Ситуација со садење дрвја многу блиску до ограда и меѓа на дворови

K

kicodarker

Гостин
Mapce si tupadzija i ti ama aj.
Ako mislis ne ja biva taka isushi xgi drvata be izmocajse so sakas praj isturi nekoja kiselina sto da e. Seuste e rano da mislis na vakvi banalni ishodi za lisjeto. Krushata e sredno drvo isto i jabolkata ne rastat kojznae kolkavi za da se plasis ama ajde inaetot makedonski da se istera. Zakonski samo ke ja tupis do beskraj. Ili sozemise so faktot deka ke imas edna raka lisje od krusata vo dvor kaj tebe.
Eve kolkava e po 2 3 godini.

 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
mislam najvaznoto ne go spomna,dali komsijata e as skopjanec ili ...?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
97
Поени од реакции
88
Бензин бе братче бензин :) Тури и еднаш до два пати по кило и нема да прпни :)
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
шта би било кад би било... остај тоа лисја по 10 години, ако сакаш да им штетиш на дрвцата штети им сега а ако не зборувај со комшијата. Како што ти кажаа, крени ограда 2 матри ако сакаш или и ке поминат 10 години дур дрвата направат гранки што ќе можат да дојдат кај тебе. Има толку хемија по светов што ако не сакаш корења и лисја кај тебе од денес за утре нема да растат повеќе...
 
Т

Триптико

Гостин
Здраво.
Имам едно прашање ако можете да ми објасните членови на овој форум.
Еве што е работата.
Еден мој сосед, јас живеам во двор, и соседот во неговиот двор пред 2 дена посадил дрвја, дрвјата се круши и јаболки, и проблемот е што дрвјата ги посадил на околу 35 сантиметри од оградата од жицата што ги дели мојот двор и дворот на соседот. Кај што е оградата тука е меѓата помеѓу дворовите.

Најмногу ми пречи тоа што кога ќе пораснат тие дрвја ќе имаат шума од листови и тие листови добар дел ќе паѓаат кај мене во двор, плус ветерот тие листови ќе ги носи кај мене во тротоар позади мојата куќа а тој тротоар е наменет за водата од олуците на мојата куќа да може водата да оди низ тротоарот што се наоѓа околу мојата куќа, а вака кога ќе има еден куп листови паднати на тротоарот нема да може ефикасно водата да оди низ тротоарот.
Знам и дека листовите баш лошо имаат миризба во есен кога скапуваат.
Друга работа е кога еден ден тие дрвја ќе дотраат и ќе се исушат и ќе треба да се сечат, корените на тие дрвја можат да отидат длабоко и широко во почвата, па може ќе треба кога ќе се откопуваат тие корења да треба дури и ѕидот на оградата да се крши.
Чуден народ, типот ниту прашува некого ниту ништо, само сади дрвја каде можат да пречат.


Ме интересира кој закон или пропис во државава определува на колку растојание од оградата помеѓу два двора е дозволено некој да сади дрвја.
Ако знаете напишете ми го име на законот, и ако знаете и членови и одредби уште подобро.

Која институција е надлежна за вакви случаи?

И да не знаете од пракса примери од животот, вакви случаи да не сте сретнале во животот па ако знаете напишете ми.

Јас мислам дека некаде имав сретнато податок дека на 75 сантиметри од ограда и меѓа помеѓу дворови не може да се садат дрвја, е колку ова точно не знам, не се сеќавам каде во кој закон ова сум го читал.
Психијатриска болница во Бардовци е најнадлежна :tapp: Се читаш ли што пишуваш?
Ти живееш во двор, а тој? И тој ли во двор живее? :pos: Тоа црвеното, кога, кога, кога...е што кога? Кога ќе се случи нешто, ќе си тужиш и никому ништо. Тој на тебе оштета, ти на него Фала... и тоа е тоа. Закон за спречување на ветер се уште не постои :tapp: Слушај човек. Шала на страна, продај ти тоа куќата и дворот топтан (немој поединечно, ќе ти украдат на цена) и фаќај патот за Мариово. Таму немаш никој околу себе со километри, па ниту ќе ти садат, ниту ќе ти расадуваат. Не си ти за живеење во урбана заедница. Човекот можеби е идиот (ама немаш искуство со него, па само лаеш), ама и ти не си цвеќе. Да не заборавам. Ако јадеш од јаболката и крушите, немаш право да бараш оштета по ниеден основ. Така да си знаеш. Како ќе паѓаат кај тебе во двор, така ќе ги собираш и со Добро утро, комшија ќе му ги враќаш. Инаку на суд, капут!:cool:
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Благодарам на сите што напишавте ваши мислења на темата.
Еве што јас можам да кажам за ситуацијата.

