И јас да кажам нешто за мојот роден град нешто што ќе ве насмее или ќе ве растажи, нешто за жешките булевари во лето и лизгавите улици во зима, за кафиќите на секој чекор, за старите и нови дискотеки, за намуртените лица што поминуваат поред мене кои знаат да се смеат, за мирисот на пржен пипер во есен, за ајвар со сиренце, за пиво и фудбал, за сите секси скопјанки и тие од надворешноста кои сигурно чекорат по тротоарите претворени во паркинг места за "одличните"возачи, за сите архитекти и градоначалници кои пробуваат да го заебат градот, за камени мост-када, за сите мои другари и пријатели, за моите бивши девојки, за крстот на водно, за журките до сабајле, за сите концерти, за мојот факултет(зашто не се запали?), за сите што сакаат да живеат тука- а го загадуваат нашево Скопје, за неговата историја која ни стои како суд за се што правиме во сегашноста и што ќе правиме во иднината, за тоа колку овој град не трпи нас кои поминуваме низ него и се задржуваме само колку да го почувствуваме неговиот дух, за............Скопје.:smir: