Ако кажам дека се дотерувам само за себе ќе излажам. Од вторник сум само дома и учам за полагање, излегувам само до продавница и секако не се дотерувам.
Имав некој период од 5,6 месеци во кој ниту нокти лакирав, ниту косата нешто ја правев. Мијам коса, средувам веѓи, се облекувам и ајде на факултет. Последно време повеќе имам желба да се дотерам, да си ја испеглам косата или да ја навиткам и т.н. И причината секако е машко. Да не се лажиме - кога една жена има за кого да мисли и да се дотера се чувствува уште поубава...