Се дотерувам лично за себе, тоа што ќе го видам во огледало сакам првенствено мене да ми се допадне. Не значи да си дотеран само ако ставиш шминка и се облечеш во најдоброто парче облека што го имаш во плакар. Со самото миење на заби и чешлање веќе во огледалото гледаш друга слика за себе. Познавам луѓе кои и овие две работи им се тешки за правење особено од сабајле, а се елементарни.
се дотетерувам кога имам на располагање повеќе време.
се дотерувам пред се за мене со цел да ми се потрени самодовербата
за да бидам привлечна
и зависи за која пригода:salut:
Се дотерувам за мене затоа што поубаво си се чувствувам. Јез да знам понекогаш пред да се облечам за некаде да размислам како би изгледал поубаво, ама сепак пред сè е за мое лично задоволство.
Се дотерувам за да се чувствувам јас исполнет и да изгледам секогаш топ пред девојка или пред другарка или пред друштво па со тоа и на мајка ми ќеиф и правам син и е пицнат од глава до пети се гордее со мене :baeh:
Зависи од расположението, но најчесто мене да ми биде убаво и лагодно. Е сега, кога има некоја посебна прилика, свеченост, секако мора да биде се совршено, сако, кошула, кондури....
пред се лично за себе!!! е сеа ако идеш на некоја свеченост на пример свадба крштевка матура дипломска и така натака нормално е да се дотераш малце.. нели имаш непознати луѓе у одредени моменти не личи да си отидеш онака ко по дома.. ке речат кој е овој сељаков бе...
јас сум во секое време дотеран,единствено кога сум дома сакам малку покомотно,тогаш носам тренерки...е сега за кого,тоа зависи од ситуацијата,нормално за мене 70% а 30% за другите,не сум човек кој сака да остави негативен впечаток...
Се дотерувам за мене лично.
Сакам коа ќе се видам во огледало да си се свиѓам самата себе а не на не знам на кој таму.Некоја девојка не мора да е кој-знае како облечена да го привлече вниманието.Може и по тренерки да е али сепак сите да се вртат по неа.
Голема улога игра харизмата во тој случај.
Сите се дотеруваме за другите и немојте да лажете. Точка.
ДОКАЗ: Се има некој нашминкано и облечено како за во град за да седи дома на фејсбук сам цела вечер, а?
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.