Скопје, за мене е...

В

ВАЖНА-ВД

Гостин
Има неколку теми за Скопје, се критикува и на двата начина, и позитивно и негативно. Кога би бил рапер би морало темата да ја посветам некому. Тогаш би ја посветил на сите оние кои се чувствуваат Скопјани со голема буква. Ако не спаѓате во таа категорија ве молам не пишувајте.
:eek:ftopic: е да се зборува за убавините на Скопје и за грдотијата на Скопје. Тоа го имаат сите градови на светот. Но она што другите го немаат е духот на овој град. Духот на град-борец. На преживувач. Бил безброј пати долу но не ја предава борбата. Пред и по земјотресот Скопје живее во различни светови. Идентитетот на Скопје тогаш е еден, денес... денес е нешто друго.
За мене Скопје е можност да се насмеам на сите оние кои не сфаќаат дека имаат привилегија да живеат тука. Да напишат дека некој друг град е најубав на светот а да мечтаат за стан во градски зид. А сепак...

За мене Скопје е олицетворение на новиот светски изглед. Сите можни вери, националности и дијалекти може да се уловат на кафе во "Ања".
За мене Скопје е маало. Табла на тротоар или пивце низ комшилук... Сеедно дали е Тафталиџе или Маџари... priceless... подобро и од мастеркард.
За мене Скопје е сон. Сите мои соништа се во овој град. Секоја мечта ми била за овој град и главниот плоштад. На крајот на краиштата и првиот бакнеж ми беше во главниот град. За главниот бакнеж треба и главен град. А и сонував дека ќе биде некаде околу Буњаковец.
За мене Скопје е се што имам... Какво и да е, црно или бело високо или ниско, топло или ладно... Само Скопје да е, па макар и од кал да е.
За мене Скопје е... не знам, ајде кажи ми...
БРАВО! Се е кажано веќе за СКОПЈЕ! Само имам да дополнам-ЗА МЕНЕ СКОПЈЕ Е СЕ НА СВЕТОВ!
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
за мене Скопје е.... најачи град!
пун е со говна али најачи е !
неможам да се задржам на друго место подолго од 10 дена без разлика колку ми е убаво:je:
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
за мене е како да одам во друга држава се е поинаку од другите градови...мн сообрајќај,други сфајќања,мн лујѓе:vozbud::vozbud::vozbud:
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Скопје за мене е најгрдиот балкански главен град, за малце ке кажев метропола но ми текна на сето ѓубре и дивоградби па се поправив на време.
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.368
Поени од реакции
3.120
grad koj mnogu go sakam i sekoe leto ostanuvam vo nego i po mesec dena...
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Мака ти е дека ќе се изгубиш во Скопје нели?:smir:
Ако го споредуваш со Ресен или Пробиштим да можеш да се изгубиш. Ама да се разбереме нема ни М од Метропола
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Ај која фенси тема нормално бе дека скопјани ке пишат за мене е сон,за мене е нешто најубаво и слично и нормално дека ке има некој шо ке му падне криво и ке јаде толумби(мада не знам зашо).Еве и јас не сум од Скопје ама одам често поебно у последната година дена и за мене Скопје е само обичен град кој е далеко од метрпола едно 2-3 светлосни години ама сепак за те шо живеат у него Скопје е нешто посебно шо е ногу нормално ...И да ајде секој кој од кај си е да си отворе тема за мене:::::: е... за да можеме да пишуваме и ние јебозовни трогателни постови за нашите градови.:smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ај која фенси тема нормално бе дека скопјани ке пишат за мене е сон,за мене е нешто најубаво и слично и нормално дека ке има некој шо ке му падне криво и ке јаде толумби(мада не знам зашо).Еве и јас не сум од Скопје ама одам често поебно у последната година дена и за мене Скопје е само обичен град кој е далеко од метрпола едно 2-3 светлосни години ама сепак за те шо живеат у него Скопје е нешто посебно шо е ногу нормално ...И да ајде секој кој од кај си е да си отворе тема за мене:::::: е... за да можеме да пишуваме и ние јебозовни трогателни постови за нашите градови.:smir:
Викторгг напиша:
Има неколку теми за Скопје, се критикува и на двата начина, и позитивно и негативно. Кога би бил рапер би морало темата да ја посветам некому. Тогаш би ја посветил на сите оние кои се чувствуваат Скопјани со голема буква. Ако не спаѓате во таа категорија ве молам не пишувајте.
Извадок од првите реченици на првиот пост.

Па да се надополнам на пишуваното. Скопје за мене е центарот на светот, бидејќи вистинските работи кои ни се важни во животот велиме зафаќаат централно место во нашите размислувања.
Бидејќи темата е посветена на сите Скопјани кои се чувствуваат такви со голема буква, морам да ви признаам дека овој град на своите плеќи го носат луѓе кои имаат туѓо потекло но биле доволно скопјани да можат да се носат со титулата скопјанец и да го изградат одново нарекувајќи го свој дом, бидејќи дом, по својата смисла е местото каде се чувствуваш убаво, својствено, мирно и спокојно и задоволно од себе, и од луѓето околу тебе.

Скопје за мене секогаш ќе биде центар на еден мал, мини универзум, привлекувајќи ги со својата неодолива гравитација оние од страна кои на домашното буниште ќе кажат се` против него, но ќе го уживаат секој миг во есенскиот дожд на прометната улица во строгиот центар на градот, стоејќи на самата улица бакнувајќи ја страстно својата девојка додека возачите свират по нив со воодушевување или љубомора, кој знае.

Затоа сине, само момче, твоите фрустрации, доколку ги имаш потруди се да ги искажеш малку по креативно од ова, и да, силно предложувам да отвориш слична тема за твојот роден град, бидејќи секој има причина да биде заљубен во својот, како јас во мојот... :smir:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.788
Поени од реакции
8.354
Добри луѓе генерално (како и повеќето во цела Македонија), но грд и валкан град со загушена инфракструктура, скршени улици и неорганизиран сообраќај.

Мал избор на забава во споредба со другите главни градови на Балканот (ОК Подгорица е и погрда и со послаба забава) нема некои појаки културни настани а и културата на одење во театар е непостоечка (во Загреб и Белград со месеци однапред се распродадени театрите) и со тоа си патат и самите институции.

Убав парк, добри ресторанчиња и кафани, може да се најде добра свирка тука и таму али пред се најбитни ми се луѓето кои ми се мили а живеат тука.

Нема кино (она во Рамстор ако не го рачунаме, али јебига јас сум 2 метри висок и тесно ми е)

ЕДИТ: се уништува градот со претерано непланско градење без да се води сметка за минималните потреби како паркинг, зелени површини, оддалеченост од другите згради... и од некоја причина малите градови, пред се во источна Македонија, умираат и се повеќе луѓе си го бараат лебот во Скопје. Јас мислам дека дневно во Скопје има рамно пола население на Македонија кога ке се убројат непријавените и оние што работат тука а се од друг град и патуваат секој ден.

А она за валканоста, тука сами сме си криви, точно дека нема канти доволно за ѓубре али и кај има гледам нормално е да си фрлаат кој кај стигне пикавци и хартивчиња. Џабе казни за ова, тоа треба секој сам да се замисли. Јас кога дојдов во Македонија да живеам ми се смееа луѓе кога ме видоа дека хартии од мастики и цигари чувам во џеп дур не најдам контејнер.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
...градот во кој се родив, пораснав, учев, сонував, играв, се смеев, плачев, спријателував, сакав, мразев, лудував, самував. Градов во кој се сторив ова ѓубре што сум денес, градот што секогаш ќе ме боли кога ќе сум далеку, градот што секогаш ќе го носам во срце, ама и градот од кој фаќам магла во прва прилика.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
20
Поени од реакции
0
ma Skopje si e super, taman si e, nisto ne mu fali, malku samo da gi podsredat ova ulicive i ke bide ok :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom