Не знам дали се имам произнесено на темава а имаше многу страни за читање. Ако сум го искажал мојот став, ова ќе биде надополнување/обнова. Ако не, ја го.
За најголем дел од вас спаѓам во групата "друга религија/националност".
Поради поставеноста на работите во мојот живот онака како ми беа поставени, немав друга среќа освен онаа да израснам во околина во која најголем дел спаѓаа во групата "друга религија/националност" за мене. Така продолжи да ми се гради животот и понатаму, значи останав во постојан контакт со "вашите". Земајќи го во предвид она што го реков нешто погоре, се сметам себеси за open minded. И тоа доста многу. Сум бил во врска со албанка, македонка и босанка. Не можам да речам дека сите подеднакво сум ги сакал, или дека ми се мили подеднакво, но не поради религијата/националноста, туку поради нивната индивидуа. Кога размислувам за мојот партнер, ја замислувам како личност со која се исполнуваме, а не како религија или националност.
Се до пред некој ден. Последната врска (со македонка) ми беше уништена бидејќи нејзините и забранувале да биде со албанец. Не беше некоја врска сеуште, беше во својата "младост" па не знам како ќе одеше понатаму, можеби немаше и така да бидеме долго (вечно) заедно, но беше убиена поради националноста.
Поради тоа жалам. Жалам бидејќи јас сум погрешната личност према која треба да покажеш и искажеш национализам а токму мене ми се случи национализмот.
Расисти.