НОВИ СЕКТИ
Новите секти се создаваат во седумдесетите години на минатиот век и тие се карактеризираат со изигнување на култот кон индивидуалните решенија. Водачите кои обично се организатори и создавачи на сектата, пропагираат филозофија во која нудат алтернатива за условите во кои се живе. Се увеличува култот кон сопственото живеење, кое треба да биде посмирено, тивко без надворешни притисоци, без трки запари и престиж. Се пропагира живеењето на село, се критикува градот кој пулсира според единствената шема метро-работа-кревет.
Меѓу нив според својата масовност се истакнува СЕКТАТА ЕКУУВИ на Пиер Дорис Малте ( Пиел Петжо Малтест) кој меѓу 1976 и 1980 година собирал многу приврзеници. Формирал т.н. Универзитет на мирот се накитил со универзитетски дипломи и склучил соработка со федерацијата на збратимените градови која обединува 35 000 града и преку која ја раширил сектата на сите континенти. Се проповеда загадување на воздухот и смрт на планетата ако не се прочисти од нивните специјалисти кои трагаат по светот пешки по снег, дожд, одејќи од село во град прочистувајќи го светот од гадостите. Посебно активни во тие прочистувања биле индијанците на Норман Уилм кои се бедни но среќни. Обично доколку работата нетргне на добро или пак тргне надолу, водачите формираат нова секта. Нивните приврзаници скоро секогаш се сиромашни но среќни а гуруто живеево најексклузивнитехотели, поседувајќи ресторани, хотели.
Во Франција доста актуелна е МАНДОР'ОМ која го соединува учењето на Исус и Учењето на Буда. Месијата или гуруто на сектата е Жилбер Бурден од Мартини, кој живее во некоја пештера во планина, стотина км од Ница, со со четириесетина негови најверн и следбеници, проповедувајќи ја кабалата (мистично еврејско учење од 2 век) и будизмот и суфизмот( мистично учење во исламот од 8 ми век). Околу седиштето на сектата подигнати се гигантски статуи на Буда, Исус и Светата Дева. Следбениците на Мандар'ом се облечени во колоритни облеки, слични на оние шо ги носеле инките (сини, црвени и златести туники), со колоритни тракои околу челото, со обшиени огледалца кои ги гонат лошите духови. Членовите на сектата во магични ритуаликружат околу статуите постојано испуштајќки ги слоговите "ом" "ом" кое претставувало создателно брахамистичко слово. Оттаму и самиот покре се нарекува омизам. Нивните синтагми се: животот е кус бори се за совршенство;сакај, служи, простувај, медитирај;соединнувањето ја прави силата и сл. Ритуалот на проповедувањето е изразито мистичен храмот се наполнуава со следбеници кои го чекаат гуруто да се појави на бината, која е покриена со завеса. Со музиката на Вагнер се означува неговото појавување во придружба на негов следбеник. гуруто облечен во златеста туника и бели сандали по скали се качува на тронот кој е во црвено кадифе. На секоја трета скала тој запира, се врти кон масата и се смешка. Неговите следбеници исправени, со скрстени рацце и со наведнати глави пеат во занес,поклонувајќи му се на гуруто коа ке се приближи кон нив. Кога гуруто седнува на тронот со скиптар во рацете, следбениците извикуваат "ОМ" и потоа скоро два часа пеат и рецитираат свои мантри а месијата го раководи ритамот на пеењето. Месијата има желба да го интервјуираат се претставува дека завршил неколку факултети во Париз (нема дипломи) но тој неможе да лаже... На новинарите им се претставува дека е директен следбеник на Исус, на Џингис Хан, на Сен Луи, на Наполеон...
Во Париз доста актуелен е и факултетот за парапсихологија, регистриран на универзитетот, но без право да издава дипломи. Основач на факултетот е Маргарит Коломбани родена во Корзика од семејство во кое и баба и и дедо и се занимавале со парапсихолошки проповеди, воскреснување на мртви и сл. Факултетот е сместен во близина на Монмартр. Проповеда дека сите лошотии во животот доагаат од односите меѓу мажот и жената па затоа таа треба да седи дома и да го подржува семејството. Жените на факултетот учат шиење, кулинарство додека мажите некои видови на занаетчиство.
Интересно е и влијанието на ХИПИЧКИОТ ПОКРЕТ врз криминалитетот, кој со децении во средината на минатиот век ги фасцинираше младите кои прифаќајки јанивната филозофија која ги негира вредностите на современата цивилизација постојано беше на работ на криминалот. Хипиците формираат групи со семејства по угледот на старите христијани, лансирајќи ја тезата дека Исус бил првиот хипик во светот. Живеејќи во групи, хипиците почнуваат да уживаат алкохол, дрога и под нивно дејство стануваат агресивни, хостилни и насилни. Далеку источните земји станаа мета на нивните посети бидејќи освен што им одговара нивната филозофија која е блиска со трансцеденталната медитација, таму и лесно се набавува дрогата.