Јас почувствував потреба по втор пат да си кажам што е за мене Скопје...
...место каде што се враќам во недела навечер или понеделник рано наутро! Прво мрчам два-три саати по дома како не ми се оди, како мразам да се м'кнам со торбиците по нечистиот одваратен воз во недела полн со битолчани и прелепчани, во понеделник иста ситуација плус незаменливите велешани! Нејсе, после кратка караница со сестра ми за тоа која марама да ја фрцкам оваа недела ин д кепитал, кои чизми и ташна, се пакувам со брзина на светлината оти ојде возот, мама витка со весник тоа теглите и трчаница на железничка проследена со шоферски пцовки зошто каснам и мразам да си одам во Скопје!
Патувањето во големиот валкан град почнува во малиот валкан воз, каде дополнително се иритирам кога некоја арогатна тетка ќе ми ја лупне торбицата со ајварот а чичкото кондуктер нема да ми провери карта оти сите сме газ преку глава!
После 40 минути квалитетно зјапање низ прозор или муабетење со страдалниците околу мене, почнува да се наѕира зградата на Космофон! А кога ќе ја ѕирнам зградата на Космофон си ја ѕиркам и терасичката каде најверојатно ќе ме чека топло циметно кафенце! И тука почнува љубовта! Устата ми се развлекува во дебилна насмевка, мислите ми се насочуваат кон утрешниот ден и обврските, душата и се радува на квечерината! Цимерките секогаш чекаат доле кај скалите, им титкам кога сум кај Лисиче за да излезат, тешки се теглите мајку му!
Процесот на адаптирање во метрополата трае пола ден! Мирисот на дома останува во торбицата која пак ќе си ја вратам со празните тегли во недела или две!
Го сакам Скопје мајке ми, го љубам!
Ги сакам и кафињата со тетка Ѓулче комшиката, со баба Васка која верувам уште се чуди како е можно да имаме машко во станот а да не ни е роднина
Ги сакам и кафињата од Трк Кафе во мрзливи попладнињакога не ни се учи па се шлаеме без потреба!
Сакам кога ќе и се тупнеме на Тања ненајавени, демек на 5 мин а остануваме 2 саати!
Сакам кога локаме пиво и мезиме кикиритки на кеј и после се враќаме до дома, клекнувајќи од смеа на секои 5 чекори!
Сакам кога кркаме сладолед Корнето од Тобако 2 додека се влечеме до Бисер!
Сакам кога ќе се тупнеме во Тедико да пазариме пред да затворат!
Сакам кога се враќам од факултет после напорен ден мислејќи на кафето кое лезетски ќе го цмуцкам со Ивана на тераса додекa слушаме попладневно мазење со City Radio...
Сакам кога ќе се собереме да ја гледаме Сабрина на Крт или ЕДО уатевер
Сакам кога ќе ги начекаме ебачите од спротивната зграда...
Сакам кога во станот ќе се претераат 50 луѓе, знајни и незнајни, другари, колешки, братучеди...
Сакам кога претрчуваме до кај комшиите во Пролет со намера да пиеме само едно кафе и да се вратиме да учиме после..јеа рајт...
Сакам кога спонтано ќе се бапнеме у Кастро, кога ќе се избациме на сите можни саемски журки...
Сакам кога малото ќе ми дојде на гости...
Баскерфест vo пролет, костените во зима, детето со балончиња, топлите кикиритчиња, попустите, саемот на книга, Матица, Blue Cafe, Броз Кафе, The English Pub, Irish Pub and so on...
Многу работи сакам во Скопје...затоа го сакам и Скопје!
Го сакам чувството на задоволство кога си одам и истото тоа кога се враќам...
Скопје за мене е љубов, го чувствувам со сите сетила и во секоја можна пора!
Уф, се олеснив..шубо:salut: