Еве слично, исто во Битола:
Фатиле крадец и го истепале
Двајца битолчани заработиле кривични пријави бидејќи претепале крадец кого го фатиле како краде во нивната куќа, соопшти МВР.
Инцидентот се случил лани на 31 декември во куќата на Н.Ј. (44) во Битола. Провалникот В.К. (21) околу 8 часот влегол во куќата за да краде. Домаќинот, кој бил заедно со братот А.Ј.(48), го забележале крадецот, кој се обидел да избега. Браќата го фатиле момчето и сосила го внеле во визбата. Таму со леплива лента му ги врзале рацете и нозете, а потоа со стап го удирале по телото. Еден час подоцна браќата пријавиле во полиција дека го фатиле В.К. додека крадел.
Полицијата утврдила дека Н.Ј. и А.Ј. направиле кривично дело и против нив поднела кривични пријави за противправно лишување од слобода.
извор: дневник
Барем го истепале, да не му текне уште еднаш да краде