Честа појава кај мене.
Доручек за време викенд, у работни денови ни случајно не сме дома у исто време посабајлечки. Ручек и вечера, често. Не секој ден, ама на маса сме заедно 4 - 5 пати неделно заедно секако. И морам да признаам дека уживам. Татко ми е исти лудак као мене, без ТВ не јаде, тој сака вести, јас сакам утакмица, двајцата сакаме филм, мама нема право на збор тука.
Мој удел, е тоа би биле техничките работи, како масата, од а до ш. Ако изгледа беспрекорно, од салфетка до подметач, тоа е моја заслуга. Ако штрчи сантим, некој храбар ми се мешал у штипки и има да страда.
Ја станувам ако нешто фали (опет ако се нашол некој паметен да ме замени, пошо сум ја незаменлива у случајов), ја раскревам, ја средувам после, тоа нема проблем. Али у кујна, да се занимавам со готвење, е тоа е веќе друга приказна. Месец дена уназад ми се дешава редовно, шо е нездрава работа, и не можам ни сама да си поверувам, пошто до вчера неќев да припарам над шпорет или пред рерна.
Кога ја нема мајка ми, онда ја и татко ми се глупираме во кујна&трпезарија, и то трае, и трае, и трае, и ручек-вечера не` фаќа, али ич не ми е гајле, мене квалитетно проведеното време у смеење и "готвење" со татко ми ми е далеку побитно.
Пошто знам да ископам некоја заебанција на која не и` знам името и да се изгазам од смеење како тоа дебилно изгледа, а да ти било обична лажица. ПА НЕ ЛИЧИ НА ЛАЖИЦА!