shumecha.tableta
Модератор
- Член од
- 26 декември 2013
- Мислења
- 3.324
- Поени од реакции
- 17.788
Состојки:Добар рецепт за лења пита?
4 јајца
1 шоља шеќер
1 шоља јогурт
1 шоља масло
2 шољи брашно
1 пециво
1 кг јаболка
3 лажици масло
3 лажици гриз
1-2 лажички цимет
1/3 шоља мелени ореви
2 лажици мед
Јајцата се матат со шеќерот. Се додава јогуртот со маслото, па кога ќе се измати убаво и брашното измешано со пецивото. Со помош на лажица убаво се промешува. Смесата се дели на два еднакви дела. Во намастен сад се става првата половина и се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути.
Во меѓувреме се пропржуваат јаболките со шеќерот. Тргнете на страна, додајте го гризот, циметот, оревите и медот (пробајте за вкус, бидејќи од киселоста на јаболката ќе зависи дали смесата е доволно или повеќе блага).
Така потпечениот пандишпан се премачкува со подготвениот фил, а одозгора се распоредува вториот дел од пандишпанот. Продолжувате со печење, додека да се испече горната кора. Кога ќе се олади, се посипува со шеќер во прав.