Комбинација на контрасти, од стари куќи кои се распаѓаат па се до грди самошто изградени згради со фасади исфарбани во кич бои, со дупки во тротоарите и нешто што секое утро ме теши дека единствената работа која е хаотична освен јас. Хаос кој инспирира. Гротескно суштество кое расте , голем, светол неред кој секогаш носи нешто ново. Толку хаотично што едноставно не можам да се лутам кога е паркирана кола на сред тротоар и да морам да ризикувам да одам по улица за да ја заобиколам,едноставно овде учиш како да живееш со хаосот дури и да уживаш во него . Суштество кое е живо и ја доживува болката на рапиден раст и кое се гуши во сопствената школка која ја има надраснато,затоа и толкава болка и толкав хаос.
Место каде се судира високотехнолошкиот и прагматичен запад со примитивноста на ориентот кој изродува така чудна атмосфера, нема зборови кои можат да ја доловат атмосферата во Скопје тоа мора да се доживее, од смрдеата на бензинот па се до мирисите на пазарите и кепапчилниците . Место каде се повеќе почнува да наликува на стариот див запад и каде западните вредности, како што ние милуваме да ги нарекуваме, ја губат битката. Место на лудило, место каде на неколкумина се исполнуваат соништата а на многумина кошмарите.
Место каде се одигруваат премногу трагикомедии, шпански серии а премалце успешни приказни. Мое место, мој дом, знам дека колку и да е посран, хаотичен, никаков, смрдлив и колку и да е народот кој живее во него олош, Скопје ќе биде пак мој дом , бидејќи знам како дише , го знам неговиот ритам и пулс знам како растел и се развивал .
Како и да е после долги години поминати фрлање ѓубрето позади себе , пушење цигара и фрлање од втори кат и кај ќе стигнам и ред други гадни навики стекнати во овој хаотичен и варварски град не верувам дека некад ќе се навикнам на ред и чистота што владее западниве градови. Знам дека ќе полудам ако го сортирам ѓубрето и го фрлам во канта, сакам да го фрлам позади себе, во првата грмушка, под колата . Да можам конфорно да се испијанам во парк и да мочам каде стигнам и да ме боли таквата . Да можам да прекршам 15 различни закони и одредби и поради неспособната полиција да не бидам фатена. Токму поради тој хаос