Скијање во Банско

Дали сте биле на скијање во Банско?

  • Да, сум бил и би сакал повторно да одам

    Гласови: 64 45,7%
  • Не, и немам намера да одам

    Гласови: 14 10,0%
  • Не, но би сакал во блиска иднина да одам

    Гласови: 57 40,7%
  • Да, и не планирам повторно да одам

    Гласови: 5 3,6%

  • Вкупно гласачи
    140

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.200
Поени од реакции
14.512
Дечки Банско при крај на Март како е?
Не ми е толку за скијање колку што е за чист воздух и малку забава (диско/пабови).

Дали има народ - и дали све работи. Исто така како е за велигден(нивни) кај нив, да не затвара све?
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.223
Дечки Банско при крај на Март како е?
Не ми е толку за скијање колку што е за чист воздух и малку забава (диско/пабови).

Дали има народ - и дали све работи. Исто така како е за велигден(нивни) кај нив, да не затвара све?
Искрено, мене поубаво ми е Банско кога е растеретено, нема толкава гужва, чекање 3 саати во ред за скијање, полесно се движиш и сл. Март не сум сигурен за диско, ама мислам дека работи ирскиот паб или англиски каков и да беше. Има народ, полабаво е, не е толкава гужва како во висока сезона. Маркети имаш работат, за Керфур не сум сигурен, ама мали продавнички-маалски имаш отворено цела година. Ако не е пабот отворен, тогаш тука се кафаните во Банско, кои имаат жива музика барем 2-3 пати неделно. За скијањето можам да ти кажам дека е порелаксирано во март, плус можно е да се поевтини картите бидејќи доаѓа крај на сезоната, ама сепак провери до кога им е ски сезоната на banskoski.com. Јас преклани скијав на 2ри април, картата беше намалена, така да, се надевам дека ќе можеш да скијаш за помала сума.
 

hurley

observer
Член од
17 мај 2015
Мислења
166
Поени од реакции
150
До 15 април е ски сезона в Банско;)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.608
Боровец > Банско
Мислењево ти е од пред 2 години, можеби се чудиш зошто те цитирам :) Банско одам секоја година, но се повеќе и повеќе има неподнослива гужва, а гледам и цените се пониски за ski pass во Боровец, посебно за 14-22 години категоријата (42lv < 58lv).
Е сега, веројатно си бил и на двете места, ако не ти е проблем, напиши некоја реченица за Боровец. Каква е состојбата на терените, должината на стазите во споредба со Банско, атмосфера, забава, бачила, гужви итн.
Благодарам однапред. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Добро скијање за тие што скијаат, таква е и темата, но зарем нема убавини лето Банско? Прашувам оти нема таква тема па нема кај да прашам, а ме интересира цени сместување, лесни прошетки (не планинарење), значи баш релаксација. @PIRIN3 има нешто накратко напишано па ако некој знае да ми посочи каде има повеќе вакви информации
 
Последно уредено:
A

Avenger99

Гостин
Работат ли рестораните и кафичите во Банско во Август?
 
A

Avenger99

Гостин
Restoranite okolu kabinite i ne bas, the club sho e kaj crkvata i kafanite rabotat turbo. Vnimavajte na 2ri na cenite, znaat da uvalat drugo meni.
Прв пат одам Банско, ќе одам после 4 август. Некои препораки што да се посети во лето?
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.223
Прв пат одам Банско, ќе одам после 4 август. Некои препораки што да се посети во лето?
Gradot e relativno mal, zavisi koja ti e namerata za odenje. Glavno lugjeto vo Bansko nadvor od zimska sezona odat za prosetki niz priroda i polnenje na bateriite.
Jas vi preporacuvam namesto so ski liftot od gradot so Banderishka Poljana, da idete pesh po ski patot. E sega ne znam kako ste raspolozeni za kvalitetno peshachenje, megjutoa mene mi e super. Mnogu ubavi gletki, ubava priroda i rekata Glazne shto teche do ski patot za mene se must.
Videte vo hotelot kade shto ste smesteni, dali iznajmuvaat mtb. Ako e po razumna cena, super bi bilo da idete so velosiped.
Crkvata isto bi bilo ubavo da ja vidite, iako ne e nisto posebno. Ako ste po banji, go imate Dobrinishte na 20tina km mislam i seloto Banja na 5km, kade sto imate povekje hoteli za ako sakate da uzivate vo topol bazen letno vreme. Ako idete vo Banja(Banya), go preporacuvam Aquilon-Spa, ne zaradi toa sho ima kojznae kakvi amenities, tuku zaradi nadvoresniot bazen koj iako e mal, mene mi e za prirodata i opkruzuvanjeto okolu bazenot.
Da se vratam na Banderishka Poljana, obicno.ima nekoi eventi gore, a kaficot sekako raboti, taka da sekako e win-win situacija.
Ako imash drugi prashanja, slobodno, shto mozham i znam kje odgovoram.
Edit
Isto taka, zaboraviv, Jazz festivalot, mislam deka e od 6-10 Avgust, e super da se vidi i cue, bidejkji ima super muzika i ubava atmosfera. Kaldrmata i "korzoto" isto taka davaat smek na star grad. Ako ste po muzei, videte kako e za vlez vo muzejot na Nikola Vapcarov.
Ubav prestoj vo Bansko.
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Прв пат одам Банско, ќе одам после 4 август. Некои препораки што да се посети во лето?
Има ресторанчиња многу добри и интересни. Околу центарот скоро сите работат. Продавничките на главното шеталиште повеќето се затворени. Сладолед ти препорачувам да пробаш кај Италијанецот, на почеток на шеталиштето. Избегнувај да седиш во рестораните на шеталиштето, бидејќи се многу скапи.
Добриниште и Хижа Безбог не ги пропуштај. Хижа Вихрен ти е исто блиску. Пред неа има едно ресторанче со ефтини цени и многу добра храна. Ќе видиш една ширинка голема и паркинг има одма до кафанчето.
Музеите работат сите, можеш и нив да ги посетиш, има што да се види, а и во центарот се сите.
 
A

Avenger99

Гостин
Отиде ли? Како е со смештај, како се цените? Можеш да препорачаш некој хотел со надворешен базен?
Не отидов, девојка ми на 2 дена пред заминување ја скрши ногата..:facepalm: Мајка ми и татко ми отидоа место мене, утре се враќаат, па ќе пишам кратко инфо.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Супер е Банско овој период цените се пристапни и тоа all inclusive околу 20евра по лице од ден .
Многу од хотелите и не работат бидејќи се реновираат, но смештај се наоѓа. Повеќето дуќани се затворени, има туристи, прекрасна природа, се на се задоволен сум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom