Сведоштва за континуитетот - Поменот на антиката во македонската историја

Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
ФАЛА ви на сите за цитатите... многу ќе ми послужат :zlo:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Слики што ги направив во една црква во едно мало селце во Западна Македонија


 
Член од
21 декември 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Vo vrska so motivite od kapitelite od soborniot hram Sv.Dimitrija vo Bitola moram da napomenam deka tie se novi izraboteni po naracka od vajarot so prekar Kotelot od Prilep, no i tie se prodolzenie nasiot MAKEDONSKI duh i naseto sonce koe go ima na milion drugi mesta a i e vo srcata na site Makedonci po rod!
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Пробивот на Словените на теракотни икони
Сто и педесет фрагменти од теракотни икони со потекло од 4-6 век, на кои има претстави од воени битки, се меѓу ексклузивните наоди од тримесечните археолошки ископувања на локалитетот Виничко кале во Виница. Теракотите се од иста група, со прочуени винички теракотни икони кои се археолошка реткост, бидејќи припаѓаат на една од четирите колекции од овој тип во светот. Новооткриените теракоти ги поседуваат типичните белези за овие артефакти - религиозните мотиви - а нивен уникатен белег се приказите на историски сцени. - На иконите има претстави на воини и коњанички фигури кои, најверојатно, претставуваат сцени од битките на словенското племе Склавинии со Византијците. На една од нив е прикажан и коњаник во галоп - вели археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. На теракотните икони пронајдени на Виничко кале во минатите археолошки кампањи доминираат религиозни мотиви од ранохристијанската иконографија, како старозаветни сцени и слики на животни, риби и на школки. На локалитетот е ископана и некропола со 120 гроба, кои датираат од времето пред нашата ера до четвртиот век, како и пагански храм, кој исто така временски е лоциран во 4 век. ...
...

Da ni prikazheshe nekoj slika od famoznite ikoni i resto prikaski.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Слики што ги направив во една црква во едно мало селце во Западна Македонија.
Од камен Исклесано сонце, централен дел од уништена Македонска Црква село Вмбел, Егејска Македонија...очиве ме лажат или слични се

Поздрав до човекот кој ги обезбеди сликите и една пријателка која ми ги испрати.:wink:

 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Капителите во Св. Димитрија дефинитивно се нови. ПРед една година постирав слики од црквата баш заради тие капители. Одкако се разочарав за капителите(пошто се архитектонска утка при реставрација), се израдував на престолот, на самиот престол има сонце кое најмногу наликува на сонцето од Кутлеш.



 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Капителите во Св. Димитрија дефинитивно се нови. ПРед една година постирав слики од црквата баш заради тие капители. Одкако се разочарав за капителите(пошто се архитектонска утка при реставрација), се израдував на престолот, на самиот престол има сонце кое најмногу наликува на сонцето од Кутлеш.



BRAVO!!! треба отварање очи, вистината е пред нас, треба само да знаеме да гледаме
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
Паско нашол словени.
Нели тие биле многу народ?Епа како нема ниеден нивни крал,ниту знаме,ниту пак нешто што може да ги дефинира како народ?
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Па добро де кажи која црква, кое селце, може човек ќе сака да отиде таму и да ги види во живо. Или пак ќе поминува случајно а нема да знае дека во таа црква има нешто интересно да се види.


дајте бидете малку попрецизни!


Тука пишува Западна Македонија. Реално во секоја црква што е подигната од најакиот ни македонски мијачки ген има сонца. Пред некоја година бев во селото Гари, и влегов во таа црква. И таму има апликации на сонце, и ми наликуваат ептен на овие слики. Тоа еве јас го предложувам да го видите, пошто црквата е интересна од секаков аспект, архитектонскиот посебно, како и сцените на фреските. Еве додека пишувам, ми притекнува дека во таа црква имаше фреска со трите реки, или четирите беа?! НЕ ми текнува точно за кој момент од стариот завет беа претставени, само едно знам едната река беше СТРУМА. Која е точната приказна не знам, но сигурен сум дека има многу за истражување и реално самите по себе се мистични и авантуристички(многу масонерија е уплеткана во сето тоа).

п.с Црквата Св. Димитрија се наога во центарот на Битола

Сега се потсетив на целото патување:).Еве ви уште неколку слики како пример, колку им се восхитувам на Македонците што ја одржуваат традицијата во Западна Македонија. Еве го знамето, она мијачкото-бајракот на една куќа во Тресонче.

И последната слика од ова патување низ Западна Македонија- манастирот Св. Јован Бигорски. Еве дел од влезната врата во параклисот во обновениот конак над влезната партија. Македонскиот земски грб. Не сте свесни колку му се израдував кога видов дека и него го изрезбале на вратата. Покрај македонскиот, стои и византискиот, како и неколку ангели.
Црквата сеуште останува најголем чувар на македонската традиција.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Откриен логор на кралот Персеј

Маја Неделковска

Логор на последниот македонски крал Персеј, кај Асарлак, во близина на велешките села Кочилари и Караслари, неодамна откри екипа на Катедрата за археологија, предводена од археологот Виктор Лилчиќ.

При истражувањата екипата нашла две монети со познатиот симбол молња и со богот Зевс, дваесетина парчиња потковици, нож, клинци, олово, амфора за вино и други предмети. Лилчиќ објаснува дека ова се првични претпоставки за локалитетот Асарлак, а понатаму ќе подготват проект за детално да се истражи местото.

- Интересно е што го имаме местото каде што последниот македонски крал собирал војска за да ги победи Римјаните. Кралството тогаш се наоѓало во тешка ситуација и Персеј барал помош од други водачи. Тој бил овде во февруари-март 168 година пред новата ера, само неколку месеци пред да биде последната битка кај Пидна, кога пропаднало Македонското Кралство - вели Лилчиќ.

Тој објаснува дека, според историските податоци, тогаш на местото Асарлак кралот Персеј подигнал логор. Лилчиќ вели дека Персеј тргнал од Пиерија под Олимп за да се договори со водачот Клондик за да му плати војска, но не се договорил. Бидејќи било студено, кралот бил сместен во ѕидан објект, од кој има остатоци, а останатите војници биле во шатори на рамнината. Имало 22.000 војска, меѓу кои 4.000 биле коњаници.

- Во следните истражувања потребно ни е да најдеме недопрени предмети, нешто што не е раскопувано. Претпоставувам дека ќе најдеме зачувани чаши, пари, злато кое го понел Персеј со себе, како и други вредни материјали, бидејќи, сепак, тој бил крал. Познато е дека со себе носел пари бидејќи морал да ја плати војската што требало да ја договори - вели Лилчиќ, нагласувајќи дека местото би било одлична туристичка дестинација, бидејќи има и добра местоположба, се наоѓа покрај магистрала.

Претходно се мислело дека на тоа место има тумул, односно гробници, па затоа видливи се траги од диви копања. Ова истражување е дел од проектот „Античкото кралство Македонија во Република Македонија“.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Охридските наоди - безвремени

Керамика од т.н. црвенофигурален стил од 3 и од 2 век пред н.е. и апликација со глава на митолошкото суштество Медуза од исто време се меѓу најновите наоди што деновиве беа откриени на археолошкиот комплекс Плаошник.
На Самоиловата тврдина, пак, минатата недела археолозите открија гробница од македонско-хеленистичкиот период (4 век пред н.е.). Меѓу позначајните наоди откопани во непосредна близина е златен накит (фибули, прстени, обетки) од хеленистички време.
Меѓу ископаните предмети се и: коњаничка скулптура од бронза од архајскиот период(8-5 век п.н.е), апликација со претстава на момче од антички период и други.
Локалитетот на Плаошник е едно од археолошките наоѓалишта на кое последниве неколку години интензивно се истражува.

(http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1656&ArticleID=110269)
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
ТРОЈА КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Бог да бијет краља од Тројана!
Ми пособрал Тројанци христјани;
„Ел чуете Тројанци граждани!
Разсипите бога единего,
Напишите бога стребренова.”
Написале бога стребренова.
Што ми текле у Тројана града
Триесет и три точки студна вода;


МИЛАДИНОВЦИ
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
На Цареви кули монети со ликот на Филип Втори


15.04.2009 20:29

На познатиот локалитет Цареви кули над Струмица деновиве се откриени наоди и елементи од периодот на владеењето на Филип Втори Македонски, што предизвика изненадување дури и кај археолозите.

Пронајдени се монети со ликот на Филип, потоа амфори, садови, кантароси, накит, фрагменти од сликани вазни, црнофиносувана керамика, фигури од малоазиски тип и други артефакти кои укажуваат на фактот дека Струмичката тврдина била населена кон крајот на четврти век пред нашата ера.
„Откривме прекрасен материјал од крајот на петтиот и од четвртиот век, попрецизно од македонско-хеленистичкиот период, датиран со монети на Филип Втори. Исто така дефиниран и доцноантичкиот бедем на оваа тврдина при што се откриени две кули од тој период“, вели археологот Зоран Рујак, раководител на овој истражувачки проект.
Сите досегашни наоди заедно со предисториската населба која беше откриена лани, недвосмислено укажуваат дека на овој локалитет опстојувале разни цивилизации во еден растеглив временски период - од праисторијата до средниот век, односно во период од околу седум илјади години.
За годинешните археолошки и реставраторски истражувања, Министерството за култура му одобри на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Струмица три милиони денари, пренесува МИА.
Доколку се продолжи со вакви успешни наоди најавена е поддршка од Министерството со најмалку уште толку средства за завршување на започнатите работи кои ќе траат до крајот на годината.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107255
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Пред некое време ја прочитав „Тајната на Бакарната Книга“ од Александар Донски и го променив моето мислење за тоа каде би можел да биде закопан Александар 3ти Македонски. Никој не е совршен, најмалку јас!!!

Би ви предложил на сите да ја прочитате книгава,која освен што е интересна и лесна за читање, открива тајни кои нашата фантазија не е во можност да ги роди, а е и дело, кое барем кај мене, раѓа желба секогаш да истражувам повеќе за нашата целокупна историја и да го ценам сето она кое го имаме наследено од нашите предци, а најмногу нашата чест.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
" јужнославјански р'кописи (от днешните македонски и ср'бски земи) от ХІІ до ХІХ в.; между многобројните екземплјари заслужава внимание един от редките илјустрирани ранни преписи на Александријата (Житието на Александ'р Македонски) - СОФИјСКА ИЛјуСТРИРАНА АЛЕКСАНДРИја от ХV в. ....."

http://www.nationallibrary.bg/slavezryk.html

Бугарот Јoрдан Трифонов објаснува дека на почетокот на 19. век, преведувачите на книгата “Александрија’’ од град Плевен -- Спас Христов и Лазар Димитров -- биле целосно убедени дека потомците на античките Македонци се денешните Македонци (кои Трифонов ги нарекува Бугари :pos: ).

Трифонов пишува во објаснува во својата книга за историјата на градот Плевен што ги привлекло преведувачите да ја преведат книгата - убеденоста на поврзаноста на денешните со античките Македонци:

“3а да се разбере какво е увлекло плевенските книжовници да преведат Александријата, трјабва да се има предвид не само голјамата склонност к'м чудни фантастични разкази, но и п'лната увереност на преводачите, че македонците на Александра са били прадеди на сегашните македонци, следователно б'лгари, а персите, срешту които е војувал великијат цар, са били турци.’’

(Ју. Трифонов, Историја на град Плевен до Освободителната војна. С., 1933, стр. 91-92)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom