- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Има неколку теми за Скопје, се критикува и на двата начина, и позитивно и негативно. Кога би бил рапер би морало темата да ја посветам некому. Тогаш би ја посветил на сите оние кои се чувствуваат Скопјани со голема буква. Ако не спаѓате во таа категорија ве молам не пишувајте.
ftopic: е да се зборува за убавините на Скопје и за грдотијата на Скопје. Тоа го имаат сите градови на светот. Но она што другите го немаат е духот на овој град. Духот на град-борец. На преживувач. Бил безброј пати долу но не ја предава борбата. Пред и по земјотресот Скопје живее во различни светови. Идентитетот на Скопје тогаш е еден, денес... денес е нешто друго.
За мене Скопје е можност да се насмеам на сите оние кои не сфаќаат дека имаат привилегија да живеат тука. Да напишат дека некој друг град е најубав на светот а да мечтаат за стан во градски зид. А сепак...
За мене Скопје е олицетворение на новиот светски изглед. Сите можни вери, националности и дијалекти може да се уловат на кафе во "Ања".
За мене Скопје е маало. Табла на тротоар или пивце низ комшилук... Сеедно дали е Тафталиџе или Маџари... priceless... подобро и од мастеркард.
За мене Скопје е сон. Сите мои соништа се во овој град. Секоја мечта ми била за овој град и главниот плоштад. На крајот на краиштата и првиот бакнеж ми беше во главниот град. За главниот бакнеж треба и главен град. А и сонував дека ќе биде некаде околу Буњаковец.
За мене Скопје е се што имам... Какво и да е, црно или бело високо или ниско, топло или ладно... Само Скопје да е, па макар и од кал да е.
За мене Скопје е... не знам, ајде кажи ми...