Скијање и сноуборд

Што возите на снег?


  • Вкупно гласачи
    250
Член од
10 јануари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
2
Drustvo kade mozam tuka u Makedonija da kupam "shorty skii " ???
onie kratkite skii 99cm sto se....
Thx
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
13
Поени од реакции
6
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
Случајно да не продава некој сноуборд или скии во добра состојба ?
 
Член од
31 октомври 2011
Мислења
58
Поени од реакции
23
Друже,
купи ги од Ebay
околу 3$ и бесплатна испорака, али че чекаш месец дена :P
а како да порачувам од интернет без paypal сметка ? :D
--- надополнето: 24 јануари 2013 во 16:58 ---
Znaci vekje 5 godini skijam sum bil i vo Austrija i kade ne , ali ipak Shapka si e Shapka...Ne velam ne, Austrija kade kade e posofticifirana vo uslovite za skijanje, kakvi se gondoli, ski liftovi i kolku dolgi tereni samo ima, vo Austrija za snegot ne predstavuva prasanje, sekogas ima , i nekoas ako nema so vestacki sneg kje staat preku topovite...ali naviknat sum na sapka,Tetovo ziveam i taka...Inace skijam i po natprevari imam dobri uspesi....Vozam sekakvi skii......Sekoja godina mozete da me najdete na Ge i Ceripasina na sapka...omileni stazi :P ... Kade vie skijate? Kakvi skii vozite? Pisete slobodno :P i doite godinava na sapka da se zaebaame na snegot ^_^

*Se izvinuvam do site poradi fonfot na latinica*
А може да дадеш поголемо образложение за натпреварите, датум, учесници, age limit, место, награди итн..
--- надополнето: 24 јануари 2013 во 16:59 ---
Bujrum Samo sto zemav edna, ista e ko na slikata.
Благодарам другар не се овие скапи, ама треба си за на ладно една ваква. :sneaky:
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
11
Поени од реакции
1
Некој да не знае каде можам да најдам опрема за скијање на старо (скафандер долен, кондури и везови)?
 
Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
Некој да не знае каде можам да најдам опрема за скијање на старо (скафандер долен, кондури и везови)?
Имаш во Маџари продавница каде продаваат се и сешто на старо. За точно да ти објаснам каде е незнам, зошто само еднаш имам отидено.
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
11
Поени од реакции
1
Имаш во Маџари продавница каде продаваат се и сешто на старо. За точно да ти објаснам каде е незнам, зошто само еднаш имам отидено.

Отприлика (името на шопот) или на МАПС да зирнеш ако не ти е мака :)
Поздрав
 
Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
Отприлика (името на шопот) или на МАПС да зирнеш ако не ти е мака :)
Поздрав
Еве објаснување од @Tonchie претпоставувам за истото место е пишано
Три Куќи, коа се иде накај Ченто после надвозникот над автопат некои 100-200 метри и има од лева страна продавница за еден куп половни работи од немачка, швицарска и слично.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Фото: Пристигна опремата за ски паркот „Станич“ во Крушево

24.10.2013 0 Коментари
Со донација на АД „Мепсо“ Скопје, во Крушево се реконструира постоечкиот ски парк „Станич“ каде се изгради вештачко езеро за потребите на снежните топови за правење на вештачки снег, а се изградија и патеки за сноуборд скијање.

Со цел овој проект да биде успешен и ски паркот да почне да функционира, вчера се изврши примопредавање на опремата потребна за одржување на ски паркот и тоа: ратрак (снежен тенк), 6 снежни топови, сандак со додатна опрема за топовите, снежна санка и елементи за сноуборд паркот.


„Крушево е познат зимски туристички центар кој заради поволните услови кои ги нуди како планинската клима, релативно топлите зими со изобилство на снег, жичарницата која е сместена во самиот град од каде за десетина минути сте на самите скијачки терени и пријатно расположените граѓани ја прави оваа дестинација атрактивна за туристите особено во зимскиот период. Затоа реконструкцијата и опремувањето на ски паркот „Станич“е одличен начин за подобрување и развивање на веќе постојниот зимски туризам, по кој Крушево е долги години познат на туристите но и привлекување на што поголем број туристи од Македонија и надвор од неа“, рече градоначалникот Ѓорги Дамчески.


 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Не е реклама за Мепсо постов! :rolleyes:

Вештачки снег наврна на Пониква, се подготвува теренот за зимската сезона



Пониква годинава треба да биде пример за зимски туристички центар. Со донација на А.Д. МЕПСО, денеска беа успешно тестирани топовите за вештачки снег во ски центарот. МЕПСО заедно со компанијата „Енерго систем“, изведувач на проектот за изградба на сноуборд парк во ски центарот „Пониква“, утрврдија дека топовите за подготовка на вештачки снег за скијачките патеки функционираат без проблеми.

Според МЕПСО, оваа компанија донирала околу 1 милион евра за изградба на системот за создавање вештачки снег на двете скијачки патеки. Инаку проектот вклучува изградба на вештачка акумулација за вода од која ќе се прави вештачки снег, електроенергетска и водоводна инфраструктура за пренос на водата до патеките и за подготовка на вештачки снег. За таа намена набавени се 5 топови за создавање вештачки снег, поставено е осветлување на двете скијачки патеки и набавени се реквизити за поставување сноуборд парк на една од скијачките патеки на „Пониква“.
Исто така набавени се и возило за подготовка на скијачки патеки (популарно наречено „Ратрак“) и снежна моторна санка.


Обнова на патот до Пониква


Изградба на главната сообракајница во Пониква, инвеститор е Општина Пробиштип, ке се поставуваат ивичнаци, и од едната страна по целата должина ке има тротоар со бекатон.







Извор:build.mk
 
Член од
10 јануари 2013
Мислења
20
Поени од реакции
9
Од мало дете сум сакал да возам скии но оваа зима ме фати ептен голем мерак па во неделата решив да одам на шапка. Изнајмив скии, изнајмив и инструктор. Дечкото беше албанец и едвај збореше македонски, така да, многу многу не се разбиравме ма да јас сум задоволен од тоа како поминав. Ми се гледа малку зезнато ама со упорност знам дека ќе успеам. Имам неколку другари што скијаат со години и што се нафаќаат да одиме следен викенд ако има снег да ме учат. Е сега поголем мерак секогаш сум имал на сноуборд ама нема кој да ми покаже и научи како. Да препорачате некој и некаде каде би отишол да ме поднаучи нешто. И на крај, што е подобро да се реши човек, да скија или да борда кога има 29 години ? :)
 
Член од
31 октомври 2011
Мислења
58
Поени од реакции
23
Од мало дете сум сакал да возам скии но оваа зима ме фати ептен голем мерак па во неделата решив да одам на шапка. Изнајмив скии, изнајмив и инструктор. Дечкото беше албанец и едвај збореше македонски, така да, многу многу не се разбиравме ма да јас сум задоволен од тоа како поминав. Ми се гледа малку зезнато ама со упорност знам дека ќе успеам. Имам неколку другари што скијаат со години и што се нафаќаат да одиме следен викенд ако има снег да ме учат. Е сега поголем мерак секогаш сум имал на сноуборд ама нема кој да ми покаже и научи како. Да препорачате некој и некаде каде би отишол да ме поднаучи нешто. И на крај, што е подобро да се реши човек, да скија или да борда кога има 29 години ? :)

http://kajgana.com/shto-treba-da-znaete-za-snoubordingot-pred-da-pochnete-so-nego
Повели!
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
здраво да не продава некоj борд со се чизми, везови - висина 155-160см, чизми 42, не фарбан, нов или околу тоа (не повеке од 1 сезона користен)? Пожелно по поволна цена :)

И друго, може некоj да перпорача каj може да се купи заштитна опрема(кацига, колена, шорцеви)? Каj нас нема голем избор па мислам Софиja или Солун... Минатата сезона почнав да cкиjaм убаво научив ама се апнав лошо со опашката(месец не можев да седам :)) сега без опрема не идам. На сите почетници им препорачувам без заштита да не почнуваат да бордат, опасна работа е сноуборд не е скии:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom