Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
М.М.Е. кој го направи ова?!

Засега непознат сторител или сторители ги оштети мермерните скали на споменикот вреден 9,4 милиони евра. МВР поднесе пријава против непознат сторител, а споменикот во иднина ќе има посебно обезбедување

Несовесност или ниска култура на граѓаните. По само два месеци од официјалното пуштање во употреба на најубавиот и најскап споменик во Македонија, фонтаната "Воин на коњ", некој се дрзнал да го скрнави. Искршен е мермерот на скалите околу фонтаната, и тоа доволно многу за да се исклучи секоја дилема на тема дали било намерно или случајно. Дел од вториот ред од скалите на фонтаната, според официјалните информации , е искршен од се уште непознат сторител или сторители. Случката која е за секоја осуда и се случила уште минатиот месец се уште нема разрешница.

Општина Центар, инвеститор на фонтаната и споменикот "Воин на коњ" за овој вандализам има поднесено пријава до полицијата за да се открие сторителот. Овој настан ги натера општинските власти да размислат покрај стандардното градско физичко обезбедување и камерите да воведе и засилена дваесет и четиричасовна контрола врз фонтаната, велат од Општина Центар. Од таму тврдат дека штетата ќе биде санирана.
- Станува збор за висококвалитетен мермер, кој не може да биде оштетен со ништо друго освен со удар на тап предмет, констатираат од општината.
Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, е крајно револтиран од несовесните граѓани..
- Се додека не порасне нивото на култура кај населението, ќе мора да се ангажираат служби за обезбедување на спомениците, за што Општина Центар веќе распиша оглас, изјави Јовица Ацковски, портпарол на општината.
Од МВР велат дека случајот е регистриран и дека работат на откривањето на сторителот.
- До полицијата е поднесена пријава од страна на вработено лице во Општина Центар дека е оштетена мермерна плоча поставена на еден од скалниците од фонтаната Воин на коњ". МВР презеде соодветни мерки за откривање на сторителот и поднесе кривична пријава против непознат сторител, вели Лиза Бендевска, портпарол на МВР. Од полицијата не сакаат да откријат дали камерите поставени околу споменикот го евидентирале моментот кога е направен вандализмот.
Засега покрај полицијата обезбедувањето на споменикот и фонтаната го вршеше и обезбедување ангажирано од Град Скопје. "Воинот на коњ" и фонтаната свечено беа пуштени на Денот на независноста. Беше изработен во италијанските леарници "Фернандо Маринели" од Фиренца и "Гвастини" од Виченца. Целокупниот проект чинеше 9,4 милиони евра, од кои 5,3 милиони евра беа потрошени за изведување на самиот споменик, а останатите 4,1 милиони евра се исплатени за изработка на постаментот и фонтаната. Финансиските средства за овој проект од "Скопје 2014" се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија.

 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Ова некој намерно го има направено, со алат со све.. со нога или рака ова не се крши
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Што непознат сторител, нели има камери на плоштад? Толку скапи работи се редат таму а никаква заштита да се немало.... Леле колку поган народ сме бреееј :mad:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Што непознат сторител, нели има камери на плоштад? Толку скапи работи се редат таму а никаква заштита да се немало.... Леле колку поган народ сме бреееј :mad:
Кои камери ? На иди види ахах не заебавај,што може да се види од таа камера
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Кои камери ? На иди види ахах не заебавај,што може да се види од таа камера
Не зборам за камерата на идивиди... Кога веќе се ставени толку скапи работи на плошптадот,а знаеме декла сме покварен народ, треба со време да се превземе нешто за да се заштити тоа. Со ова само им се дава поголема слобода на простаците.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Општина Центар, инвеститор на фонтаната и споменикот "Воин на коњ" за овој вандализам има поднесено пријава до полицијата за да се открие сторителот. Овој настан ги натера општинските власти да размислат покрај стандардното градско физичко обезбедување и камерите да воведе и засилена дваесет и четиричасовна контрола врз фонтаната, велат од Општина Центар.

Од таму тврдат дека штетата ќе биде санирана.
- Станува збор за висококвалитетен мермер, кој не може да биде оштетен со ништо друго освен со удар на тап предмет, констатираат од општината.
Високвалетен? На страната кон улица Македонија (над скалите, каде што обично седат) има пукнатина долга 30 сантиметри. Ќе да е од високиот квалитет на изработка.​

Дали е вандалски чин или со обвинувања за вандализам се обидува да се сокрие лошата изработка и неквалитетот времето ќе покаже.​

А во меѓувреме да ја погледнеме сликава долу (Build.mk):​
Пукнатината десно можеби (можеби и не) е последица на удар (се гледа точка десно), но онаа лево не ми изгледа како да е од удар. Личат како да се постари - веќе има навлезено прашина во нив, потемнети се.​
Доколку некој е стручен или неодамна во живо го видел местово би било убаво да даде мислење.​
Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, е крајно револтиран од несовесните граѓани. Се додека не порасне нивото на култура кај населението,
Овој се прецени. Сега населението нема култура.​

Вандалскиот чин доколку навистина е вандалски чин е дело на поединец или на мала група, а не на целото население.​
ќе мора да се ангажираат служби за обезбедување на спомениците, за што Општина Центар веќе распиша оглас, изјави Јовица Ацковски, портпарол на општината.
Супер, си имате буџет, ваш си е, баш ве заболе. Едноставно ќе продолжите да го празните непотребно уште многу години нанапред додека народот не стане покултурен, нели.​
Од МВР велат дека случајот е регистриран и дека работат на откривањето на сторителот.
Нели камери има поставено. Ако не вршат работа за вакви случаи барем демонтрајте ги да не трошат струја џабе.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Теорија на заговор:
Владејачката партија пратила лепачи на плакати, да скршат една плочка !
Со само една скршена плочка, 100 луѓе од штабовите на партијата ќе бидат вработени како обезбедување на спомениците, со што ќе се исполни нивниот вечен сон, со нешто да придонесат за татковината ! FUCK YEAH !
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Само едно прашање ме интересира:
- Дали ви требаше еден споменик на Ацета од кој знае колку милиони евра, за да се чувствувате повеќе национално горди? Зошто пред тоа не бевте, па сега со споменикот се просветливте?
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Само едно прашање ме интересира:
- Дали ви требаше еден споменик на Ацета од кој знае колку милиони евра, за да се чувствувате повеќе национално горди? Зошто пред тоа не бевте, па сега со споменикот се просветливте?
Не ме направи повеќе горд, ама споменик според мене треба да има. А тоа што е толку голем и скап е друга работа. И рака на срце мене ми е преубав како целина, и војниците и Александар и фонтаната. Се си е на место.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
screenshot20111129at322.png

OMG минијатура од Јавно обвинителство, музејот, филхармонијата, роботските лавови.......Овие тотално го изгубиле осетот и мозокот........
ЗОШТО МИСЛАТ ДЕКА НЕКОЈ ЌЕ ГО КУПИ ПРАВОАГОЛНИОТ МУЗЕЈ СО КУПОЛА ЗА ДОМА!?
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
OMG минијатура од Јавно обвинителство, музејот, филхармонијата, роботските лавови.......Овие тотално го изгубиле осетот и мозокот........
ЗОШТО МИСЛАТ ДЕКА НЕКОЈ ЌЕ ГО КУПИ ПРАВОАГОЛНИОТ МУЗЕЈ СО КУПОЛА ЗА ДОМА!?
Ти не си патриот, не го разбираш тоа... предавнику...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Прегледај го приврзокот 37123

OMG минијатура од Јавно обвинителство, музејот, филхармонијата, роботските лавови.......Овие тотално го изгубиле осетот и мозокот........
ЗОШТО МИСЛАТ ДЕКА НЕКОЈ ЌЕ ГО КУПИ ПРАВОАГОЛНИОТ МУЗЕЈ СО КУПОЛА ЗА ДОМА!?
Сувенири.Не знам што е проблемот???
И дај линк.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom