Сведоштва за континуитетот - Поменот на антиката во македонската историја

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Францускиот генерал Франсоа де Тот, кој работел во Цариград од 1768 до 1775 година, во своите Спомени запишал:

Дваесет и двајца Македонци... во една кафеана пееја песни за победите на Александар.’’

(Александар Матковски: Македонија во делата на странските патеписци 1371-1777, Скопје, Мисла, 1991, стр. 833).
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Црногорскиот првенец и водач, Петар Петровиќ Његош, во своето дело “Лажниот цар, Шќепан мали’’ (1850 година)

Спомните си, храбри Црногорци, каква нечуена слава и јунаштво вашите предци задобија со Александар, царот Македонски.’’

Погледнете го видеото со објаснување за важноста на оваа изјава:



.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Доказите се секаде околу нас:
Од самото име, чуството како МАКЕДОНЕЦ, археолошките наоди, пишаните историски документи, фолклорните извори, ДНК, јазикот и културата, КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО КОЈ Е И ШТО Е И КАКО СЕ ЧУСТВУВА !

Нашите драги соседи ги немаат тие работи па си даваат право на само оперделување и пишување на својата историја врз основа на што? На европски сказни?

Самата ситуација каде што сите соседи се обидуваат да не направат како нивен народ и територија укажува на фактот дека ние сме тие - македонци, бидејќи ако бевме бугари ќе бевме само бугари, ако бевме срби ќе бевме само срби итн. а од каде сега ова де 1/4 сакаат гејците де 1/4 татарите де 1/4 сервите де 1/4 албанците?

Мислам дека сум јасен.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Благодарност до KatPet аз информациите за Македонското здружение "Александар Македонски", Колумбус, Охајо, САД, регистрирано во 1938 година.

Registered as:
The Macedonian-American Society
ALEXANDER THE GREAT
Columbus, Ohio
Organized March 9th, 1938

http://www.akmpe.org/index.php?optio...d=718&Itemid=2




PREAMBLE

"We the Macedonians from Macedonia, part of the former Turkish empire, immigrants in Columbus,
Franklin County, Ohio, associate ourselves together in a fraternal, non-political and non-ecclesiastical
organization to be called the “Macedonian American Society Alexander the Great” of Columbus, Ohio."
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Извонредно!

Кате, благодариме! :smir:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ауууу и овие антиквизатори, Александар Македонски си го крстиле друштвото.
:)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во напорите да ги дискредитира Лозарите и Младата Македонска Книжовна Дружина (ММКД) пред бугарското општество, официјалниот владин весник "Свобода" всушност потполно ги отсликала, дури подобро отколку што тоа го сториле самите Лозари.

Eве го текстот...

"Младата дружина под превезот на книжевноста не ја гони целта и пропагандата за некаков фонетски правопис, туку тенденции и цели колку куриозни, жални, толку збунувачки, срамни и опасни....Дружината полека ќе го подготвува бугарското општествено мнение за одделување на Македонија од Бугарија и полека лека ќе воведува зборови од охридското поднаречје што ќе биде литературен јазик на идната Голема Македонија, на чело на која ќе дојде некој од редакторите на Лоза, во својство на Филип и Александар?! Како што гледате, Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, населена со одделно словенско племе наречено Македонци, дека таму се собрале севозможни надворешни елементи , т.е. Бугари, Грци, Срби...дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојнички посегања и дека Лоза ќе и служи на таа цел! Како ви се бендисува? "

(Д.Т. Левов, "Лоза". Свобода 6/786, Софија. 13.04. 1892)

Бугарскиот Кнез Фердинанд недвосмислено покажува какво е неговиот став во врска со Македонија и Македонците:


Во Македонија главната маса на населението ниту се Бугари ниту Срби, туку Словени и Христијани кои зборуваат јазик подеднакво далечен или подеднакво близок на српскиот и бугарскиот јазик, но јазик кој е посебен дијалект ако не и посебен јазик.”

(Ам.Ф.ПО, мф, 446, пов. бр.228, Цариград, 26.03.1896)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
"In the villages of Macedonia, one meets peasants of a single nationality speaking a Slavic language and belonging to the Eastern Orthodox faith. Nine out of ten of these people, despite their being the subject of dispue between three adjoining countries, would reply in response to the question as go their nationality, that they were Macedonian."
Georgi Bakalov, "The Pretenders on Macednia", Varna 1890, p. 22
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
За Македонците терминот Бугар не означавал етническа припадност, а славјанска.
За македонците и рускија царь беше бугарски, не по националност a по славјанство,Periodichesko spisanie (Sofia), LXV (1904)“ стр.818.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592


ЕПИР И МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ГРЧКИ ТЕРИТОРИИ

"Ниту Епир, ниту Македонија никогаш не биле грчки територии во минатото". Ова е заклучокот на тајниот извештај доставен до владата на Велика Британија во далечната 1881 година.

Според автентичниот документ што ни го презентираше историчарот Александар Донски, владата на Велика Британија на крајот од 19. век, гледајќи ги територијалните аспирации на тогашна Грција кон одделни територии на Балканот, во 1880 година, го ангажирала воениот историчар британскиот мајор Ардаг да подготви извештај во кој ќе објасни дали Грција има право да ги освои териториите на Епир и на Македонија, т.е. дали овие територии во антиката некогаш биле грчки.

Следната 1881 година, мајорот Ардаг го поднел извештајот до британската влада, во кој недвосмислено потврдил дека ниту Епир, ниту Македонија никогаш во антиката не биле грчки територии.

Мајорот Ардаг ги проучил сите антички автори, кои пишувале за етничкиот карактер на Епир и притоа заклучил дека ниту еден од нив не напишал дека таму живееле Грци. Се разбира дека ова автоматски се однесува и за Македонија, која е по на север од Епир.

Александар Донски нагласи дека ова е официјален британски владин документ за негрчкиот карактер на Епир и на Македонија и дека неговата важност се уште трае.

Ист бил случајот и со Германија. На почетокот од 20 век во Германија била објавена поштенска марка на која на кирилица, пишувало "КРАЛСТВО МАКЕДОНИЈА", а на неа бил насликан ликот на германскиот цар Вилхелм Втори.

"Ова може да значи дека Германија имала план за воспоставување на независно кралство Македонија на чело со германската династија", вели Александар Донски, кој притоа потсетува и дека Вилхелм Втори бил во далечна роднинска врска со македонскиот цар Самуил.

http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=10548
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
10
Поени од реакции
2
“Името Славјани постои од дамни времиња. Главно племињата Мизи и Македонци се состоеле од Славјани. Земјата се нарекувала Славинија. И првите староседелци на таа земја коишто биле Пелазгите, несомнено, според испитувањата на г. Чертков - Пелазго-Тракијските племиња коишто самите се нарекувале Славјани.

Како натамошна потврда за тоа дека Македонците всушност биле и Славјани, може да послужи и следново: по распадот на Македонската империја, околу 320 п.н.е., кон Балтичкото море се преселиле многу од нив во нови населби под име Бодриче(и), и го чувале до самиот крај грбот на Александар Македонски, што го прикажуваше Букефал со Орел. Наскоро потоа еден дел се преселил во Илмењ и Ловат.’’

(Општа Древна Историја на Славјаните и Славјанo-Русите, Григориј Иванович Классен 1854, стр.18,19)

http://books.google.com/books?id=jXVxAAAAIAAJ&pg=PA18&dq=славо+македонцы&lr=&as_brr=3&hl=bg#v=onepage&q=славо македонцы&f=false
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
It is well-known to all of us that this ill-fated country of ours, Macedonia, owing to the egoistic aims of the Great Powers, was again left to Turkey after the Congress of Berlin. As a result of that, in certain regions of our fatherland many scenes full of blood, known to all of us, took place. Desiring to throw off the Turkish yoke from our fatherland, each one of us, as much as possible, rose up to sacrifice himself, since help was needed from each of us. We rebelled as advocates of freedom. With the blood we shed all over the Macedonian fields and forests, we serve freedom, as the Macedonian army of Alexander of Macedon did, with our slogan “Freedom or Death!" - Од правилникот на комитетот на Македонското (Кесненско) Востание 1878
 

Kajgana Shop

На врв Bottom