Си купив книга

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Jaс некни од Скопје, на штандовите со постари книги ја најдов „Духот на законот" од Монтескје, 600 денари. Додуша на српски е, ама нема гајле. И онака мислам на македонски не е преведена никогаш :)
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
89
Поени од реакции
14
Откако купив Киндл немам купено книга. Последно што си симнав од нет:
Homegoing - Yaa Gyasi
O Evangelho segundo Jesus Cristo - José Saramago
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Ај да се пофалам досегашен улов од Полска:

1. Еден од најдобрите полски речници.
2. Шчепан Твардох - Морфиум (за да ја читам паралелно со македонскиот превод) и неговиот дневник.
3. Една биографија за Здзислав Бексињски и неговиот дневник.
4. Фразеолошки речник на полски јазик
5. Бестиариумот на Витолд Гомбрович и една студија за неговиот роман Космос
6. Модернизам 21ви век - нови поетики - каде што генерално се зборува за полската книжевност.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
од Академска, со картицата за 30% попуст од саем (истекуваше у понеделник), денеска овие 3 ги земав - Dune (првите 3 книги, ја немаат посебно само првата), Hyperion, A Canticle for Leibowitz
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Си порачав многу јако нешто од BookDepository, книжето се вика Pocket Ref и е всушност помагало за буквално олеснување на животот, има многу практични работи, конвертор за буквално сите мерни единици (дури и некои антички кои денес не се користат), врзување јазли, азбуки за глуви/неми/морзејова азбука, прва помош, време, електроника, компјутери, геологија, алати, пронаоѓање и прчистување вода, густина/маса на елементи и материјали и уште многу дгуро, една од најкориснате книги што постојат.

https://www.bookdepository.com/Pocket-Ref-Thomas-J-Glover/9781885071620?ref=grid-view&qid=1492151068675&sr=1-1
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271

да си купеше смартфон то ќе го имаше в џеп цело време плус и камера
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
да си купеше смартфон то ќе го имаше в џеп цело време плус и камера
Ама ова нема батерија да цркне. А за камерата со во право.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.243
1. Данило Киш - Grobnica za Borisa Davidoviča
2. Венко Андоновски - Азбука за непослушните & Фрески и гротески
3. Емброуз Бирс - Басни & Ѓаволовиот речник
4. Станислав Игнаци Виткевич - Ненаситност 1 & 2
5. Албер Ками - Чума
6. Бохумил Храбал - Го имам служено англискиот крал
7. Флан О'Брајан - Долакиската архива
8. Франц Кафка - Амрика
9. Алесандро Барико - Емаус
10. Томас Харди - Теса од Д'убервилови
11. Андре Жид - Ковачи на лажни пари

Овие се последните што ги имам купено периодов. Последното што купив е од саемот, а другите се најмногу од пред неколку месеци.

Од Данило Киш е на српски, иако немаше да ми пречи македонскиот превод, но не можев да го најдам, а итно беше. Можеби малку спорно мислење, но се држам до ставот дека критичката литература и есеите на Киш (Čas anatomije, Homo poeticus итн.) повеќе ми се допаѓаат и се подобри од фикцијата. Čas anatomije мислам дека не е никогаш преведена на македонски, што е голема штета (јас ја најдов на српски во библиотека од комплетот на Nolit). Homo poeticus е преведена на македонски, во издание на Магор. Gorki talog iskustva исто така не е преведена на македонски, ама се наоѓа во библиотеките на српски.

Од Венко Андоновски е во издание на Култура. Периодов ја читав на српски Хазарски речник од Милорад Павиќ, мислам дека влијанието на Хазарскиот речник врз Фрески и гротески & Азбука за непослушните е огромно. Сите клучеви, упатства и насоки за исчитување и други постмодернистички финти во Хазарскиот речник ги има и во Фрески и гротески и Азбука за непослушните. За мене, постмодернизмот на Венко Андоновски е дефинитивно најдобар од македонските писатели. Подобар од сè што сум прочитал од Влада Урошевиќ, Митко Маџунков итн. Влада Урошевиќ е добар раскажувач, ама со темите се разминуваме. За поновите автори од типот Оливера Ќорвезировска, воопшто да не зборуваме, Венко е тешка категорија. Штета што по Фрески и гротески нема ниту една збирка раскази излезена од Венко Андоновски. Последно што разбрав, е дека пишува роман за социјално изолиран млад човек кој смртно се заљубува, ама и самиот не бил сигурен каде ќе го однесе романот.

Ѓаволовиот речник и Басните од Емброуз Бирс ги купив на саемот на книгата, издание на Темплум. Ги прочитав и двете, преводот на Ѓаволовиот речник е аматерски. Во едицијата Магма на Темплум излегува 2006 година, а преведувач е Димитар Самарџиев (не го познавам). Лошиот превод ми го расипа впечатокот.
Басните се во истата едиција, а изданието е од 2016 година, преведувач е Иван Шопов (млад писател, познат на повеќето). Преводот е добар, а басните ремек дело.

(оттука немам ништо прочитано)
Ненаситност ја купив од саемот, во издание на Бегемот. Не сум ја прочитал, имам други обрвски, ама планирам за летово. Бегемот ја имаа и Морфиум од Шчепан Твадох, тенок бев со пари, инаку ќе ја купев и таа. Малку криво ми е, ама тоа е.

Теса од Д'убервилови, купена од овогодинешниот саем на книга. Магор, Ѕвездите на светската книжевност, 2013.

Америка, Го имам служено англискот крал, Долкиската архива и Емаус ги купив пред неколку месеци од еден попуст на Антолог. Имаа добар попуст и не сакав да ги пропуштам книгиве.

Чума (Слово, 2011 год.) ја купив од малиот саем на книга што се одржува во ГЕМ организиран од страна на Темплум, Бегемот, Слово и неколку други помали издавачки куќи.

Ковачи на лажни пари, од пред неколку месеци. Постаро издание на македонски јазик.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Си порачав многу јако нешто од BookDepository, книжето се вика Pocket Ref и е всушност помагало за буквално олеснување на животот, има многу практични работи, конвертор за буквално сите мерни единици (дури и некои антички кои денес не се користат), врзување јазли, азбуки за глуви/неми/морзејова азбука, прва помош, време, електроника, компјутери, геологија, алати, пронаоѓање и прчистување вода, густина/маса на елементи и материјали и уште многу дгуро, една од најкориснате книги што постојат.

https://www.bookdepository.com/Pocket-Ref-Thomas-J-Glover/9781885071620?ref=grid-view&qid=1492151068675&sr=1-1
Ти стигна ли книжево? Може ли да пуштиш неколку фотки од внатрешните страници, по случаен избор?
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Ти стигна ли книжево? Може ли да пуштиш неколку фотки од внатрешните страници, по случаен избор?
Еве некои така посликовити, другите 90% се табели и милион броеви.
П.С. Стигна за едно недела време.
SAM_1497-1024x1024.JPG SAM_1498-1024x1024.JPG SAM_1499-1024x1024.JPG SAM_1500-1024x1024.JPG SAM_1501-1024x1024.JPG SAM_1502-1024x1024.JPG SAM_1503-1024x1024.JPG
 
Член од
27 февруари 2017
Мислења
61
Поени од реакции
57
Вчера ми стигна картонче за книгите шо ги имав порачано од www.awesomebooks.com денеска ги подигнав и можам да кажам дека нивната состојба е одлична. Поштарината е околу 3+ евра од Англија, без разлика колку книги ќе порачате и испораката е прилично брза, во случајов кај мене на 21 била пуштена на 25 примена Скопје и 26 Битола.

Цената на книгите горе долу се движи од 3 до 5 евра (барем тие мене шо ме интересираја)

И плус кога се регистрирате после полсат-сат стига купон 20% off и ако имате пример 15 евра кошничка и 3 евра поштарина со купонот поштарината испаѓа „бесплатна“.

http://imgur.com/a/pKss6

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.243
Кога веќе @Saladin се фали, ај да се пофалам и јас:

Прегледај го приврзокот 171082

:P
И јас го искористив попустот на Или-Или вчера, ги купив Срцето на Темнината од Џозеф Конард и Африканецот од Ле Клезио, а ја купив и Катедрала од Карвер, ама без попуст оваа. Криво ми е што задоцнив за Животот и времето на Мајкл К од Куци, се потрошила, сега ми останува ако ја начекам антикварно или на некоја размена. Може и во понеделник да поминам уште еднаш Фо да ја купам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608

И јас одев баш за Животот и времињата на Мајкл К. :(
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Андреј Тарковски - Мартирологиум или неговиот дневник
Алехандро Ходоровски - Мистични кабаре
Владимир Табашевич - Па као и Тихо тече Мисисипи
Џингиз Ајхтматов - И дуже од века траје дан
Оља Савичевич Иванчевич - Пјевач у ночи
Вадим Руднев - Дијалог с лудилом
Беким Сејранович - Дневник једног номада
Марко Селич - Заједно сами
Елиф Шафак - Вашлива палата
Такаши Хираиде - Гошча
Иван Токин - Најнормалнији човек на свету
Николај Берџаев - Ерос и личност
 
Kajgana Shop

На врв Bottom