апознајте го Л. Рон Хабард
Л. Рон Хабард е еден од најчитаните автори на сите времиња. Преку 120 милиони примероци на неговите дела се продадени на повеќе од педесет јазици ширум светот.
„За да го познаваш животот мора да бидеш дел од него“, напиша тој, „Мораш да слезеш таму долу и да погледнеш, мораш да влезеш 'под дрво и под камен' на постоењето и мораш да ги истриеш лактите и колената со сите видови и типови луѓе, пред да можеш конечно да востановиш што е човекот“.
Тој го стори токму тоа. Од отворените планински венци во неговиот дом, државата Монтана, до ридовите на Кина, од студениот брег на Аљаска до џунглите на островите на Јужниот Пацифик, работејќи со луѓето во истражувањата или подучувајќи ги неискусните поморски екипажи како да ги преживеат разорувањата од Првата светска војна, Л. Рон Хабард навистина разбра што се тоа човекот и животот.
Патувајќи далекусежно низ Азија и Пацификот, тој ја проучи мудроста на философиите од Далечниот Исток и покрај набљудувањето на широко распространетото страдање и сиромаштија. Ако таму на Исток имаше толку совршена мудрост, тогаш зошто е сето ова вака, праша тој.
Рон почна со студии по математика и инженерство, запишувајќи се на универзитетот Џорџ Вашингтон. Тој беше член на една од првите американски класи по нуклеарна физика и додека беше на универзитетот тој ги спроведуваше своите први експерименти што се занимаваа со умот. Тој откри дека и покрај напредокот на човештвото во физичките науки, една функционална технологија за умот и животот никогаш не била развиена. Тој спроведуваше серија експерименти што водеа до успешно откритие што го изолираше начелото на постоењето - заедничкиот именител на сё живо - ОПСТАНИ!
Како што се распространуваше зборот на истражувањето на Рон, постојано се зголемуваше протокот на писма со барање за натамошни информации и потраги тој да детализира повеќе примени на неговите откритија. За да одговори на сите овие распрашувања тој одлучи да напише и отпечати севкупен текст на темата -
Дијанетика: Модерна наука за ментално здравје. Со објавувањето на Дијанетиката на 9-ти мај 1950 година, еден комплетен прирачник за применување на неговата нова технологија првпат беше нашироко достапен. Јавниот интерес се рашири како молња, а книгата се искачи на врвот на Њујорк Тајмс (New York Times), на листата на бестселери (најдобро продавана книга) и остана на тоа место со недели.
„Основното откритие во Дијанетиката беше точната анатомија на човечкиот ум“, напиша тој.
„Откритието за тоа што беше тоа што умот го обвиваше беше откритие на Скиентологијата.“
Предметот философија е многу стар. Зборот философија значи: „љубов, изучување или стремеж кон мудроста или кон познавањето на нештата и нивните причини, теоретски и практично“.
Сё што знаеме за науката или религијата, потекнува од философијата. Таа лежи зад и над целото останато знаење, што го имаме или користиме.
„Првиот принцип на мојата сопствена философија“ напиша Хабард, „е дека, мудроста е наменета за секој кој сака да посегне по неа. Таа е слуга, како на обичниот човек, така и на кралот и на неа не треба да се гледа со стравопочит.
Вториот принцип на мојата сопствена философија е дека таа мора да биде применлива.
Учењето заробено во мувлосани книги, не му користи никому и затоа, нема никаква вредност ако не може да се употреби.
Третиот принцип е дека секое философско знаење е корисно, само ако е вистинито или ако функционира.
Овие три принципи му се толку туѓи на полето на философијата, што јас на мојата философија ў дадов име: СКИЕНТОЛОГИЈА. Ова едноставно значи ’да знаеш како да знаеш‘.“
Намерата на Рон во текот на целиот негов живот, беше да го заврши своето истражување на загатката - човек, и да развие технологија што би го подигнала до повисоки нивоа на разбирање, способност и слобода - цел што тој целосно ја постигна со развојот на Дијанетиката и Скиентологијата. Рон секогаш сметаше дека не е доволно што тој самиот имал корист од резултатите на неговото истражување. Тој многу се грижеше да го забележи секој детал од неговите откритија така што другите ќе можат да го споделат богатството на знаењето и мудроста за да си ги подобрат нивните животи.
„Сакам да им помагам на другите и најголемо задоволство во животот ми причинува кога ќе видам како некој се ослободува од сенките што му ги помрачуваат деновите.
Не живеев манастирски живот и го презирам мудриот човек кој не живеел и учениот човек кој не сакал ништо да сподели.
Сум го видел животот од врвот надолу и од дното нагоре. Знам како изгледа во двата правци. И знам дека има мудрост и дека има надеж.
Зашто јас не познавам човек кој има право на монопол врз мудроста на овој универзум. Таа им припаѓа на оние кои умеат да ја применат за да си помогнат себеси и на другите.“
Неговите дела на темата човекот, умот и самиот дух, содржат десетици милиони публикувани зборови забележани во томови книги, ракописи и преку 3.000 снимени предавања и куси извештаи.
Денес, неговите дела секојдневно се проучуваат и применуваат во преку илјада дијанетички центри, скиентолошки цркви, мисии и организации ширум целиот свет.
манастирски: повлечен на некое тивко место; изолиран.
монопол: единечно поседување или контрола на нешто.