Неќам да шпекулиран но да расчистиме нешто:
За хелихоптер да падне како овој треба или да е погоден или да му се расипал моторот.
Ако се расипал моторот првин требал во воздух да “копта“ и дури тогаш да падне, за да експлодира одеднашка моторот од чиста мира а при тоа 4 часа да летал нормално без да пријави некаков дефект е смешно.
Видливоста била намалена, но никој не кажа дека хелихоптерот удрил во брдото, а и според снимките се гледа дека дека деловите се расфрлени наоколу во голем радиус.
За да се урне ваков тип на хелихоптер, со калаш и во воздух да експлодира е исто така невозможно.
Останува теоријата хелихоптерот да бил погоден со проектил од типот, стингер, стрела или оса. Бандитите ( таканаречени борци за човекови права ) во 2001 набавија ваков тип на оружне, доста беше и запленето ( особено стингери кои се од американско потекло ) но за среќа не беа употребени, а и нема ни обучени луѓе да ракуват со тоа оружје. Иначе стингерот е рачен ракетен фрлач земја воздух кој го ослужуват двајца луѓе и послен дејството можат брзо да го напуштат теренот. Ракетниот фрлач ја бара целта преку И.Ц. зраци и ја маркира целта преку топлотоата што ја испуштаат моторите. Хелихоптерите М-17 имаат вградено самоодбрамбен уред за кога ке бидат маркирани од овој тип на оружје да испуштаат топлотни топки за да се прекријат. Од моментот на маркирање и дојавување на пилотот дека е “осветлен“ од ваков тип на оружје до моментот на погодување поминува најмалце од 5 до 10 секунди сосема доволно за да се јави во контролата на летање и да праша што е работата ( поздрав до сите кои мислат дека туку така се соборува воен хеихоптер ).
Мое мислење е дека е можно оштетување за задната елиса од некоја птица или што јас знам. Некаде прочитев дека 30% од авионските несреќи поради птици кои влегуваат во моторот.
Сепак неќам да шпекулирам но ова што се случи е голема трагедија за македонските херои кои се враќале дома од извршување на своте должности.
Слава им.