А дали има медицински доказ дека Исус навистина умрел на крстот.
Има ли белешка за тоа од деоктор или лекар кој го прегледал Исус и несомнено утврдил смрт?
Па и да ти набавам таква, ќе ми поверуваш? Ти ако на цела Библија остана рамнодушен, џабе ќе ти биде едно ливче од доктор.
Јован 19:
31 Бидејќи беше ден на Подготовка, Јудејците, за да не останат телата на крстот во сабота - зашто таа сабота беше голем ден - го замолија Пилата да им ги скршат колената и да ги симнат.
32 Затоа војниците дојдоа и им ги скршија нозете на првиот и на вториот, кои беа распнати со Него;
33 и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе умрен, не Му ги скршија нозете,
34 туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода.
35 И очевидецот посведочи, и неговото сведоштво е веродостојно, и тој знае дека зборува вистина - за да верувате и вие.
36 Имено, сè ова се случи, за да се исполни Писмото: „Неговата коска нема да се скрши.”
37 А на друго место Писмото вели: „Ќе гледаат на Оној, Кого Го прободоа!”
Се е детално опишано. Увидоа дека е умрен, ама сепак, за секој случај го прободеа ПОМЕЃУ ребрата (во Стариот Завет имаше пророштво дека Негова коска нема да биде скршена; на другите разбојници им ги скршија колената, но Него-не-Псалм 34:20). Од Неговите бели дробови потекоа крв и вода.
Бидејќи бил распнат, растегнат, неговото дишење не било правилно. Не успевал да ја издиши водената пареа од воздухот бидејќи дишењето му било плитко и таа останувала во Неговите гради. Блеите дробови колабирале. Исто така, срцето или Му руптурирало (распукнало) по распнувањето (поради бројни причини: ацидоза, зголемен пулс, насобирање на течности во перикардиумот, срцевото ќесе), и можно е да било прободено со копјето.
Смртта на крстот била бавна и мачна смрт: бидејќи дишењето е плитко, има недостаток на кислород, организмот се обидува да компензира за тоа, се јавува хиповолемичен шок, исцрпеност на мускулатурата (посебно респираторната што уште повеќе отежнува дишење), задушување и откажување на срцето.
Тука има и духовна поука: оправдување и осветување. Крвта се пролеа за нашите гревови, а водата не исчисти, стануваме нови луѓе.