Секакви рецепти

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од The`bItCh, 6 август 2005.

  1. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    Крокети Монсињор

    потребни производи

    - 100 гр. пршута
    - 1 паштета
    - 150 гр. павлака
    - 50 гр. маргарин
    - 8 парчиња леб
    - 100 гр. шунка
    - 50 гр. пармезан
    - мајоран
    - црн пипер

    подготовка на ова предјадење

    На даската за сечење на парчињата леб им ги отстрануваме корките. Во садот со павлака ја додаваме паштетата. Додаваме од пармезанот. Зачинуваме со мајоран и мелен црн пипер. Со вилушка убаво промешуваме додека не добиеме хомогена смеса. Со нож земаме од смесата и нанесуваме врз срединките леб. Потоа врз филот ставаме од парчињата пршута. Доколку немате доволно пршута крокетите Монсињор ќе бидат исто вкусни ако им ставите парчиња шунка. Врз пршутата или шунката ставаме по уште една срединка леб. Со готварски конец ги врзуваме крокетите.
    На оган ставаме тава за пржење и во неа свинска маст и масло за јадење. На загреаната мрснотија ги ставаме да се пржат крокетите. За време на пржењето ги превртуваме за да бидат убаво испржени од сите страни. Испржените крокети ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија врз хартијата за да впие од мрснотијата. Крокетите Монсињор ги наросуваме со пармезан. Потоа од крокетите го отстрануваме готварскиот конец. Врз крокетите нанесуваме од преостанатиот фил. Врз филот ставаме парче пршута. Една маслинка ја сечкаме на тенки кругови. Со круговите маслинка ги декорираме крокетите Монсињор. Потоа крокетите ги ставаме на чинија за сервирање врз хартија.

    Крокети од зеленчук

    потребни состојки:

    - 1 морков
    - 50 гр. сув спанаќ потопен во вода
    - корен од пашканат
    - 1 компир
    - корен од целер
    - 2 јајца
    - 100 гр. путер
    - рендано морско оревче
    - 3 лажици брашно
    - масло за јадење
    - сол и црн пипер

    подготовка

    На даската за сечење компирот го сечкаме на коцки и го ставаме во тенџере да се вари на оган. Потоа на парчиња го сечкаме коренот од пашканат, а на кругови морковот, па ги ставаме да се варат во друго тенџере на оган. Потопениот сув спанаќ го цедиме во цедалка. 50 гр. сув спанаќ 15 минути потопен во студена вода заменува 1 кг. свеж спанаќ.
    На оган ставаме тава и во неа путер да се растопи. Потоа во тавата го додаваме исцедениот спанаќ, го посолуваме и го зачинуваме со мелен црн пипер. И водата во двете тенџериња ја посолуваме и тенџерињата ги покриваме со капак. За време на пржењето спанакот го промешуваме, а варениот зеленчук од двете тенџериња го цедиме низ цедалка. Испржениот спанаќ и сварениот зеленчук ги ставаме во блендер и ги миксираме. Добиената смеса ја ставаме во поголем длабок сад. Додаваме путер и промешуваме. Потоа во садот додаваме жолчка, 3 лажици брашно и рендано морско оревче. Во садот ги додаваме преостанатата жолчка изматена со белките и лебни трошки за смесата да ја добие потребната густина за формирање крокети.
    Крокетите ги формираме со раце, ги валкаме во изматени јајца, па во лебни трошки и ги редиме на чинија. На оган ставаме тава и во неа масло за јадење. На загреаното масло ги ставаме крокетите да се пржат. Киселите краставици ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот со мајонез. Наросуваме мелен црн пипер и промешуваме со лажица. Испрените крокети ги вадиме од тавата и ги редиме на чинија обложена со хартија за да ја впие мрснотијта. Ги оставаме крокетите да се изладат. Чинијата за сервирање ја украсуваме на двата краја со листови зелена салата. Потоа на средината на чинијата ги редиме крокетите од зеленчук. Еден лимон го сечеме на тенки кришки и со него ја декорираме чинијата за сервирање, а крокетите ги преливаме со претходно подготвениот прелив од мајонез и кисели краставици.

    Крокети од ориз

    потребни производи:

    - 100 гр. Варен ориз
    - 50 гр. Рендан кашкавал
    - 50 гр. путер
    - 100 мл. млеко
    - 4 јајца
    - 200 гр. Доматно пире
    - лебни трошки
    - брашно
    - Ѕ1/2 рендано морско оревче
    - 70 гр. масло за јадење
    - сол И црн пипер

    подготовка на ова предјадење

    На оган ставаме една тава И во неа ставаме путер да се растопи. Во тавата додаваме 4 лажици брашно И мешаме со лажица. Потоа во тавата го додаваме млекото. Мешаме со жица за матење. Со тоа бешамел сосот е подготвен.

    Во еден поголем длабок сад го ставаме претходно сварениот ориз. Го додаваме ренданиот кашкавал, и додаваме рендано морско оревче. Посолуваме. Две јајца кршиме, ги двоиме жолчките од белките И жолчките ги додаваме во садот со оризот И кашкава лот, а белките ги оставаме во еден сад настрана. Содржината во садот ја мешаме додека не се соединат состојките. Потоа во садот го додаваме бешамел сосот. Убаво промешуваме додека не добиеме хомогена смеса. Ги кршиме преостанатите 2 јајца И ги матиме со вилушка. Од добиената смеса во садот со раце формираме крокети кои ги ставаме на чинија.

    На оган ставаме една тава И во неа додаваме 70 мл. Масло за јадење. Крокетите ги валкаме најпрво во брашно, потоа во изматените јајца И на крај во лебните трошки. Потоа крокетите ги ставаме да се пржат на загреаното масло. Убаво заруменетите крокети ги вадиме од тавата И ги ставаме на чинија. Потоа крокетите ги редиме на чинија за сервирање. На двата краја на чинијата ставаме доматно пире. Декорираме со гранче магдонос на средината на чинијата.

    Крокети од бакалар

    - 4 парчиња од ослиќ
    - лебни трошки
    - 2 главици кромид
    - 2 јајца
    - 1 дл. Млеко
    - 1 китка магдонос
    - маслиново масло
    - сол и црн пипер


    На оган ставаме едно тенџере со малку вода. На даската за сечење ситно ги сечкаме 2 главици кромид. Сечканиот кромид го ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа ситно го сечкаме магдоносот и него го ставаме во садот со кромидот.
    Во тенџерето на оган го додаваме млекото и го поклопуваме со капак да се загрее. Откако млекото е загреано во него на кратко ги спуштаме парчињата ослич и потоа со лажица решетка ги вадиме во еден длабок сад. Ги земаме парчињата риба едно по едно и прво им ги отстрануваме коските. Потоа со нож месото од рибата многу ситно го сечкаме и го додаваме во садот со кромид и магдонос. Во садот со смесата додаваме едно јајце, посолуваме и додаваме црн пипер. Смесата со лажица убаво ја промешуваме, па ги додаваме и лебните трошки. Уште еднаш ја промешуваме смесата и ја оставаме настрана.

    На оган ставаме една тава за пржење и во неа додаваме поголема количина маслиново масло. Додека маслото се загрева смесата со раце убаво ја месиме, додаваме уште малку лебни трошки и формираме топки. Ги оставаме топките на даската засечење. Во меѓувреме во еден сад кршиме едно јајце и го матиме со вилушка. Ги земаме подготвените топки една по една, ги валкаме прво во брашно, па во разматеното јајце и на крај во лебните трошки. Вака подготвени ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Ги пржиме додека не поруменат од сите страни и потоа со голема лажица ги вадиме на чинија за сервирање. На даската за сечење ситно сечеме неколку листови зелена салата и еден излупен домат. Испржените топки ги редиме на четирите страни на чинијата, во средината ја ставаме зелената салата, апразнините од чинијата ги пополнуваме со парчињата домати. Врз зелената салата ставаме малку варена пченка. Сечеме неколку тенки кругови лимон, па секој од круговите од едната страна го засекуваме. Парчињата лимон ги правиме во форма на пеперутка и по едно ставаме врз секоја топка.

    Крокети од шпагети

    потребни состојки

    - 200 гр. шпагети
    - лебни трошки
    - 2 лажици брашно
    - 100 гр. шунка
    - 1 лажица рендано сирење
    - 4 јајца
    - 100 гр. мајонез
    - брашно
    - 150 мл. млеко
    - 1 кисела краставица
    - 1 морско оревче
    - масло за јадење
    - сол и црн пипер

    подготвка

    Водата во тенџере за тестенини на оган ја посолуваме. Во тенџерето додаваме масло за јадење. Ги додаваме и шпагетите искршени на половина. Оставаме шпагетите да се варат.
    Шунката ја сечкаме на коцки. На оган ставаме тава за пржење. Во неа ставаме масло да се загрее. Додаваме 2 лажици брашно. Мешаме за време на пржењето. За време на варењето шпагетите ги промешуваме. Во тавата додаваме уште една лажица брашно. Непрекинато мешајќи прво со лажица, а потоа со жица за матење во тавата го додаваме млекото. Ја тргаме тавата од оган. И тенџерето со сварените шпагети го тргаме од оган. Ја вадиме цедалката од тенџерето. Ги плакнеме шпагетите со студена вода. Ги оставаме шпагетите да се исцедат.
    Кршиме едно јајце и ја делиме белката од жолчката. Жолчката и две лажици рендано сирење ги додаваме во тавата. Во тавата ја додаваме исчканата шунка. Мешаме со жицата. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Во тавата го рендаме и морското оревче. Промешуваме со жицата. Исцедените шпагети ги ставаме на даската за сечење. Со нож ситно ги сечкаме. Исечканите шпагети ги ставаме во поголем длабок сад. Во садот ја додаваме содржината од тавата. Додаваме и 1-2 лажици лебни трошки. Промешуваме, а потоа смесата ја мешаме со рака. Со раце земаме од смесата и ги формираме крокетите во различни фирми. Топчиња, ќофтиња и конуси. Преостанатите јајца ги кршиме во подлабок сад. Ги матиме со вилушка. Секој од крокетите го валкаме во брашно, во изматени јајца и во лебни трошки. Вака подготвените крокети ги редиме на даската за сечење.
    Во тава на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло ги ставаме крокетите да се пржат. За време на пржењето ги превртуваме крокетите во тавата.
    Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Го исклучуваме огнот и крокетите ги ставаме на чинија ибложена со хартија, за да ја впие мрснотијата. Ги редиме крокетите на чинијата за сервирање. Украсуваме со шери домати. На ситната страна од рендето ја рендаме киселата краставичка. Изренданата краставица ја додаваме во садот со мајонез. Промешуваме. Со лажица од тартар сосот ставаме врз крокетите. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња магдонос.
     
    Последно уредено од модератор: 29 ноември 2014
    На maja-maja и MacedoniaTimeless им се допаѓа ова.
  2. ThA-BiTcH

    ThA-BiTcH ~*~Blonde Bitch With a Brain~*~

    Член од:
    23 септември 2005
    Мислења:
    4.339
    Допаѓања:
    52
    Раскошна рибља чорба
    (за 4 особе)

    4 кашике маслиновог уља
    2 празилука
    1 целеров корен
    1 кромпир
    1 шаргарепа
    1/2 црвене паприке
    3 чена белог лука
    375 грама парадајза
    500 грама филета разне беле рибе
    1 литар рибље основе за супу
    500 ml сувог белог вина
    5 гранчица босиљка
    1 кашичица насецканог першуна
    1/4 кашичице сушеног зачинског биља
    1/4 кашике кајенске паприке
    со и бибер
    препечен хлеб са сиром
    Загрејте уље у дубокој посуди, додајте насецкан празилук, целер, кромпир, шаргарепу, црвену паприку и бели лук, па лагано пржите 5 минута, тј. док поврће не омекша. Повремено мешајте.
    Додајте ољуштен и исецкан парадајз и рибу и кувајте 3 минута. Додајте основу за супу, вино, босиљак, першун и мешано зачинско биље, па оставите да се лагано кува 35 минута.
    Измиксирајте, а потом још процедите да бисте добили сасвим глатку чорбу.
    Вратите чорбу у посуду и опрезно загрејте. Додајте кајенску паприку, со и бибер. Украсите хлебом и гранчицама босиљка.


    Рибља чорба на далматински начин
    лубин, зубатац или шкарпина
    1-2 главице лука
    4 кашике уља
    5-6 зрна бибера
    200 грама пиринча
    2 кашике винског сирћета
    ловоров лист
    Рибу добро очистити и кувати у сланој води око пола сата. Додати бибер, лук и ловоров лист. Кувану чорбу процедити, додати пиринач и кувати још око пола сата. Закиселити је винским сирћетом, посолити и послужити топлу. Рибу из чорбе можете послужити као хладно пред
     
    На maja-maja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. The`bItCh

    The`bItCh AdJuStAbLe mAdNeSs

    Член од:
    22 јануари 2005
    Мислења:
    4.908
    Допаѓања:
    102
    Рибља чорба
    - 1 пастрмка од 500 гр.
    - Еден корен од пашканат
    - 2 моркова
    - половина корен од целер
    - 1 лимон
    - магдонос
    - брашно
    - црн пипер во зрна
    - маслиново масло
    - сол и мелен црн пипер

    На даската за сечење пастрмката ја сечеме на поголеми парчиња. Парчињата риба ги ставаме во тенџере со вода на оган. Водата е зачинета со црн пипер во зрна. Пашканатот, морковот и целерот ги ставаме на скара малку да се запечат. Неколку пати ги превртуваме за да бидат рамномерно испечени од сите страни. Од тенџерето во кое се вари рибата ја отстрануваме пената која се зафаќа на површината. Потоа во тенџерето ги додаваме запечениот пашканат, моркоv и целер. Тенџерето го покриваме со капак и оставаме да врие. Откако рибата е варена тенџерето го тргаме од оган. Зеленчукот го процедуваме низ цедалка, а парчињата риба ги редиме на даската за сечење. Водата во која се вареа рибата и зеленчукот, процедена во друго тенџере ја ставаме повторно на оган. Од парчињата риба ги вадиме кожата и коските. Месото од рибата ситно го сечкаме и го ставаме во тенџерето на оган.
    И зеленчукот го сечкаме на ситни коцки, па и него го додаваме во тенџерето. На оган ставаме тава за пржење и во неа ставаме мааслиново масло да се загрее. Во загреаното масло ставаме 2 лажици брашно, промешуваме и оставаме да се пржи. Половина лимон цедиме во цедалка, а сокот го додаваме во тенџерето. Откако брашното ќе добие златно-жолта боја со црпалка земаме од чорбата од тенџерето и ја разредуваме запршката. Потоа запршката од тавата ја претураме во тенџерето и ја промешуваме чорбата. Зачинуваме со мелен црн пипер и посолуваме. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето. Тенџерето го покриваме со капак и оставаме чорбата уште малку да поврие со запршката. Го тргаме тенџерето од оган и чорбата ја претураме во чорбалок. Потоа со црпалка црпиме од рибјата чорба и ставаме во чинии за послужување чорба.
     
  4. LiquidHeII

    LiquidHeII хемичар

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    178
    Допаѓања:
    3
    Ова ми е омилена афродизијак салата

    100г ореви
    50г бадеми
    50г индиски ореви
    50г фастаци

    се добро измешано и прелиено со мед, потоа над медот истураме (доволно) рум (прво медот после румот во спротивно ке се направи каша)
     
  5. Misirkov

    Misirkov Модератор

    Член од:
    17 март 2005
    Мислења:
    11.517
    Допаѓања:
    1.531
    Da, taa smesha dosta dobro zvuchi...

    Slichno e so koktel od meleni orevi, pasirana banana, mleko i med (ili javorov sirup) - neshto kako shejk. No tuka treba da se napravi "kasha" t.e. da se izmati smeshata.
     
  6. vlatkolik

    vlatkolik ~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~

    Член од:
    17 мај 2007
    Мислења:
    2.648
    Допаѓања:
    28
    или така наречена секси салата,доста вкусно мхмх :wink:
     
  7. mary_jane

    mary_jane

    Член од:
    17 август 2005
    Мислења:
    1.410
    Допаѓања:
    22
    Бидејќи мешето ми кркори страшно и страшно ми се јаде, ќе ви постирам рецепт од она што би ме направило најсреќна во моментов,:pipi:


    Не се воопште тешки за правење, меѓутоа бараат малце време, кое на крај верувајте се исплати, нема ништо подобро од домашно направена тестенина...Пробајте:

    РАВИОЛИ

    Состојки

    • 5 шољи брашно
    • 5 јајца
    • 1 лажиче сол
    • 1 лажица зејтин
    • вода
    Фил

    • 300.гр бело сирење гмечено со вилушка
    • 1 јајце
    • малку нане
    • сол и бибер
    Состојките за филот добро се промешуваат.
    Месиме меко тесто од брашното,јајцата,соллта,зејтинот и додаваме вода колку што е потребно.Тестото го оставаме 1/2 ч да се одмори ,покриено.Со сукало отвараме кора 1/2 цм на предходно обрашнена подлога.Со чаша или алатка(види фото) вадиме кругови.Ставаме фил во секој од круговите и краевите ги мачкаме со матена белка.Ги преклопуваме во полукруг и со вилушка ги стискаме краевите за да не излезе филот при варење.Ставаме вода на оган да зоврие со малку сол.Ги ставаме равиолите и ги мешаме за да не се залепат.Кога се готови ги сервираме.(може и да ги смрзнете).
    По желба се става и кечап.

    [​IMG][​IMG]
    Bonn appetite !

    Брза пита

    Состојки


    • 1кг кори за баклава
    • 1 коцка свеж квасец
    • лалку вода
    • малку зејтин
    • фил по желба
    Квасецот се става во вода со малку шекер да стаса.Секоја кора се премачкува со зејтин па со квасец.Кога ке намачкаме 5 кори ги филуваме ,ги виткаме во ролат па во полжав и ги ставаме во округла тава.Така продолжуваме со другите кори се додека не ги потрошиме.Ја премачкуваме питата со квасецот и со зејтинот и ја печеме околу 20-30 мин на 180 Ц.
    Ако ја правите со сирење ставите малку суво нане и копар во филот.По шмекерска е :wink:
     
    Последно уредено од модератор: 30 ноември 2014
  8. Pere

    Pere

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    1.577
    Допаѓања:
    34
    Филети од морска риба

    Потребни намирници
    - 2 филети од морска риба
    - 1 модaр патлиџан
    - неколку обични домати
    - масло за јадење (зејтин)
    - магдонос (исклучиво природен, не оној што го има во продавниците во ќеси)
    - сол
    - бибер
    - лимон
    - морков
    - сирење

    Припрема:
    Во сад најпрво се става од маслото се попрскува целата површина на садот каде што ќе ги печете филетите потоа низ целата површина се редат обични домати кои се претходно исечени на тенки парчиња. Врз обичните домати се редат филетите од морска риба, а над рибата се реди модриот патлиџан кои претходно се сече исто така на тркалезни тенки парчиња. Потоа се става магдоносот кој морате да го исечете во најситни можни делови (погледнете некоја емисија за кулинарство да видете како го прават тоа куварите, само внимавајте со ножот) и истиот го редите врз модриот патлиџан. Потоа ставате сол и бибер по вкус и јадењето е спремно за во рерна.

    Филетите се печат околу петнаесетина минути на темература од 200 степени.
    [​IMG]

    Сервирање:
    Откако ќе се испечат филетите заедно до обичниот и модриот патлиџан ќе формираат едно вкусно јадење кое требе да се сервира за да добиете убав изглед покрај убавиот вкус.

    Земете голема чинија. Од левата страна ставете еден лист од зелка и на листот ставете две од филетите, врз филетите ставете по две парчиња од лимон, преостанатиот дел од чинијата искористето го за да ја сервирате салатата.

    Салата:
    Најдобра салата со филетите се морков и сирење, изрендајте морков и ставете го на слободниот дел од чинијата, а до него исечете сирење во мали коцки и ќе добиете совршен изглед каде што ќе има привлечни бои.

    Пијалок:
    Нормално најдобар пијалок за со риба е бело вино. Јас ви препорачувам Александрија.

    Добар апетит!

    п.с Рецептов го пишував за www.romanticni.com.mk еф го сега и за кајганџиите :)
     
    Последно уредено од модератор: 29 ноември 2014
  9. Pere

    Pere

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    1.577
    Допаѓања:
    34
    Пилешки гради со зеленчук
    Рецептот е за двајца

    Потребни Состојки
    2 Пилешки гради (подкопани)
    200гр. Морков
    200гр. Компир
    2-3 Домати
    една конзерва томатен сос
    црн бибер
    сол
    вегета
    дополнително можете да ставите: грашок, пиперки, кромид....

    Подготовка
    Во сад кои претходно сме го попрскале со масло и сме ставиле малце вода ги ставаме пилешките гради кои се подготвени со сол, црн бибер и вегета потоа ги сечеме компирите како за пржење и ги ставаме во садот истото го повторуваме и со морковите и доматите (и доколку ставите пиперки исто), значи го сечеме зеленчукот на лентички како компир за пржење.

    Тоа би изгледало вака
    P140209_12.30.jpg

    За крај само додадете го доматниот сос и ставајте во рерна (доколку немате доматен сос, тогаш исечете ситно на коцки 3-4 домати:))

    Се пече 65мин на 220 степени.

    А крајот би изгледал вака...
    P140209_14.44.jpg

    Секако со ручекот пожелно е и црвено винце мхм мхм мхм

    Наздравје :smir:
     
    Последно уредено од модератор: 28 ноември 2014
  10. Pere

    Pere

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    1.577
    Допаѓања:
    34
    Свинско со компирчиња + салата (доколку сакате и јајце на око )

    Потребни состојки:
    Свински котлети
    Компири
    Макарони
    Туна
    грашок
    кечап
    зачини

    Подготовка:
    Месото - Најпрво се зачинува, многу нормално а потоа во зависност од условите се прже или пече на скара, јас преферирам скара (ама немам услови за тоа :( )

    Компирите се пржат на секој му е јасно како :)

    Салатата од макарони:
    Се варат макароните заедно со грашокот и одкако ќе бидат готови се исцедува водата и се мешаат со туна.

    Додаток: Можете за секоја порција да испржите по едно јајце на око

    Краен резултат:
    P080109_19.43.jpg

    Добар апетит:smir:
     
    Последно уредено од модератор: 28 ноември 2014
  11. Pere

    Pere

    Член од:
    31 јули 2007
    Мислења:
    1.577
    Допаѓања:
    34
    Ориз со ракчиња и зеленчук (мњам, мњам :))

    Потребни состојки:
    Ориз
    Ракчиња
    Пиперки
    Морков
    Домати
    Зачини

    Подготовка:
    Оризот се вари на стандарден начин, во тенџере со вода :)

    Пиперките, доматите и морковот се сечат во ленти и се ставаат во тавче да се пржат при што и се зачинуваат... откако ќе заруменат во тавчето се ставаат и ракчињата и се пржи додека ракчињата не зарумента, внимавајте ракчињата се лесно загорливи....

    Краен резултат би бил нешо вака:)
    P010309_18.12.jpg
     
    Последно уредено од модератор: 28 ноември 2014
  12. @cool@

    @cool@ Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική

    Член од:
    2 јуни 2007
    Мислења:
    23.580
    Допаѓања:
    27.051
    Со пирошки -ДААААААААА- ммммм
    но и со прсти не е лошо

    ПИЛЕШКИ ПРСТИ

    Сосотојки:
    1. 500гр пилешки гради 2. 120гр брашно 3. 120мл пиво 4. 4 јајца 5. сол 6. зејтин за пржење........
    Исечете го пилешкото на стапчиња со дебелина од 1см. Во подлабок сад изматете ги прво белките (како за торта), и потоа додадете ги жолчките кои претходно ги имате измешано со пивото и со брашното. Посолете по вкус. Смесата треба да биде густа како за палачинки. Во подлабок сад загрејте зејтин. Стапчињата валкајте ги прво во брашно, па во подготвената смеса и пржете ги додека не поруменат од двете страни. Откако ќе се испржат извадете ги на хартија да се впие вишокот зејтин. Сервирајте со тартар сос или со сос од сенф и мед.

    Време потребно за подготовка: 45 минути[​IMG]
     
  13. Милојко

    Милојко Идем Куме Кући

    Член од:
    17 ноември 2008
    Мислења:
    3.068
    Допаѓања:
    544
    Ги пробав рецептите на @@COOL@@ i Apocalipto, пилешки прсти со тартар сос и немам зоборови. Можда малце претерав со сенф али имаше многу јако шмекче.
     
  14. @cool@

    @cool@ Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική

    Член од:
    2 јуни 2007
    Мислења:
    23.580
    Допаѓања:
    27.051
    на здравје нек ти е
    секоја чест друже, значи се покажа и у кулинаријата- битно што ти се погодиле , а уште побитно што ти се допаднале:salut:
     
  15. Милојко

    Милојко Идем Куме Кући

    Член од:
    17 ноември 2008
    Мислења:
    3.068
    Допаѓања:
    544
    ^

    Уффф како идат со пивце ладно, али ладно кочан. Само мала допуна направив и на прстите. На крај откако ќе ги збрцав у филот со пиво јајца и брашно ги мрцнав и у презла. Милина.
     

Сподели преку: