Психијатриска болница во Бардовци е најнадлежна
Се читаш ли што пишуваш?
Ти живееш во двор, а тој? И тој ли во двор живее?
Тоа црвеното, кога, кога, кога...е што кога? Кога ќе се случи нешто, ќе си тужиш и никому ништо. Тој на тебе оштета, ти на него Фала... и тоа е тоа. Закон за спречување на ветер се уште не постои
Слушај човек. Шала на страна, продај ти тоа куќата и дворот топтан (немој поединечно, ќе ти украдат на цена) и фаќај патот за Мариово. Таму немаш никој околу себе со километри, па ниту ќе ти садат, ниту ќе ти расадуваат. Не си ти за живеење во урбана заедница. Човекот можеби е идиот (ама немаш искуство со него, па само лаеш), ама и ти не си цвеќе. Да не заборавам. Ако јадеш од јаболката и крушите, немаш право да бараш оштета по ниеден основ. Така да си знаеш. Како ќе паѓаат кај тебе во двор, така ќе ги собираш и со Добро утро, комшија ќе му ги враќаш. Инаку на суд, капут!
Ај не ми јади бурек
Лесно ти е тебе да дробиш, а може ти во стан живееш па немаш потреба да метеш со метла лисја.
Сум видел јас многу станбени згради како изгледаат влезовите, од околните дрвја лисја еден куп што никој не ги мете. Бидејќи нормално "балканскиот синдром" е таков да никој ниту поединечно ниту групно сака да се организира и да земе да мете лисја.
Истото се однесува и изметот што го прават гулаби, врапчиња и останати птици од дрвјата што се пред влезовите на станбените згради.
Е гледаш ако ти или таквите како ти можеби се навикнати на такви чисти средини тоа е ваше право, и нема да наметнувате и на мене и јас во мојот двор да биде така чисто.
А штом некој како мене ќе земе да пишува и да прашува зошто мора соседи така да садат блиску до меѓа и ограда дрвја од кои ќе има лисја, веднаш се јавуваат демагози како ти, и неколку ликови од типот " шака јада" да солат памет и да млатат празна слама, а таквите реално прашање е дали фатиле некогаш нешто да чистат во околината кај живеат, веројатно таквите се оние кои фрлаат и најситно ѓубре по улици и патишта.
Може си ти од оние што ги гледам по улици на кои им е проблем кога ќе стават мастика во уста и отпадот хартијата да стават во џеб па потоа да фрлат во контејнер, но секако на таквите им е проблем па фрлаат по улици.
Така да, фала но таквите како ти не ми требаат да фрлаат песок во очи, солат памет, и да изигруваат демагози.
А за тоа што си пишал дека јас ќе сум земал јаболки и круши, фала ама нема да земам па и какви и да се тие плодови.
Ќе си купам ако ми треба јаболки и круши во пазар или продавница сеедно ќе си купам.
Неколку килограми во пролет и лето од тоа овошје можам да си дозволам да си купам, и во есен ако си ставам компот или да правам слатко ќе си купам.
Сум терал цел живот без да зимам од туѓи дрвја плодови па не сум можел и понатаму така.
Глупаво ти е тоа што мислиш да ме омаловажуваш и понижуваш.
И немој да ми се закануваш со германски зборови, звучиш како окупаторот од 1941-1945 и нивните колаборационисти и соработници со таквите изрази.
Сепак ништо чудно, уште малку во Хрватска Степинац ќе биде светец, Павелиќ кај и да е и тој ќе биде невин, Дража Михајловиќ во Србија рехабилитиран, кај нас во Македонија се негира 1945, така да и не ме чуди ова твоево да сум требал да бидам роб кој ќе бере туѓо овошје и потоа да го носи и да бидам буквално окупиран.
Море среќата твоја и на сличните како тебе што нема денес правда.
Еве ти еден пример со тоа што ти го застапуваш како неприкосновено право на сопственост.
Две ниви соседни, на едната нива земјоделецот си садеше секоја година различна полјоделска култура ( една година ќе садеше пченица, следната година пченка, па следната јачмен, некогаш овес, па пак пченица и така во круг) и земјоделецот така си ја садеше нивата со децении.
А соседната нива долго време стоеше необработена, бидејќи сопственикот беше полицаец во град живееше и работеше на служба.
И помина време, полицаецот замина во пензија, и имаше некоја викендица во близина на нивата, и бидејќи тој немаше механизација од трактор и слично, зема на нивата си посади ореви дрвја.
Но гледај сега меѓата помеѓу тие две ниви е долга околу 300 метри, и полицаецот мангуп земал и посадил ореви дрвја во својата нива но на само 10 сантиметри од меѓата, и за неколку години оревите дрвја букнаа и гранките отидоа преку 2 метри во нивата на земјоделецот кој од тие 2 метри гранки не може да си ја оре и работи на мир својата нива и не може да вади храна за себе и за стоката како што вадел претходно.
Нормално земјоделецот фин и културен човек уште кога биле дрвјата ореви засадени му кажал на полицаецот дека не треба да сади дрвја толку блиску до меѓата и дека гранките ќе пречат на земјоделецот да ја ора нивата, но полицаецот нормално му кажал дека за тоа не му е гајле.
Значи целиот тој ред од околу 300 метри кај беше линијата и меѓата помеѓу двете ниви на само 10 сантиметри од меѓата имеше заседено долг ред од дрвја ореви, и на преку 300 метри имаш 2 метри гранки од дрвја во нива на земјоделецот кој не можеше од тие гранки да ора и да ја обработува нивата.
Ова не е измислен, туку вистинит пример.
Секако ти гледам во овој случај ќе бидеш на страната на полицаецот со тоа неприкосновено право на сопственост и приватност.
Се надевам не си судија или обвинител, мада имаме и такви судии и обвинители затоа така и оди се во ова општество.[/quote]