Сепак не воскреснал?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
А за да пишуваш постови на духовни теми, треба и самиот/самата да имаш вера барем колку синапово зрно и духовни искуства барем еден грам! Во спротивно, можеш да полемизираш само со самиот себе и до смрт да останеш убеден во своето досегашно убедување.
Тоа важи само за христијанит или е применливо на Будисти Муслимани, Хиндуси, Зоостаријанци, Пагани...??
Имат ли тие вистинско духовно икуство или се во заблуда?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ај одговори на овие прашања:

1. Наведените религи и нивните верници се или не се во заблуда?
2. Ти, си или не си во заблуда?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Ај одговори на овие прашања:

1. Наведените религи и нивните верници се или не се во заблуда?
2. Ти, си или не си во заблуда?
Не не се во заблуда пошто сите тие си имаат пишани или усмени докази за постоење на нивниот бог или богови

Не јас не сум во заблуда пошто имам цврсти докази за моите тврдења

Исус е исто толку реален и постоел (базирано на докази) како што постоал и Мазда, Озирис, Јупитер, Посејдон, Один, Сварог, Баал....
 

sinatra

Френки
Член од
25 септември 2009
Мислења
186
Поени од реакции
3
А дали има медицински доказ дека Исус навистина умрел на крстот.
Има ли белешка за тоа од деоктор или лекар кој го прегледал Исус и несомнено утврдил смрт?
Па и да ти набавам таква, ќе ми поверуваш? Ти ако на цела Библија остана рамнодушен, џабе ќе ти биде едно ливче од доктор.

Јован 19:
31 Бидејќи беше ден на Подготовка, Јудејците, за да не останат телата на крстот во сабота - зашто таа сабота беше голем ден - го замолија Пилата да им ги скршат колената и да ги симнат.
32 Затоа војниците дојдоа и им ги скршија нозете на првиот и на вториот, кои беа распнати со Него;
33 и кога дојдоа до Исуса и видоа дека е веќе умрен, не Му ги скршија нозете,
34 туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода.
35 И очевидецот посведочи, и неговото сведоштво е веродостојно, и тој знае дека зборува вистина - за да верувате и вие.
36 Имено, сè ова се случи, за да се исполни Писмото: „Неговата коска нема да се скрши.”
37 А на друго место Писмото вели: „Ќе гледаат на Оној, Кого Го прободоа!”

Се е детално опишано. Увидоа дека е умрен, ама сепак, за секој случај го прободеа ПОМЕЃУ ребрата (во Стариот Завет имаше пророштво дека Негова коска нема да биде скршена; на другите разбојници им ги скршија колената, но Него-не-Псалм 34:20). Од Неговите бели дробови потекоа крв и вода.

Бидејќи бил распнат, растегнат, неговото дишење не било правилно. Не успевал да ја издиши водената пареа од воздухот бидејќи дишењето му било плитко и таа останувала во Неговите гради. Блеите дробови колабирале. Исто така, срцето или Му руптурирало (распукнало) по распнувањето (поради бројни причини: ацидоза, зголемен пулс, насобирање на течности во перикардиумот, срцевото ќесе), и можно е да било прободено со копјето.

Смртта на крстот била бавна и мачна смрт: бидејќи дишењето е плитко, има недостаток на кислород, организмот се обидува да компензира за тоа, се јавува хиповолемичен шок, исцрпеност на мускулатурата (посебно респираторната што уште повеќе отежнува дишење), задушување и откажување на срцето.

Тука има и духовна поука: оправдување и осветување. Крвта се пролеа за нашите гревови, а водата не исчисти, стануваме нови луѓе.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Историјата спомнува 65 населби во Галилеја..дури 45 не се спомнати..збориме за периодот од Стариот Завет..значи ли дека и ти е не постоеле..
Дискусијата за Назарет е стара колку и она за Исус..работата е во заемањето на страната..
Има само една страна: таа на науката, разумот, логиката, доказите. Работи кои религијата не ги зема во обзир, ги игнорира само за да постои.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Има само една страна: таа на науката, разумот, логиката, доказите. Работи кои религијата не ги зема во обзир, ги игнорира само за да постои.
Redneck и оваа ____ црта има две страни а камо ли ова за што ти збориш..работата е да се најдеш себе си на вистинската страна..
 
S

smart ass

Гостин
Левицата е вистинската страна или???

Може ватикан,цариград,мека,јерусалим....многу се...како да знам која е.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Левицата е вистинската страна или???

Може ватикан,цариград,мека,јерусалим....многу се...како да знам која е.
Кога е Бог во прашање има смо две страни..Она која вика дека Исус воскреснал..она спротивната која вели дека тоа не се случило..облогот е огромен..изборот е ваш..
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Redneck и оваа ____ црта има две страни а камо ли ова за што ти збориш..работата е да се најдеш себе си на вистинската страна..
Така е бе Маркус. Може да се бира дали ќе веруваш на биологија, хемија, физика, историја, философија, географија и нивните разгранети полиња или на книга стара неколку милениуми полна со контрадикторности и апсурди. Јас ја бирам првата страна.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Така е бе Маркус. Може да се бира дали ќе веруваш на биологија, хемија, физика, историја, философија, географија и нивните разгранети полиња или на книга стара неколку милениуми полна со контрадикторности и апсурди. Јас ја бирам првата страна.
Јас пак го избрав Господа...и не ми оди воопшто лошо
 
S

smart ass

Гостин
Кога е Бог во прашање има смо две страни..Она која вика дека Исус воскреснал..она спротивната која вели дека тоа не се случило..облогот е огромен..изборот е ваш..
Нема облог,никој не кажува каков е рајот...туку номер един набадаше:pos2:,за нов тип на хордати и парамециум,а за пеколот знаеме.

Ајде да прифатиме еве воскреснал....

Ами денес зошто сето страдање е допуштено,јас кога читав...мислам имало битка меѓу сатана и архангел михаил за телото на мојсеј...епа чим изгубил сатаната,сигурно може и од господ да изгуби...едноставно е:toe:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Јас пак го избрав Господа...и не ми оди воопшто лошо
Одлично. Важно е ти да се осеќаш добро. Еве и јас без Бог сум прилично задоволен.
Кога е Бог во прашање има смо две страни..Она која вика дека Исус воскреснал..она спротивната која вели дека тоа не се случило..облогот е огромен..изборот е ваш..
Хахах еј сега не усра. Сите религии до сега(значи илјадници) викаат дека Исус не воскреснал освен христијанството. Сите освен исламот викаат дека Мухамед не е пророк на Бога, сите освен словенскиот паганизам викаат дека Перун не е легитимен Бог. Значи Бог не е една страна туку е многу. Само христијаните имаат едно 10 страни. Една религија.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Нема облог,никој не кажува каков е рајот...туку номер един набадаше:pos2:,за нов тип на хордати и парамециум,а за пеколот знаеме.

Ајде да прифатиме еве воскреснал....

Ами денес зошто сето страдање е допуштено,јас кога читав...мислам имало битка меѓу сатана и архангел михаил за телото на мојсеј...епа чим изгубил сатаната,сигурно може и од господ да изгуби...едноставно е:toe:
Абе ајде..Господ го створил ангелот Луцифер го истерал и сега овој може да го победи!..Веројатноста е еднаква на победата која човекот може да ја извојува против Господ...Односно..веројантоста е никаква..
Одлично. Важно е ти да се осеќаш добро. Еве и јас без Бог сум прилично задоволен.

Хахах еј сега не усра. Сите религии до сега(значи илјадници) викаат дека Исус не воскреснал освен христијанството. Сите освен исламот викаат дека Мухамед не е пророк на Бога, сите освен словенскиот паганизам викаат дека Перун не е легитимен Бог. Значи Бог не е една страна туку е многу. Само христијаните имаат едно 10 страни. Една религија.
Многу нешта во животот се привремени..тоа посебно се осеќа како што времето одминува..

Бог е еден..луѓето кои размислуваат онака како што им чини се многу..оттука и бројката која ја спомна..сепак едни ќе бидат во право..Мислам дека се работи за оние кои веруваат во Исусовот воскресение..без него ни за нас нема вечен живот..само приказни од слаткарницата на Шехерезада...if you now what i mean
 

Kajgana Shop

На врв Bottom