Сакам да знам!

Член од
3 декември 2020
Мислења
8
Поени од реакции
3
Дали некој знае како се викаа едни лижалчиња што ги имаше порано, беа со свирче на долната страна на стапчето. Ги имаше со вкус од портокал, јаболко и јагода. Беа нешто како цилиндрична форма...
 
Член од
24 мај 2012
Мислења
52
Поени од реакции
12
Дечки незнам кај да пишам ама ај ке ме упатите бев измамен да се логирам на cashwizard некое искуство како да го откажам членството
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267
Од каде иде водата за пиење во Аеродром и Кисела Вода? Дали и они земаат од Рашче или имаат споредни извори и ако е од Рашче дали имаат нешто дополниетлно ко прочистителни станици?
Што сум слушал од други, и од Рашче, и од бунари. Прочистена сигурно е, само има повеќе бигор, ништо страшно.
Додека па за населбите од лева страна на Вардар, вклучително и фабриката Железара само од Рашче.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Ја не би табла, а со алкохол не многу. Али тоа сум ја.
Автоматски споено мислење:




Ја се интересирам за мистерии одкако знам за себе и низ деценииве ги пратам сите вести поврзани со тие теми (еден куп книги и тн.). Па така и за Атлантида.

Сите работи за Атлантида ги знаеме од Платон и неговите Тимиј и Критија. Он тие ствари ги земал од неговиот предок Солон (2 века пред Платон), кој бил грчки државник, философ и нетијазнам што. Он бил некое време у Египет и од високото свештенство таму, ги добил тие информации за Атлантида. Наводно.

Како и да е, у Критија и Тимиј прилично детално се опишува Атлантида: топографија (локална) - кај течат реки, кај има планини и сл., општествено уредување, милитаризам, историја, архитектура, димензии на географијата, архитектурата и многу други информации, според кои ние денес знаеме све што знаеме за Атлантида.
Досегашните теории (Азори, Бермуда, Куба, Санторини...) штиклираат по едно две квадратчиња од информациониот комплекс на Тимиј и Критија. Оваа теорија ги штиклира, па... сите скоро.
Тоа е теоријата за Окото на Сахара.

Еве поедноставено малку:



слика од Аполо IX

Три страни ќе ми треба за секоја карактеристика, која се поклопува, посебно да пишам. Ако некој го интересира нешто посебно, нека каже.

Тука паѓа во вода теоријата дека тоа е алегорија на Платон - измислил све, наводно требало да биде критика на атинското општество. Едино, ако измислил све, а како основа го земал Окото на Сахара.

Одма да ви кажам дека сум ги читал сите дебанкери за ова, ни еден не успева ни одблзу да дебанкира.
Откако дознав од тебе за ова нешто, прочитав и преслушав куп материјал и морам да признам дека веројатно мистеријата е конечно решена. Интересно е што местоположбата е сосема надвор од било која досегашна теорија а ги имало стотици.
Уште еден факт во прилог на тезата за Окото на Сахара како Атлантис е и картата на Херодот, таткото на историјата. Местото на цивилизацијата "Атлас" е потполно иста со Рихат структурата!
Поимот Атлантис доаѓа од името Атлас, кој Атлас пак во легендите на Маврите се смета за првиот (митски) крал на Маврите, истото име го има еден од синовите на Посејдон а до ден денес една од најголемите планини во Африка, северно од Рихат до ден денес се нарекува Атлас.
Не очекував дека ќе дочекам Атлантис да биде откриен, но ете, интересни времиња.
За жал нема никакво одушевување кај археолошката заедница па затоа некои ликови започнале кикстарт кампања за да соберат пари барем за посета на местото и детални слики и снимки заедно со основни претраги, како оние за присуство на остатоци на морска флора и фауна во близина на Рихат.
Друга пречка е што местото е недојдија на недојдијата, нема патишта кои водат натаму, ништо.
Трето, Мавританија била шеријатска диктатура па којзнае дали би дозволиле копање на тоа место.

 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
261
Како свежо возрасен човек, немам порано извадено трансакциска и дебитна картичка. Ми треба да извадам на Halk банка. Дали некој знае која е процедурата и колку се плака?
Не се наплаќа отворање сметка во било која банка, само пополнуваш формулар. А и провизијата за картичка се наплаќа само ако после една година не потрошиш одредена сума пари со неа, или пак во некои банки првата година е без провизија, каде како... После тоа се наплаќа само месечна провизија на сметка која е околу 40 денари. Халк се најдобри за картички зашто имаат можност за подигање готовина од било кој банкомат без провизија, што може да биде корисно. Плус каматните стапки им беа за нијанса поконкурентни од другиве поголеми банки ко што знам. Е сега, не сум плаќал со нив и немам сметка таму, и не знам колку се услужливи со клиенти, ама ако баш од некоја причина треба да отвориш таму сметка - отвори, не е некоја филозофија.
 
Член од
14 јули 2010
Мислења
39
Поени од реакции
14
Што сум слушал од други, и од Рашче, и од бунари. Прочистена сигурно е, само има повеќе бигор, ништо страшно.
Додека па за населбите од лева страна на Вардар, вклучително и фабриката Железара само од Рашче.
Што би значело дека најквалитетна вода пие Ѓорче?
 

Maksimot

Психијатриски случај
Член од
28 јули 2021
Мислења
277
Поени од реакции
289
Дечки, најдобра вода за пиење има во Гостивар. Вруток ни е до задникот.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Сакам да знам што толку има да си каже просечен џандар со некој на телефон. Па 24/7 се закачени на мобилен со некој тртљаат. Дали у кола дали на семафор дали по улицс, само мељат со некој. Еве и без пари нека е, неверојатно е колку се обесени на телефон.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.565
Овие мрзиве рамковни од МВР после резервиран термин за сликање за ЛК ставрно испраќаат мејл за потврдување на терминиот или тоа онака чисто по процедура ти искача на екран ?
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Знае ли некој дали работи жичарата на Водно?
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Овие мрзиве рамковни од МВР после резервиран термин за сликање за ЛК ставрно испраќаат мејл за потврдување на терминиот или тоа онака чисто по процедура ти искача на екран ?
Се е можно со болни луѓе ко нив. Ја кога попунив формулар за тоа, само ми кажаа кога да дојдам да се сликам и толку(никакви мејлови и др. глупости).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom