Светско Првенство - Главна Фаза + натпревари за пласман

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Нема збор за пробивање тука. На време си застана човекот, швабава во него се стрча со намера да си падне.

Не ги сакам и ја Хрвативе, ама ги оштетија, со право се бунат.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Колку и да ги почитувам во ракомет Хрватите,а не ги сакам Швабите во ракомет ( најмногу заради провокатори од калибарот на Силвио ), но многу мило ми е шо им се врати денес кармата на Хрватите и ги тресна во лице по она нивно шарлатанско и криминално влегување во мечот со Бразил.
Денес,заслужија барем бод, го имаа во рака, судиите ги искинаа во клучни моменти, но така им треба на таквите репки, никако поинаку.
Наместо вчера лаганица да си пројде мечот со Бразил, без многу замарање, па да влезат полесно на денешниот меч и да го префрлат притисокот врз Германија, тие се изглупираа вчера до максимум, ова што им се случи вечерва е нормално и очекувано.
Шо очекуваа,дека среде Келн ќе добијат перфектно судење?
За инает на Лино, време е чиката да си ги собере парталчињата и да си се врати во Умаг и да си оди фино лепо во пензија, време е, нека се занимава со туризам, рибарење, нека им кажува таму на пензионерите како бил единствен селектор на Хрватска кој разбира нешто, нека игра шах, нека се замислува како тој е специјален,било шо нека прави само нека исчезне да не го гледам повеќе со неговите тактики, ми се одмилува и ракомет и се од тренери како него, ракометен анти-тренер, класичен лицемер, самобендисан, секогаш тој е во право ( дури и кога греши ):pos:, од секаде го избркаа, помина времето на вакви тренери дефинитивно.
Кој дебакл од тренер, последен тајмаут, наместо да земе да ги советува играчите тој урла, се расправа со делегат, судии, Доминиковиќ му го водеше тајмаутот,Лино на кадар го нема.:pos:
Така им треба, за репки како Хрватска кои потценуваат противници не смее да има повеќе, не дека Германија е нешто подобра на ова СП, тие бетер се, со Русија за грев беа, со Франција шо изиграа нешто подобро, денес очај беа во второ, посебно кога ги фати таа кризата, се изгубија тотално.
Ништо не прават со ваква игра со Скандинавците, има да го измети подот Данска со нив во полуфинале, нема да знаат патот да го најдат назад за Германија.
Кога сме кај Швабите, кој рече дека само ние промашуваме зицери, се убија од промашување денес, чисто ситуации, за малку ќе ги чинеа тие егзибиции пораз.
Премногу се осети отсуството на среден бек, сеа без Штробел којзнае што ќе прават, ако останат со Друкс тешко нив, дечкото е се само не е организатор на игра, успорена снимка.
Бразил уште еднаш покажа дека е ништо повеќе од егзотична репка со повремени рандом блесоци, кога ќе ги потценат противниците.
Изиграа колку што им дозволи Франција, искористија шанса со Русија која не вреди ни да ја споменувам ( за грев се тие )и на крај зенитот го достигнаа со вчерашниот триумф над чиката.
Инаку, нивната реалност и вистинска вредност е далеку од потребното ниво да бидат некој фактор во ракометот, туку ќе важат за интересна репка која може да направи некоја беља, ќе си губат со двоцифрени разлики кога ќе играат противниците сериозно, ништо повеќе од просечна репка, како нивните комшии Аргентина.
Шпанија ќе жали за криминалното издание со Хрватска, кратко и јасно,
Норвешка покажа дека е зрела за уште еден успех, секоја чест, колку лесно играат.
Шведска, без лидерот Готфридсон е сосема друга репка, незаменлив играч им е дечкото.
Имаат последна шанса, со Данска, но на гостински терен, во директен дуел ќе треба да се надминат за да направат сензација, ќе видиме во среда.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Шо очекуваа,дека среде Келн ќе добијат перфектно судење?
Томасино, се вред бе брат нека се помогне, пирмер да се погледне низ прсти нешто минимално, а не КРИМИНАЛ ова денес беше стварно многу лошо, а и не само денеска и минатите утакмици што ги играа Германциве секогаш имаа помош од судиите и тоа дебела помош, затоа се нервирам не за друго.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.074
Поени од реакции
11.059
Абе по криминално судење од ова не можеше,вие сте зеле ги напаѓате хрвативе.
Тие беа за хејтање против Бразил,не денеска.
Ги отепаа судииве.ГИ ПОГРЕБАА.
1302992310 одлуки имаше на нивна штета.
Абе обичен напаад им креваше пасивен после неколку додавање,а на спротивнта се толерираше.ЗНачи не гледајте само класични ситуации каде што и слеш ќе види,туку гледајте и како ја диктираа утакмицата посраниве судии.
Кога може јавно да се знае дека Катар го купиле финалето пред некој година и пробале и финалето,што треба фазла муабет да се прави???
ЗАТОА РАКОМЕТОТ ЌЕ СИ ОСТАНЕ СЕЛСКИ СПОРТ.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Дали сте сериозно дека ова било криминално судење? Освен таа одлука набројте друга сумлива одлука. Германците ги убија со исклучувања, на два пати беа со два играча помалце и Хрватите тоа не знае да го искористат. Гледав со хрватски коментатор и баш и он цела викаше дека судењето било перфектно и освен за крајната ситуација немаше никаква мана.[DOUBLEPOST=1548152547][/DOUBLEPOST]
Абе по криминално судење од ова не можеше,вие сте зеле ги напаѓате хрвативе.
Тие беа за хејтање против Бразил,не денеска.
Ги отепаа судииве.ГИ ПОГРЕБАА.
1302992310 одлуки имаше на нивна штета.
Абе обичен напаад им креваше пасивен после неколку додавање,а на спротивнта се толерираше.ЗНачи не гледајте само класични ситуации каде што и слеш ќе види,туку гледајте и како ја диктираа утакмицата посраниве судии.
Кога може јавно да се знае дека Катар го купиле финалето пред некој година и пробале и финалето,што треба фазла муабет да се прави???
ЗАТОА РАКОМЕТОТ ЌЕ СИ ОСТАНЕ СЕЛСКИ СПОРТ.
А што као демек не им беа пасивни нападите. Статични цело време со спори пасови, голот не можеа да го видат, нормално дека ќе им креват рака.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
И јас мислам дека во глобала, не беше толку лошо судењето.

Ама факт е дека во клучен напад, им ја земаа топката со измислено исклучување. Тоа и го реши крајот.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.074
Поени од реакции
11.059
Како не беше сомнително бе?Се заебавате така?
Знаете колку мали нијанси одлучуваат на ваквите мечеви?? Дали ќе им се дозволи погруба игра,дали ќе им се дозволат подолги напади,дали тие 50-50 ќе одат поделено н двете страни или повеќе на едната.А вчера ги оштетија во сите овие делови.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Како не беше сомнително бе?Се заебавате така?
Знаете колку мали нијанси одлучуваат на ваквите мечеви?? Дали ќе им се дозволи погруба игра,дали ќе им се дозволат подолги напади,дали тие 50-50 ќе одат поделено н двете страни или повеќе на едната.А вчера ги оштетија во сите овие делови.
Хрвативе цело второ полувреме играја без конкретна акција, без идеја со многу грешки. Шего беше најдобар играч во второ полувреме, и тука нема што да очекуваш повеќе. Прво полувреме набилдаја голови, затоа што германците беа осакатени повеќе од 15 минути со исклучувања. Целокупна слика, Германија изигра многу по квалитетен ракомет, и заслужија победа.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.074
Поени од реакции
11.059
@Mafo1
Тоа дали имале конкретни акции или не е друго,а друго е приказната со судиите.Ако сакаат и никакви акции нека немаат ама нека постигнвуаат голови.Судиите треба правилно да свират а не да проценуваат кој имал подобри акции и него да го наградат.
Како тоа биле ОСАКАТЕНИ?Го гледаше натпреварот?Сите беа оправдани исклучувањата.На крајот и оштетени германциве ќе испаднат :S
Судиите беа решени да победи Германија,крај.
Очекував да им свирнат некој фаул во напад во клучните моменти!Ама очекував тоа да биде некој наводно погрешен блок за фаул во напад.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Дали сте сериозно дека ова било криминално судење? Освен таа одлука набројте друга сумлива одлука. Германците ги убија со исклучувања, на два пати беа со два играча помалце и Хрватите тоа не знае да го искористат. Гледав со хрватски коментатор и баш и он цела викаше дека судењето било перфектно и освен за крајната ситуација немаше никаква мана.
E toa e vo rakometot, poslednata sansa za gol koj imase prostor Strlek, toa ne se progleduva niz prsti, i gi isklucuvaa Germancite ama se bese zasluzno za isklucuanje neznam so ne e jasno. Komentatorov ako go mrazi Cerver toa e negova odluka kako da komentire. Sudiite bea so Germancive ne samo na toj natprevar tuku i na site drugi, samo so Francija kolku im pomagaa.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
@Mafo1
Судиите беа решени да победи Германија,крај.
Така е, сидиите му ја прокоцкаја гол разликата на Хрватска до сам крај. Ако беа решени тоа да го направат како што тврдиш, на ваков тежок меч, со многу контакти, има еден тон др опции тоа да се направи и многу порано, а не да се чека до 59 минута и да се остави на неизвесен крај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom