Асоцијација на светиот дух (сектата на Мун)
По совршенството во организацијата и бројноста на членовите сектата на пасторот Мун или " Асоцијацијата на Светиот Дух за обединување на светското христијанство" може да се спореди со ектата на Рон Хабард. Позната е под имињата "Обединувачка црква" и "Пионери на новата ера". Под закрилата на основната идеја за светско обединување на христијанството се кријат сосема други најчесто економски(богатење) и политички цели(доминација во општеството). Се проценува дека брои околу 2 милиона членови во светот. Пасторот Мун ( Сан Мјун Мун)е кореец роден 1920 година. сектата ја формира 1954 год. Поради бројноста и моќноста на сектата која ја изградува насекаде во светот е пречекуван како световен човек. Својата секта мошне добро ја инфилтрира и во бифшите социјалистички држави (дочекан е и од дотогашниот преседател на СССР Горбачов). Во кореа наоѓа добро тло за формирање на своето учење. Корејците го чекаат новиот Буда, а христијаните се надеваат на воскресението на Исус. Мун според семејната вера бил протестант и ревносно ги посетувал црквите. На 16 години бил помошник на свештеникот. Во 1957 година ја издава книгата "Боженствените принципи"која подоцна станува библија на сектата. Се претставува дека на 16 години во полинњата на Кореја го сретнал Исус и оттогаш е во тесна врска со него. Подоцна самиот бог му ја поверил мисијата да биде новиот Месија кој ке го доврши делото на Исус и ќе ги соедини сите христијани. Поради силното антикомунистичко пропагирање Мун наоѓа духовна и финансиска поткрепа во многу западни државници. Црквата е организирана по воен образец, со строга хиерархија и железна дисциплина. Секој нов припадник е под закрила на духовен татко или мајка, секое семејство се раководи од водач. Не ја признава ни Римската ни Апостолската црква бидејќи сака материјална добивка за себе и за својата секта. Врбувањето и индоктринирањето е цел на секој член на сектата. Некои се праќаат во мисии во странство. Свештената книга се муновите "Боженствени принципи".
Сектата Кришна
Сектата на Кришна или "Меѓународна асоцијација за Кришна" е основана од индусот А.Ч.Бахтиведанта Свами Прабхупада во 1986 год. Во традиционалното учење е само еден од претставниците на Вишна, а според учењето на сектата Кришна е единствениот бог и творец на вселената, апсолутен водач, апсолутна вистина, апсолутно боженство.. Целта на создавателите е придобивка на нови следбеници и преобразба на нивниот личен живот. Организирана е во гуру, водач и нему потчинети ашрами кои имаат извесна автономија, но средствата се кај врховниот гуру. Прозелитизмот е по улици. Собираат средства и од продажба наразни ритуални предмети и изданија. Периодично го издаваат "Назад кон Божеството".. кое само на англиски јазик има 1 милион тираж, додека француското издание едвај е 50 илјади.
Децата на бога( револуција за Исус)
Сектата "децата на Исус"
е основана од пасторот Дејвид Бранд Берг, роден во 1918 година, преименуван во Мојсеј Давид. пропагира дека рајот на земјата кој е создаден од бога е нарушен од сатаната, дека богатите ги користат сиромашните, но дека ке дојде времето и на сиромашните кога богатите ке се испоубијат меѓу себе. Наскоро ке се случи и голема атомска војна која ке ги уништи индустриските земји и на светот само ке останат само сиромашните селски задруги. Учењето се проповеда преку песни. Сектата е потчинета на строга хиерархија. Членовите се "oвци", со кои раководат овластени пастири. Во хиерархијата има и епископи, архиепископи, манастири. Мојсеј Давид е апсолутен водач и пророк на сектата. Прозелизмот е по улици. Со новите приврзаници интензивно се манипулира во затворени семејства од 6 до 8 души.
Живеат во комуни во многукратни бракови. Мајките ги гледаат децата до 2 год а потоа децата се поверени на училиштата на сектата. Задолженијата во комуната се строго определени. Се издржуваат со продажба на нивните изданија, музикални рецитали и сл. Званична книга или библија "Писма на Мојсеј Давид до децата на Бога" и меѓународен весник "Вести од новата нација".