1. Со типот не сум зборувал воопшто ништо , со него не може човек да зборува. Ова го знам од искуство што го имаат други луѓе со типот.
Типот е човек кој нема цивилизиран муабет со него такво нешто не е можно.
Затоа и ако му фрлам некоја хемикалија врз дрвјата типот нема ни да се сомнева дека сум му јас фрлил тоа врз дрвјата.

2. Без врска ми е да чекам тие дрвја да пораснат па да изигрувам шумар и да земам да сечам гранки што ќе бидат над мојот двор и да изигрувам будала со тоа.
Нема ништо посебно да добијам со сечења на тие гранки што би била над мојот двор, бидејќи дворот на соседот е јужна страна, а мојот двор е северна страна.
И со исечени гранки што би се наоѓале над мојот двор, преостанатите гранки од јужната страна од дворот на соседот ветерот ќе ги кине лисјата од дворот на соседот и јужен ветер тие лисја има да ги носи кон мојот двор и кон мојот тротоар ќе паѓаат лисјата. Мојот тротоар се наоѓа на прописна оддалеченост од оградата помеѓу дворовите на оддалеченост од 3,2 метри е тротоарот но пак сум загрижен, ветерот знае чуда да прави кога дува со голема сила.

Идиот е типот, корењата има да дојдат до меѓата и до бетонот на кој се наоѓа оградата, бидејќи реално е тие корења да пораснат, дрвјата се на 35 сантиметри од меѓата.

3. Плодови од дрвја не ми требаат како што напишале некои членови во темата.
Ако ми требаат круши и јаболка јас ќе си купам на пазар или во продавница.
Не ми требаат туѓи плодови искрено.
Свое не давам да ми се нарушува како што е мој двор а туѓо не сакам.

4. Да, се изгуби комуникацијата меѓу луѓето денес, тоа е страшна работа.
Луѓето знаат од инает да пикаат работи кај што не им е местото.
И да тужам како што член погоре пиша јас само повеќе трошоци ќе имам.

5. Соседот неговата куќа е значително подалеку од местото каде ги посадил дрвјата, и нему тие дрвја нема да му прават проблем, а на мене ќе ми го полнат тротоарот каде треба водата од олуци да поминува.
Не ми е јасно што прашуваш кога се си знаеш
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Психијатриска болница во Бардовци е најнадлежна :tapp: Се читаш ли што пишуваш?
Ти живееш во двор, а тој? И тој ли во двор живее? :pos: Тоа црвеното, кога, кога, кога...е што кога? Кога ќе се случи нешто, ќе си тужиш и никому ништо. Тој на тебе оштета, ти на него Фала... и тоа е тоа. Закон за спречување на ветер се уште не постои :tapp: Слушај човек. Шала на страна, продај ти тоа куќата и дворот топтан (немој поединечно, ќе ти украдат на цена) и фаќај патот за Мариово. Таму немаш никој околу себе со километри, па ниту ќе ти садат, ниту ќе ти расадуваат. Не си ти за живеење во урбана заедница. Човекот можеби е идиот (ама немаш искуство со него, па само лаеш), ама и ти не си цвеќе. Да не заборавам. Ако јадеш од јаболката и крушите, немаш право да бараш оштета по ниеден основ. Така да си знаеш. Како ќе паѓаат кај тебе во двор, така ќе ги собираш и со Добро утро, комшија ќе му ги враќаш. Инаку на суд, капут!:cool:
Ај не ми јади бурек ;)
Лесно ти е тебе да дробиш, а може ти во стан живееш па немаш потреба да метеш со метла лисја.
Сум видел јас многу станбени згради како изгледаат влезовите, од околните дрвја лисја еден куп што никој не ги мете. Бидејќи нормално "балканскиот синдром" е таков да никој ниту поединечно ниту групно сака да се организира и да земе да мете лисја.
Истото се однесува и изметот што го прават гулаби, врапчиња и останати птици од дрвјата што се пред влезовите на станбените згради.

Е гледаш ако ти или таквите како ти можеби се навикнати на такви чисти средини тоа е ваше право, и нема да наметнувате и на мене и јас во мојот двор да биде така чисто.

А штом некој како мене ќе земе да пишува и да прашува зошто мора соседи така да садат блиску до меѓа и ограда дрвја од кои ќе има лисја, веднаш се јавуваат демагози како ти, и неколку ликови од типот " шака јада" да солат памет и да млатат празна слама, а таквите реално прашање е дали фатиле некогаш нешто да чистат во околината кај живеат, веројатно таквите се оние кои фрлаат и најситно ѓубре по улици и патишта.
Може си ти од оние што ги гледам по улици на кои им е проблем кога ќе стават мастика во уста и отпадот хартијата да стават во џеб па потоа да фрлат во контејнер, но секако на таквите им е проблем па фрлаат по улици.
Така да, фала но таквите како ти не ми требаат да фрлаат песок во очи, солат памет, и да изигруваат демагози.

А за тоа што си пишал дека јас ќе сум земал јаболки и круши, фала ама нема да земам па и какви и да се тие плодови.
Ќе си купам ако ми треба јаболки и круши во пазар или продавница сеедно ќе си купам.
Неколку килограми во пролет и лето од тоа овошје можам да си дозволам да си купам, и во есен ако си ставам компот или да правам слатко ќе си купам.
Сум терал цел живот без да зимам од туѓи дрвја плодови па не сум можел и понатаму така.

Глупаво ти е тоа што мислиш да ме омаловажуваш и понижуваш.

И немој да ми се закануваш со германски зборови, звучиш како окупаторот од 1941-1945 и нивните колаборационисти и соработници со таквите изрази.
Сепак ништо чудно, уште малку во Хрватска Степинац ќе биде светец, Павелиќ кај и да е и тој ќе биде невин, Дража Михајловиќ во Србија рехабилитиран, кај нас во Македонија се негира 1945, така да и не ме чуди ова твоево да сум требал да бидам роб кој ќе бере туѓо овошје и потоа да го носи и да бидам буквално окупиран.
Море среќата твоја и на сличните како тебе што нема денес правда.

Еве ти еден пример со тоа што ти го застапуваш како неприкосновено право на сопственост.
Две ниви соседни, на едната нива земјоделецот си садеше секоја година различна полјоделска култура ( една година ќе садеше пченица, следната година пченка, па следната јачмен, некогаш овес, па пак пченица и така во круг) и земјоделецот така си ја садеше нивата со децении.
А соседната нива долго време стоеше необработена, бидејќи сопственикот беше полицаец во град живееше и работеше на служба.
И помина време, полицаецот замина во пензија, и имаше некоја викендица во близина на нивата, и бидејќи тој немаше механизација од трактор и слично, зема на нивата си посади ореви дрвја.
Но гледај сега меѓата помеѓу тие две ниви е долга околу 300 метри, и полицаецот мангуп земал и посадил ореви дрвја во својата нива но на само 10 сантиметри од меѓата, и за неколку години оревите дрвја букнаа и гранките отидоа преку 2 метри во нивата на земјоделецот кој од тие 2 метри гранки не може да си ја оре и работи на мир својата нива и не може да вади храна за себе и за стоката како што вадел претходно.
Нормално земјоделецот фин и културен човек уште кога биле дрвјата ореви засадени му кажал на полицаецот дека не треба да сади дрвја толку блиску до меѓата и дека гранките ќе пречат на земјоделецот да ја ора нивата, но полицаецот нормално му кажал дека за тоа не му е гајле.
Значи целиот тој ред од околу 300 метри кај беше линијата и меѓата помеѓу двете ниви на само 10 сантиметри од меѓата имеше заседено долг ред од дрвја ореви, и на преку 300 метри имаш 2 метри гранки од дрвја во нива на земјоделецот кој не можеше од тие гранки да ора и да ја обработува нивата.
Ова не е измислен, туку вистинит пример.

Секако ти гледам во овој случај ќе бидеш на страната на полицаецот со тоа неприкосновено право на сопственост и приватност.
Се надевам не си судија или обвинител, мада имаме и такви судии и обвинители затоа така и оди се во ова општество.[/quote]
 
Т

Триптико

Гостин
@Dallas Mavericks ептен ти е километарски постот, може и ќе скокнам нешто. А, може и нема. Јас не знам каде гледаш закани и од кој тип, ама, ако така мислиш твој проблем. Живеам во куќа со двор и има 3 сливи и 1 орев. Можеш да замислиш јас колку лисја чистам. Посебно од сливите. Мали, со неправилна форма...ни метла ги фаќа како што треба, ни гребло. Од оревот, по сезона полнам 8-10 50л вреќи. Знаеш колку лисја се тоа? Стамбените згради и нивните дворови ќе бидат чисти во зависност од луѓето кои живеат таму. Сакаш пример? На 100м воздушно од мене има 4 згради и порано сите беа само со Егејци. Светеа од чистота. Фасада по пропис, дворот со трева, некоја грмушка, дрвјата без суви гранки, лисјата собрани, влезот чист, поштенски сандачиња здрави, во боја... Дојдоа "ојлевци/дојлевци" и зградите станаа запуштени. Знаеш, можеш да го напуштиш селото, ама тешко селото да те напушти тебе. Посебно, "кад се сељак покондури" работава. Како и да е, нема сила што ќе ме натера да живеам во стан како сардина. Балкански синдром или не, општината е должна да се грижи за дворовите на зградите. Затоа што им наплатува ѓубрарина, има да чисти. Нервира селективното однесување на општина кон зградите и станарите. Како може, една зграда секој ден да ја средуваат, а останатите не? Може, таму живее советник во истата општина ;) Во поглед на мастики џвакање по улица, не го напиша тоа, па да ти кажам дека можеби ти си полош од мене, иако се обидуваш да ја префрлиш топката кај мене. Не само што ја фрлам хартијата во контејнер и џебовите некогаш ми се полни со таква хартија и празна кутија цигари, туку и мастиката прво ја виткам во хартија, па ја фрлам во контејнер ;) Кажи некој друг дека го прави ова. Да се вратиме кај мене во двор :) Од моите сливи, комшиите околу мене секоја година земаат сливи. Насадени се покрај сама ограда и пола дрво е во двор, пола или кај комшијата или на улица. Не само што ќе скинат, туку имаш и: комшија, да набереме кило две, за слатко, компот, сок... И пази, сите чистиме. Поголем дел останува на мене, но другиот е среден од нив. Оревот кога "паѓа", цела улица "се тепа" кој побрзо да помине и да земе од паднатите ореви. Летно време, имаш војна кој да паркира под сенката. И, што? Ми смета? Ми смета паркирањето. И имам намера да викам пајак на секое. Другото? Нормални комшиски односи. Барем во Македонија се нормални. Сакам да го избегнам сето ова? Ќе ги исечам дрвјата и решен проблем. Кој губи? Јас! Зошто да немам некоја слива или орев? Заради лисја во есен? Ма дај. А, за примерот, во друга прилика :)
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
mislam najvaznoto ne go spomna,dali komsijata e as skopjanec ili ...?
Да бил ас скопјанец, ќе ставел ќумез со гулаби во дворот.

“старите скопјани“ најчесто имаат дедовци и баби дојдени од велешкине или светиниколскине села.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.648
Поени од реакции
11.640
Овој е вообразен и себичен хипстер, оние кои се фалат со тужби оти не знаат како да се социјализираат - диви лујџе.
Глеј во девет без пет колкав пост напишал полн со негативна енергија за дрвца и лисја, се расплакал како јагне сугаре пред колење.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Ај не му јадете бурек кога мете со метла лисја
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.716
Бензин бе братче бензин :) Тури и еднаш до два пати по кило и нема да прпни :)
не смее со бензин, запаливо е., има средства од билна аптека а може и жешка вода..... инаку мислам дека во урбана средина и во сопствен двор не е културно да засадиш овошки што привлекуваат инсекти, особено таму каде има опасност од стршлени и други инсекти, значи не е ок да се садат смокви, круши и слично . А ореви има и на државни места и не се проблем, освен што на некој дебили од лани им текна да фрлаат 1.5л пластишни шишиња со вода да ги оберат ореите од горните гранки, па тероризираат и загрозуваат луѓе кој проваѓаат по патеките...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мене врв ми беше она, лисјата мирисаат на есен кога се распаѓаат. Мислиш за измет од крави се работи :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom