Секти

Д

Демијан

Гостин
Многу ме интересира за сектите,начинот на кои функционираат,какви видови секти има,кои се најраспространети, јас знам само за Харикришна и Црна ружа! Не сум мн запознаен во овие работи ако може да објасните
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Што е тоа Скиентологија?
"Целите на Скиентологијата се цивилизација без лудило, без криминалци и без војна, каде што способните луѓе можат да просперираат, а чесните можат да имаат права и каде што човекот слободно може да се издигне до поголеми височини.
Неполитична во својата природа, Скиентологијата срдечно го прима секој човек, од секоја вера, раса или нација.“
Скиентолошката религија смета дека човекот во основа е добар и ги нуди алатките кои секој може да ги користи за да стане посреќна и поспособна личност, која може да ги подобри состојбите во животот и во животите на другите.
Скиентологијата е учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми. Земено од латинскиот збор scio- знаење во потполна смисла на зборот и грчкиот збор logos- учење за. Сам по себе, зборот значи да знаеш како да знаеш. Скиентологијата е „рута“, пат, а не дисертација или наметливо самоуверено знаење. Низ нејзините вежби и изучување, човек сам може да ја открие вистината. Затоа, технологијата не е образложена како нешто во кое треба да се верува, туку како нешто кое треба да се прави.
Скиентологијата е едно тело на знаење кое се протега од одредени фундаментални вистини. Оние што го заземаат примарното место меѓу овие вистини се:
Човекот е бесмртно духовно битие.
Неговото искуство се протега многу подолго од само еден животен век.
Неговите способности се неограничени, дури и кога во моментот не се реализирани.
Исто така, Скиентологијата смета дека човекот е во основа добар и дека неговиот духовен спас зависи од него самиот, од неговите пријатели и од неговото постигнување на братство со универзумот.
Скиентологијата не е догматска религија која од човекот бара тој слепо да верува во сё. Единката сама открива дека Скиентологијата функционира, на тој начин што ќе ги применува нејзините принципи и ќе ги види или искуси резултатите од таа примена.
Крајната цел на Скиентологијата е вистинско духовно просветлување и слобода за единката.
"



Eве ти ја најголемата од сите секти.Читај,информирај се и свакај го сево ова напишаново под огромни наводници...
Ова е напишано од нив,го ставам пошто не сакам да ти наметнам мој став за скиентологијата,туку треба да си заземеш свој....Каков ке биде,тоа е твое...
 
Д

Демијан

Гостин
Добра ама знам дека и тука во Македонија дејствуваат многу секти!! Некои од нив учат дека не треба да веруваме во Господ и сл. Има и неколку книги напишани за овие секти и случувањата во и околу нив,како заведуваат луѓе на тоа нивно верување!Како на пр. Харикришна,Црна ружа, дали се овие секти толку лоши како што се збори или тоа се само обични и безопасни луѓе кои си имаат свое верување?Би сакал повеќе да постирате за сектите во Македонија
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Многу ме интересира за сектите,начинот на кои функционираат,какви видови секти има,кои се најраспространети, јас знам само за Харикришна и Црна ружа! Не сум мн запознаен во овие работи ако може да објасните

Тие таквите како тебе се секташи. Подобро да не знаеш ништо за сектите, отколку да научиш многу за нив и да си го промениш своето гледиште за религијата.
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Па добро што има лошо во тоа што се обидувам да дознаам повеќе!ако не темава може слободно у канта

Кога некој би ти тропнал на врата и почне да ти кажува некои такви работи и ти му викаш да да, да, да да, да... Тогаш потсвесно ти се менува мислењето. Во таков случај слободно тресни му ја вратата, или ако на улица некој ти даде некоја помала книга - слободно фрли ја. Значи мое мислење е дека во секој случај треба да реагираш секундарно, секое поинакво однесување од твоја страна ќе влијае лошо на тебе.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Од секта до секта има разлика.
Од Јеховини сведоци до Црна Ружа...
Имаат различна претстава за светот но сепак, тука некаде, слични им се ставовите.
Сум слушал урбани легенди, сум видел нивни членови(ок, бар така мислам) ама сега не знам дали е соодветно да ги постирам тука, можеби ќе прочита тој што не треба и така.

Ако сакаш нешто повеќе да дознаеш, адни ме на мсн. И не, не сум член на нити една секта. :)

Строго Православен христијанин.
 
Д

Демијан

Гостин
Кога некој би ти тропнал на врата и почне да ти кажува некои такви работи и ти му викаш да да, да, да да, да... Тогаш потсвесно ти се менува мислењето. Во таков случај слободно тресни му ја вратата, или ако на улица некој ти даде некоја помала книга - слободно фрли ја. Значи мое мислење е дека во секој случај треба да реагираш секундарно, секое поинакво однесување од твоја страна ќе влијае лошо на тебе.
Абе да мене мн ми доаѓале на врата со книгии се знае моето семејство е мн религиозно! и никогаш не ги цитам тие работи!ама мене друго ме интересираше дали е вистина тоа дека како што зборат ако влезеш не излегуваш и има некои убиства те условуваат да убиеш некој итн.Имам другарка која мн се интересира у такви работи и затоа сакав да кажете повеќе,ама изгледа погрешно сте разбрале!
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
ама мене друго ме интересираше дали е вистина тоа дека како што зборат ако влезеш не излегуваш и има некои убиства те условуваат да убиеш некој итн.


Има вистина.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Имаше книга на македонски.
Не ми текнува на името, кога ќе се сетам ќе ти пишам.
Ти распрашај се... Децата на демонот...сатаната така нешто се викаше.
 
Д

Демијан

Гостин
Имаше книга на македонски.
Не ми текнува на името, кога ќе се сетам ќе ти пишам.
Ти распрашај се... Децата на демонот...сатаната така нешто се викаше.
Па ако можеш да постираш некои од тие легенди што викаш дека си слушал(се разбира ако сакаш)Јас имам слушнато дека луѓе ги ословуваат да убијат некој член од неготово семејство,да имаат секс исто така..
П.С немојте да мислите дека сакам да влезам во некоја,туку чисто информативно прашувам:smir:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Реков, работава е далеку од нормалата.
Вакви ствари не пишам во јавност.

Со некои работи, не си играм.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Хм...ево ти: (овие работи ги имам чуено,затоа неможамд а кажам дека се тотална вистина,ама ке ти ги постирам)
-Во името на Црна Ружа,група деца извршиле масовно самоубиство,фрлајки се од зграда,убедени дека со тоа одат во повисоко ниво на постоење...
-Многу различни секти заведуваат деца.Отпрвен ги селектираат.Гледаат тоа да се деца со нестабилна позадина,со проблематично семејство,можеби со проблеми со дрога или алкохол.Тогаш им пристапуваат и им нудат "волшебно" решение за сите нивни проблеми.Секако,тоа мора да се плати.Посрекните ги пракаат одново на улица за регрутација на нови членови,а понесрекните...well...се жртви на педофилија и проституција.Најлошо од се,мозокот им е испран комплетно и тие се убедени дека ја прават вистинската работа,па кога родителите ке ги најдат,тие самите не сакаат да се вратат.Ете затоа нема вракање од секта.
-Извршени се убиства,од страна на такви деца,по наредба на повисоките органи во сектата.
-Се на се,има премногу факти дека сектите се ненормални и неморално здруженија,со една цел,навидум идеологија,во суштина профит и ги употребуваат сите можни средства за постигнување на таа цел,ставајки го притоа значењето на човечкиот живот на најдолно можно скалило.
Размисли.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom