Мини варени ѓевречиња
Се замесува тесто од две коцки квасец, 400 мл млака вода, 1 ипол лажичка сол, пола филџан зејтин и 900 грама (горе-долу) брашно.
Подгответе го шербетот:
Стопете 10 лажици шеќер (не мора потполно, за да не загори), потоа додадете 1 литро вода, и нека зоврие.
Нема потреба од стасување на тестото, затоа поделете го на произволни топчиња (мене ми излегоа 38) и формирајте мали ѓевречиња.
Истовремено додека ги формирате, спуштајте ги во зовриениот шербет, едно 20тина секунди (да нараснат, да почнат да пливаат на површината) и валкајте ги во сусам.
Наредете ги во подмачкано тавче и печето во загреана рерна. Не мора да оставате многу простор измеѓу, бидејќи највеќе нараснуваат во варењето.
После печењето:
Излегоа 38 ѓевречиња, ги правевме сабајлево со мајка ми (пожелно е двајца, за едниот да формира ѓевречиња, а другиот да ги вари, да не престасаат), а останаа уште 6, па сеа вие рачунајте.
(+пмс
)
Може да ставите и 2 лажички сол, зависи дали ги сакате посолени или не, бидејќи од шербетот попримаат благ шмек. Но се многу вкусни.
Планирам нареден пат да направам переци со истово тесто и да додадам сол одозгора, наместо сусам.