Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Ako zborame za druga religija togas posledno koga proveriv bea i Italiancite i Spancite hristijanii .Mene licno nikogas ne mi smetalo i ne sum sudela luge po vera ili nacionalnost ama jas ziveam vo sredina kaj so site sme ednakvi a vo Makedonija za zal ne e istoto .Da bi ziveala Mkd bi se pomislila mnogu dali bi stapila vo takov brak najmnogu poradi idni deca ...
A inace Bibuska Italianec idi vo predvid samo ako e Canavarro :)
 
Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
ragazza напиша:

Се ми е јасно но мораш да ми го објасниш болдираниот дел...навистина што не е истото ???
 
Mia

Whisper of an angel
Член од
22 јануари 2006
Мислења
579
Поени од реакции
5
Не сум ама воопшто против таков брак или врска. Не знам само до кога ќе ги делиме луѓето по верска и национална припадност. Постојат само добри и лоши луѓе.Подобро да бидеш со некој добар човек од друга религија или националност одколку со лош од иста религија или националност.
 
ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Allita напиша:
Се ми е јасно но мораш да ми го објасниш болдираниот дел...навистина што не е истото ???
Pa lesno se objasnuva to ima golem del luge vo Makedonija sto ne se tolerantni sprema luge od druga nacionalnost ili vera . Mnogu rasiticki e golem del od narodot nastroen , to mi bese muabetot .Vidi samo vo kolumata sozivot so albancite na glasanje ke e tie pojasno so mie muabetot. Baska vo <mk vo takov brak mora da se boris protiv site za minimalni nesta a vo ragacija nema potreba sekoj si go gleda svojot domasen esap , komsite i sograganite se mnogu malce bitni.
 
Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
ragazza напиша:
Pa lesno se objasnuva to ima golem del luge vo Makedonija sto ne se tolerantni sprema luge od druga nacionalnost ili vera . Mnogu rasiticki e golem del od narodot nastroen , to mi bese muabetot .Vidi samo vo kolumata sozivot so albancite na glasanje ke e tie pojasno so mie muabetot. Baska vo <mk vo takov brak mora da se boris protiv site za minimalni nesta a vo ragacija nema potreba sekoj si go gleda svojot domasen esap , komsite i sograganite se mnogu malce bitni.

во ред...општеството ни е такво и има доста малограганштина во секоја пора на истото, тоа е друга тема на разговор (на темата соживот реплицирав од иритираност, има соживот, но и во едно семејство кога едниот влече на една страна, а друг сака да остане мир и спокојство не успева ништо, а првата се исти ) , но доста е што има луге кои се борат тоа да го покорат на еден начин, можеби бијдеки сум дете на родители од различни националности и не ги гледам така работите...јас досега не сум почувствувала на своја кожа разлика ниту тука ниту во државата од каде потекнува мајка ми...се оградувам од сите работи и воопшто не ми е битна работа кој од каде е и какви националистички чувства носи во себе, јас си живеам ко во рагација...комшиите не знам ни кои се ниту од каде се, а тоа кој што кажал воопшто не ме интересира се дружам со луге кои ми се мили и кои ги сакам и почитувам и то...би сакала сите така да размислуваат, но ако се одлучиш за човек кој и да е воопшто не е битен фактор тоа која националност или религија е, било да си тука во македонија или во рагација сеедно.
 
SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Не е точно дека кај нас во Македонија се луѓето вакви такви или онакви. Ако е за пример пред некоја година читав за некоја група која била уапсена во Стокхолм а која планирала бомбашки напади врз доселеници тоа кај на пример го нема. и не е ниакква срамота што не се земаат со луѓе од друга националност па партнерот си го бираш да биде сличен на тебе а не скроз различен и да му ја мислам детето како ќе се викало кој празник дома да славиме и бла бла. Тоа замара.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Slack, во прашање е индивидуално чувство за тој проблем кај секого од нас, иако праксата во Македонија покажала дека конкретно бракови кои се склучени помеѓу припадници на различни религии најчесто се катастрофа. За национално мешаните бракови е нешто сосема друго, на пример помеѓу македонци и срби, бугари...па и хрвати иако се католици за разлика од нас. Јас конкретно имам две тетки омажени за хрвати католици многу одамна и браковите им се прекрасни! Но христијани и муслимани во ист брак некако тешко би функционирале, нема шанса. Би морале обајцата да бидат тотални атеисти, но и тоа е тешко да остане како такво затоа што на поодмината возраст луѓето се сколони да се вртат кон религијата на своите татковци и дедовци и обично тогаш започнуваат конфликтите.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
SLaCk напиша:
Не е точно дека кај нас во Македонија се луѓето вакви такви или онакви. Ако е за пример пред некоја година читав за некоја група која била уапсена во Стокхолм а која планирала бомбашки напади врз доселеници тоа кај на пример го нема. и не е ниакква срамота што не се земаат со луѓе од друга националност па партнерот си го бираш да биде сличен на тебе а не скроз различен и да му ја мислам детето како ќе се викало кој празник дома да славиме и бла бла. Тоа замара.
Аман со празниците!
Виде и сам дека неколку девојки тука се деца на мешан брак. Можам само да кажам дека ај што не им фали ништо, туку и се за пример и пофалба како гледаат на "големиов проблем", а и во какви личности се оформени.
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Едно дете се оформува како личност во зависност од тоа родителите колку ќе се грижат да го истераат на прав пат, колку ќе бидат добри родители, колку ќе се трудат детето да ги почитува вредностите, да знае да ги цени луѓето, парите. А не од тоа дали едниот од родителите ќе биде од друга вера. Со љубов двајцата можат да најдат решение како нивното чедо да се ориентира низ животот и да остане со здрав разум и свест.
 
SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Само ми е интересно што некои луѓе како намерно да бараат човек од друга националност за да се земат со него/неа. А секој како сака негово си е. А празниците ми значат многу, исто и името на моето дете (кога ќе го имам). И како што кажа Мандрак католик, православен може да функционира иако се од друга националност. Ама со муслимани тешко бидејѓи како што кажа он треба да се двајцата атеисти и да ги заболе за националноста. и сите споменувате некакви решенија компромиси да бракот е составен од многу компромиси ама не мислам да се додаваат уште милион други а во такви работи ќе треба да има уште милион компромиси.
 
Кој тоа? Кажи ни пример и ние да се насмееме, иако тоа нема врска со темава. Тука разговараме за тоа кога непланирано би се заљубиле двајца од различна религија/националност. А што демек католик - православен може да функционира, а православен - муслиман не? Еми како тоа? Ако се слични првите две религии не значи дека се исти и дека нема и во нив различни празници итн. Кога ќе слават Божиќ мажот и жената во тој случај? Во која црква ќе одат на празници? Кај ќе се венчаат?
Не зборувајте на празно ... све што не е исто е различно.
 
SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Што да ви кажам пример кога не ги знаете луѓето. Католицизмот и православието се два правци од иста вера - Христијанската. Има многу слични работи иако некои се различни. Што е разликата ако два пати славиш Божиќ кога ја славиш истата работа. Исто и за Велигден. Во црква католичка сум влегол и не ми е нешто туѓо, и во џамија сум влегол ама не е слично ништо со нашата црква. Ние сите протестанти, католици, православни веруваме во Исус Христос црквата е божји храм и не сум правел разлика меѓу црквите затоа што така и се викаат ЦРКВИ па после ги делиме на католички православни и тн. А џамија си е џамија. А што е слично на нашата вера со верата на муслиманите? Ништо. Не зборувам на празно ама не сакам ни да извртувам некои тези и да се праам слеп при очи. Не пропагирам ни да се земаат православни со католици најдобро е секој со своите а за дружење нема врска.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
licno jas nemam nisto protiv vrska ili brak megu partneri so razlicna religija ili nacionalnost no vo moeto opkruzuvanje poveketo luge se protiv ama mislam deka so tek na vreme i so doaganjeto na novite generacii se ke se izmeni i toa vo bliska ili podalecna idnina nema voopsto ni da se postavuva kako prasanje tuku ke se prifati kako normalna rabota.
 
NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Абе Слеки, се заеба сега... Коранот е многу сличен со библијата. Имаат само еден пророк вишак, т.е. Мухамед.
Другите се прекрстени... Мислам и дека Исус го има негде, ама Мухамед им е главниот даса.
 
SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Не знам што сум се зезнал? Темава не е слишностите и разликите меѓу муслиманите и христијаните ама ајде. Не сум го читал Коранот, ама имам читано за него. И тоа што го кажувам е точно, далеку од паметот е да кажеме дека христијанството и муслиманството е слично. Ниту се заснова на исти принципи ниту имаме слични традиции, почнувајѓи од молитви завршувајѓи со концептот на организација на црквата/џамијата. уствари отвори друга тема па може некој теолог ѓе се најде ѓе објасни подобро тоа што го знае секој лаик.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom