Сепак не воскреснал?

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
Лет3, и ти си ми „сумњив„ а вала, и твоиве постови се „изузетно сумњиви„,,,...:raz:

То ти е на нервна база, овде сепак дискутираме за Исус и христијанството
 
Лет3, и ти си ми „сумњив„ а вала, и твоиве постови се „изузетно сумњиви„,,,...:raz:

Да бе......сумњиви......

А некој почне да поставува незгодни прашања одма проработува зачаурената ментална матрица...
 
То ти е на нервна база, овде сепак дискутираме за Исус и христијанството

Лет3, jac дискутирам за мојата вера и Бог а ти „лупаш зелени„ цело време....

На која база го правиш тоа? На кисела, солена?...Некоја искривена и нестабилна база?...
 
Лет3, jac дискутирам за мојата вера и Бог а ти „лупаш зелени„ цело време....

На која база го правиш тоа? На кисела, солена?...Некоја искривена и нестабилна база?...

Твој бог??
Го имаш купено?
ти падна на лото?

Ти веруваш во Бог рај, пекол, светци, веруваш дека исус претворил 800 литри добро квалитетно вино од обична вода без тропчкање на грозјето и без вриење на ширата. Ти немаш проблем да поверуваш во сето тоа затоа што во 4 ти век седнале некои смртници луѓе и со гласање и договарање одлучиле што е Исус, и кои преписи на преписи се добри а кои не.
Јас пак од друга страна сакам да ги истражам работите, да провераљм, да ги видам од друг агол, да побарам потврда во други списи , записи.... значи нештата поради кои на времето можеше да се заврши на ломача пошто не се совпаѓало со догмата на милосрдното христијанство.
 
Лет3, Вселената и Писмото постојат уште пред твојот влез во пубертертот. Прашај ги своите баби и дедовци (акои ги имаш живи) и и тие лично ќе ти потврдат дека и Сонцето изгрева на исток и заоѓа на запад уште пред твоето раѓање...и тн....

Патем кажано, форумов е полн со членови, кои „као„ сакаат да го истражуваат Писмото, а „у ствари„ , непрекидно бараат причина за своето останување во неверие....

Со среќа нека ти е испитувањето, а ако „откриеш„ нешто кое Св. Василиј Велики не го откри, слободно објави и раструби на форумов, и ние, неуките, да дознаеме за шо се работе...
 
Од кога тоа медицината почна да воскреснува упокоени, кога врвниот домет од медицината е вадење (здрав) заб и „лепење„ скршена коска?

:raz:


Медицината никогаш не воскреснала "упокоен"... никој никогаш не воскреснал од "упокоен", никој никогаш нема да воскресне "упокоен"...
Некој праша за доказ дека исус не воскреснал, а јас ја наведов медицината, не реков дека медицината воскреснува мртви, туку дека таа докажува дека такво нешто е невозможно!
Врвниот домет е вадење заб? И лепење коска?... no comment.
 
Не само што медицината не може никого да го врати од мртвите, туку истата таа јако фалена медицина, не може да даде ни саглам објаснување за воскресението Исусово...
 
Со среќа нека ти е испитувањето, а ако „откриеш„ нешто кое Св. Василиј Велики не го откри, слободно објави и раструби на форумов, и ние, неуките, да дознаеме за шо се работе...

Верата не може да се докаже со материјални докази. Верата не се потпира на докази опипливи , верата ти вели “ВЕРУВАЈ И НЕ СЕ ОБЗИРАЈ НА БИЛО КОЕ ДРУГО СЕТИЛО“

Затоа и не е можно верата да се наметне со цврсти, материјални докази. Дека Исус бил роден во Назарет?? Па не постоел Назарет во тоа време, таа населба настанала некаде 70 години ПО раѓањето на Исус, али верникот вели “Шо ми е гајле што кажува историја и географија“ дека римскиот попис и Херод се раздалечени 13 гоини може да се докаже историски и материјално али верата вели “Не ми гајле јас верувам дека се поклопуваат и не ми требаат докази“

Но сепак кога ќе се азболи, и верник и поп и владика одат на доктор кој со помош на научни методи базирани на генетика, теорија на еволуција ќе му препише медикаменти тестирани на мајмуни и свињи како блиски сродници на човекот наместо да легнат в црква и му се молат на Бога за оздравување, се приклучуваат на апарати, пресадуваат органи примаат трансфузии... во моменти на опасност по живот си ја пригрлуваат науката.
 
Само на кратко, колку да го преименувам насловот от темава: „...Сепак, Он воскресна!...„.
 
В
Затоа и не е можно верата да се наметне со цврсти, материјални докази. Дека Исус бил роден во Назарет?? Па не постоел Назарет во тоа време, таа населба настанала некаде 70 години ПО раѓањето на Исус, али верникот вели “Шо ми е гајле што кажува историја и географија“
Историјата спомнува 65 населби во Галилеја..дури 45 не се спомнати..збориме за периодот од Стариот Завет..значи ли дека и ти е не постоеле..
Дискусијата за Назарет е стара колку и она за Исус..работата е во заемањето на страната..
 
Само на кратко, колку да го преименувам насловот от темава: „...Сепак, Он воскресна!...„.

MIKI1 може да се игра тенис или сковош со ѕид, за жал не може да се полемизира со него... ти велиш воскреснал без апсолутно никаков научен или разумен доказ- целосно базирајќи ја тезата по една "света книга" која ја пишувале луѓе ништо попаметни или помудри од нас (напротив многу помалку образовани, склони кон суевериа и традиции и индоктринизирани од средината во која живееле и растеле), ние велиме не воскреснал судејќи по милиони години искуство и историја каде никаде не е забележан доказ на воскресение + медицина која точно одредила колку живее срце, бели дробови, мозок, црн дроб... + физика која секој нов ден ни докажува причини за настанување на феномени кои претходно му се припишиувале на бог (еволуција, гравитација, брзина на светлина, атоми, веременски феномени, земјотреси, поплави, ерупции).
Верувај во Бог (бог како идеја, како морален кодекс), но немој да бидеш тврдоглав, агресивен и необјективен кон светот во кој живееш... да веруваш дека горе некој ти ги мери гревовите или добрите дела давајќи ти подобро место во рајот или пеколот, дека те води судбината а не делата кои ги правиш, дека господ ќе ти помогне во невоља- а не лекари, психијатри, психолози, научници или историчари.
 
MIKI1 може да се игра тенис или сковош со ѕид, за жал не може да се полемизира со него... ти велиш воскреснал без апсолутно никаков научен или разумен доказ- целосно базирајќи ја тезата по една "света книга" која ја пишувале луѓе ништо попаметни или помудри од нас, ние велиме не воскреснал судејќи по милиони години искуство и историја каде никаде не е забележан доказ на воскресение + медицина која точно одредила колку живее срце, бели дробови, мозок, црн дроб... + физика која секој нов ден ни докажува причини за настанување на феномени кои претходно му се припишиувале на бог (еволуција, гравитација, брзина на светлина, атоми, веременски феномени, земјотреси, поплави, ерупции).
Верувај во Бог (бог како идеја, како морален кодекс), но немој да бидеш тврдоглав, агресивен и необјективен кон светот во кој живееш... да веруваш дека горе некој ти ги мери гревовите или добрите дела давајќи ти подобро место во рајот или пеколот, дека те води судбината а не делата кои ги правиш, дека господ ќе ти помогне во невоља- а не лекари, психијатри, психолози, научници или историчари.


Nonteizam, досадно ми е да се преповрторувам самиот себе, оти со вакви постови, како твојов погоре, полн е форумов...

А за да пишуваш постови на духовни теми, треба и самиот/самата да имаш вера барем колку синапово зрно и духовни искуства барем еден грам! Во спротивно, можеш да полемизираш само со самиот себе и до смрт да останеш убеден во своето досегашно убедување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom