реакции
- 1.863
М.М.Е. кој го направи ова?!
Засега непознат сторител или сторители ги оштети мермерните скали на споменикот вреден 9,4 милиони евра. МВР поднесе пријава против непознат сторител, а споменикот во иднина ќе има посебно обезбедување
Општина Центар, инвеститор на фонтаната и споменикот "Воин на коњ" за овој вандализам има поднесено пријава до полицијата за да се открие сторителот. Овој настан ги натера општинските власти да размислат покрај стандардното градско физичко обезбедување и камерите да воведе и засилена дваесет и четиричасовна контрола врз фонтаната, велат од Општина Центар. Од таму тврдат дека штетата ќе биде санирана.
- Станува збор за висококвалитетен мермер, кој не може да биде оштетен со ништо друго освен со удар на тап предмет, констатираат од општината.
Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, е крајно револтиран од несовесните граѓани..
- Се додека не порасне нивото на култура кај населението, ќе мора да се ангажираат служби за обезбедување на спомениците, за што Општина Центар веќе распиша оглас, изјави Јовица Ацковски, портпарол на општината.
Од МВР велат дека случајот е регистриран и дека работат на откривањето на сторителот.
- До полицијата е поднесена пријава од страна на вработено лице во Општина Центар дека е оштетена мермерна плоча поставена на еден од скалниците од фонтаната Воин на коњ". МВР презеде соодветни мерки за откривање на сторителот и поднесе кривична пријава против непознат сторител, вели Лиза Бендевска, портпарол на МВР. Од полицијата не сакаат да откријат дали камерите поставени околу споменикот го евидентирале моментот кога е направен вандализмот.
Засега покрај полицијата обезбедувањето на споменикот и фонтаната го вршеше и обезбедување ангажирано од Град Скопје. "Воинот на коњ" и фонтаната свечено беа пуштени на Денот на независноста. Беше изработен во италијанските леарници "Фернандо Маринели" од Фиренца и "Гвастини" од Виченца. Целокупниот проект чинеше 9,4 милиони евра, од кои 5,3 милиони евра беа потрошени за изведување на самиот споменик, а останатите 4,1 милиони евра се исплатени за изработка на постаментот и фонтаната. Финансиските средства за овој проект од "Скопје 2014" се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија.