I
[In]kognito
Гостин
@Agda Beata @CafeDelMar многу сте нехумани, ако може рецептот од тортата во ДК ? (истиот рецепт е ваљда)
Шакшука (Shakahuka )
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 црвена пиперка
2 зелени пиперки
1 лута пиперка
100 грама сланина ( и со врат е вкусно)
2 конзерви пелати ( јас сега правев со доматно пире и томатело)
4-5 јајца
Магданос
Свежо мелен бибер
Сол и зејтин
Кромидот, пиперките и сланината се пржат на тивко околу 10 минути. Се ставаат доматите и исто на тивко да испари барем пола течност.
Тогаш се ставаат јајцата ( цели ) и се наросуваат со биберот.
Прегледај го приврзокот 128437
Се остава така на тивко уште
10 минути одприлика или додека јајцата не бидат готови.
Прегледај го приврзокот 128438
Со домашен леб и сирење, добитна комбинација.
Прегледај го приврзокот 128436