Сончоглед погача
Состојки:
500 грама брашно
90 мл маслиново масло
200 мл суво бело вино
2 лажички сол
За фил:
350 грама обарен спанаќ
350 грама Рикота сирење (како замена може да се користи урда)
1 јајце
100 грама рендан кашкавал (Подравец, Гауда)
1 лажица презла
сол, црн пипер
1 јајца (за премачкување)
Подготовка:
Во сад за месење, ставете го брашното, солта, маслиновото масло. Замесете тесто, а постепено додавајте го виното. Тестото добро местете го за да биде меко. Поделете го на два дела и оставете го да стои во садот за месење, покриен со кујнска крпа.
Во меѓувреме припремете го филот. Спанаќот ситно исечкајте го и промешајте го со Рикота сирењето. Потоа во садот со спанаќ додадете го јајцето, солта, пиперот и ренданиот кашкавал. Добро измешајте ги сите состојки.
Од двете топки тесто, со помош на сукало развлечете кори во форма на круг, со дијаметар околу 30 см.
Во тава за печење, ставете хартија за печење. Над харијата, ставете ја првата кора од тесто. Над неа посипете со презла. Во средината на кората нанесете полутопка од филот, како што е прикажано на сликата. Потоа направете прстен од филот по краевите на кората (следете ги инструкциите на сликата).
Ставете ја втората кора над филот. Во средината поставете сад со кружен облик, а краевите притиснете ги со вилушка.
Извадете го садот. Прстенот од сад и фил, исечете го на делови со големина од 3 см, како што е прикажано на сликата.
Во средината на погачата ставете помал кружен сад и внимателно вртете ги парчињата, така што филот треба да биде од горната страна.
Средниот дел, премачкајте го со јајце и ставете семки од сончоглед.
Погачата печете ја во загреана рерна на температура од 180 степени за време од 30 минути, додека не се добие убава румена боја.
Oва ми изгледа превкусно и мора да се напраи