Упорна сум, ама не сум флексибилна. И тоа ти доаѓа како џабе упорноста. И да се биде упорен не е чиста инерција, сака креативност сака волја и ентузијазам да не претерам. Мојата упорност е лаконска, еднолична, неинвентивна и не функционира. Постои само желбата, некаде закопана којзнaе каде во потсвеста и латентниот инает. Ете и таква упорност не ја бива. А обично е таква затоа што често упорна сум и за нешта кои во суштина и не ги сакам, можеби не само доволно, понекогаш не ги сакам воопшто. Ах, пука упорност. Упорност ради упорност! Shit!