Скопје е мојот дом , мојот живот , тука се сите кои ги сакам , ги чува моите спомени, многу делови од овој град сведочат за моите искуства , сведочи за мојата љубов и тогаш кога сум била оддалечена од овде...
За мене претставува ризница на се низ што сум поминала , а зошто?
Секојдневните прошетки низ центарот со некоја драга личност, пивцето на Форум преку ден со Нено и Драгана, сепарињата и брдото во парк од март до септември, кафичите на кеј , врнежливите ноќи поминати во бескрајно смеење некаде во Буњаковец во присуство на најдрагите и Дружето што пешки ќе си иде накај дома , Кастро , Хавана, Маракана , малото кафанче во Дебар маало,воодушевувањето на графитите и на паровите што се љубат на клупите на кеј,книжарниците пред кои што поминувам враќајки се од факс, макијатото од Трк-кафе и добрата вила што работи таму,ѓубрето што во последно време го бројам во 50 евра ,едно мало местенце на кое се правеа бескрајни филозофски муабети- коцка позади соборна, Љубов и виното што се има таму испиено, Ориент и Казабланка и женските трачеви, мирисот на пролет во април , енергијата на авантура и забава во јуни,Саемот и журките и коњакот претходно , улицата ,,Варшавска ,, заедно со сите дешавки , ,,Водњанска,, и сеќавањата за деновите во ,,Кочо Рацин,, и ,,Д-р Панче Караѓозов,, сивото здание на Бит-пазар наречено факултет, зградата ,,Светлост,, наречена институт ...
Го обожавам Скопје и дел од луѓето тука, авангардниот дух што го носи во себе и аурата на град во кој-секогаш се случува нешто големо...