Се радувате за успесите на другите?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
A

Anck-Su-Namun

Гостин
А зошто пак да не се радувам на успехот на блиските?
Кога они успеваат во нешто се чувствувам како и јас да сум успеала :)

А за некои далечни воопшто не се ни замарам дали успеале или не. Ако успеале успеале, ако не не.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.708
Поени од реакции
808
Да, зашто да не се радувам...И ја коа ќе постигнам нешто сакам да има некој да го сподели тоа со мене...
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
355
Па како да не се радувам, а икој не би се радувал.
Уствари не бе во право сте има во последно време и љубоморни луѓе завидуваат, ти праат лице дека те сакаат и се и кога ќе успееш во нешто (било што) се познава дека ти љубоморат.
Нема врска јас не сум таков. Си ги сакам блиските и сакам да успеваат во своите намери. И то е то.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Јас место за моите успеси се радувам за туѓите и најчесто се фаќам себеси како размислувам зашто другите не се радуваат за моите успеси, а не помислувам дека ни јас самата не се радувам колку што се радувам за некој друг.
 
Б

БејбиГрл

Гостин
Се радувам на успесите на моите блиски
Сеедно ми е за успесите на оние што не ги познавам
Криво ми е за успесите на оние кои не ги заслужиле
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
10
Да, премногу...поготово ако ми е блиска личноста... но искрено не на сечив успех се радувам..али за луѓето кои ми значат многу ми е битно да се среќни :back:
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
165
Искрено се радувам на успесите на другите! Ме исполнува да гледам среќни луѓе околу мене, па и да не ми се баш блиски или роднини...
Не можам да сфатам како има луѓе кои едноставно љубоморат на другите и пукаат од завист за нивните успеси!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
14.076
Поени од реакции
946
Ептен, и тоа искрено, посебно за оние кои ми се навистина блиски. Ако нешто мразам од дно на душа тоа е љубомората, љубомората е коренот на сите зла на овој свет.

Ај што има љубоморни луѓе, да разбереш некако, ама да бидеш љубоморен на другар, на брат или на роднина?

А да, ретко кој искрено се радува на туѓ успех. Ти честита, а му гледаш завист во очите или му ја чувствуваш во тонот на гласот. Или те прашува "Еј, слушнав дека..." му викаш "Да бе" и ти одговара "Аха, епа фино" ама онака со потиштен глас, ко тебе ако ти се случило нешто убаво, демек него ке му пропадне светот.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
306
Не.
Да.

Ако сум неправедно поразен во трката кон некоја си поголема цел, не. Тоа се успеси? Не се, е јебига тешко примам порази, лутач сум. На другите, а богами и на себе си што не сум се покажам подобро. На такви успеси, не делам браво, лажни насмевки, скромноси, победи подобриот, спортски подадена рака енд шит.

На заслужен успех, било да е на мој пријател или непријател пружам рака. Се радувам, мило ми е што сум се обидел, сум го дал максимумот ама ете... не бил доволен. Можеби ја промашив темата, можеби поинаку си ја дефинирав, можеби. А можеби не.

На блиските?
 
E

elence*$

Гостин
па би можела да кажам дека им се радувам дури и повеќе од моите ... :)

многу ми е мило некој да успее да го оствари сонот, а доколку тој некој е поуспешен од мене... не сум љубоморна, туку пробвам да најдам причина за тоа, и се трудам следниот пат да и јас го остварам тоа што го сакам...
исто и јас чувствувам одвратност кон љубоморните личности, кои не можат да се контролираат, и отворено може да се виде дека позеленуваат од завист....... тоа сметам дека би било лошо и за мене, зошто да си ја исполнувам душава со омраза, и завист, кога можам да преземам нешто за да бидам поуспешна и повесела истовремено..? :)
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.175
Поени од реакции
7.114
Незнам, кога како ;)
 

mile_panikaaa

Нормален
Член од
28 април 2008
Мислења
348
Поени од реакции
9
Се радувам на успехот на блиските.Како тие што се радуваат така јас за нив.
 

STARTER

Urbana ninja
Член од
31 август 2007
Мислења
904
Поени од реакции
40
Па може да се каже дека се радувам на успесите на луѓето кои ми значат нешто, но највеќе се радувам на успесите на луѓето кои околината е неправедно настроена
 

lidu6

искусен форумџија
Член од
8 јуни 2008
Мислења
181
Поени од реакции
8
Da se raduvam na uspesite na li4nostite sto znam deka zasluzno i so trud go postignale toj uspeh.

Srekata na drugite mnogu mi zna4i:helou:
 
На врв Bottom