Саем на книгата

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.810
Поени од реакции
33.657
Друго - не заборавајте дека саемот се финансира и од закупот на простор од страна на издавачите. А многу од нив се жалат со години дека цените за штандовите се превисоки. Затоа и се групираат: два издавачи на еден штанд или се откажуваат, како што веќе со години ги нема Просветно дело, Матица, Македоника литера, Блесок, Слово... Ај за помалите - разбирливо, но штом "големи" издавачи како Просветно дело и Матица се надвор од Саемот, значи не им е исплатливо. Сега: повисоки влезници, помалце посетители, помалку продадени книги заради цените... Јас искрено мислам дека наскоро ќе го видиме денот кога ова ќе се претвори во оние саемчињата по молови на МАИ со 2 без 3 издавачи. И со тек на време - ќе згасне. @џимеј е потполно во право со се што кажа. Саемите на времето беа далеку подобро организирани, со повеќе посетители и многу попристапни цени.

А за цените на старите книги: за Бегемот по короната немало криза? Зашто гледам тие уште ги продаваат старите изданија по 50 до 100 денари. Па и Три, со тие акциите 3 за 500 и 5 за 500.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.550
Поени од реакции
21.568
Друго - не заборавајте дека саемот се финансира и од закупот на простор од страна на издавачите. А многу од нив се жалат со години дека цените за штандовите се превисоки. Затоа и се групираат: два издавачи на еден штанд или се откажуваат, како што веќе со години ги нема Просветно дело, Матица, Македоника литера, Блесок, Слово... Ај за помалите - разбирливо, но штом "големи" издавачи како Просветно дело и Матица се надвор од Саемот, значи не им е исплатливо. Сега: повисоки влезници, помалце посетители, помалку продадени книги заради цените... Јас искрено мислам дека наскоро ќе го видиме денот кога ова ќе се претвори во оние саемчињата по молови на МАИ со 2 без 3 издавачи. И со тек на време - ќе згасне. @џимеј е потполно во право со се што кажа. Саемите на времето беа далеку подобро организирани, со повеќе посетители и многу попристапни цени.

А за цените на старите книги: за Бегемот по короната немало криза? Зашто гледам тие уште ги продаваат старите изданија по 50 до 100 денари. Па и Три, со тие акциите 3 за 500 и 5 за 500.
Со самото тоа што кажа дека цените на штандовите се високи, ги оправдуваш и високите цени на книгите и минималните попусти на саемот.
А повисоката цена на штандовите е последица со се што пишав претходно. Струја, вода, кирија, персонал...
Јас би рекол после војната во Украина а не после Корона, сите цени се во курац отидени и мене ваквите потези со карти за симболична цена најмалку ме шокираат.
Од друга страна го разбирам Џимеј дека ете ако сакаш да идеш пет дена би платил 500 денари и тоа е висока цена. Тука е пропуст и треба да се пуштат во продажба и влезници со многу поефтина цена за сите денови. Некои си 200-300 денари според мене ако за еден ден е 100.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.810
Поени од реакции
33.657
Со самото тоа што кажа дека цените на штандовите се високи, ги оправдуваш и високите цени на книгите и минималните попусти на саемот.
А повисоката цена на штандовите е последица со се што пишав претходно. Струја, вода, кирија, персонал...
Не напишав јас никаде дека цените на штандовите се повисоки од порано. Таков податок не знам за да кажам. Само кажав дека се стандардно високи. Просветно дело и Матица ги нема на Саем уште од пред короната. А паметам дека на времето Просветно дело закупуваа два штанда: едниот брендиран како Просветно дело, другиот Детска радост.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Саемот е, односно беше место за дружба меѓу читатели, писатели и издавачи, место каде што се дознаваат новитетите во издаваштвото и понатамошните планови. Можност за изложбен простор и презентација на мали или нови издавачи кои немаат свои книжарници. Место за панел дискусии, дебати, работилници, презентации... Средби, запознавање и договори за соработка на сите карики во издавачкиот процес: писатели, издавачи, преведувачи, дизајнери, културни работници, книжарници, печатници, дистрибутери, библиотеки итн.
Затоа што тоа е единствен пат кога сите овие ќе бидат на исто место во исто време.

Но како последица на глобализацијата и модерните комуникации, за повеќето од овие работи веќе не само што не е потребен саем, туку многу подобро се остваруваат на друг начин и преку целата година.


Порано не можеше да се знае што е новитет дур не се види на штанд. Денеска недели однапред знаеме кој издавач што ќе ни понуди и по која цена. Тој дел од возбудата за посетителите е неповратно изгубен.

На првите неколку саеми на книга, мнозинството изложувачи не ни продаваа книги, само изложуваа.
Потоа полека почна да преоѓа во продажбен и имаше вистински попусти достапни само таму. Новите изданија имаа саемски попуст кој потоа го немаше никаде најмалку до следниот саем.
Денеска во книжарниците и онлајн имаме роденденски, предновогодишни, новогодишни, зимски, летни, викенд и какви сѐ не други попусти. Практично попустите се преку цела година.
Со тоа се губи и овој дел од сега веќе панаѓурот на книгата.

Секоја чест на оние малку издавачи кои се трудат да одржат какво-такво саемско ниво.

Што се однесува до цените, изнајмување на квадрат изложбен простор е 30 евра. На тоа има плус 50-тина евра паушал за струја. Екстра се доплаќа за секој додатен пулт, маса, столчиња, додатно брендирање на штанд итн. Кон овие трошоци кон организаторот, се додаваат дневници за луѓето што стојат на штанд, храна, транспорт на книги, уредување на штанд. изработка на летоци, каталози, постери, реклами итн., потоа најразличен репрезентативен материјал, брендирање... Екстра трошоци за пат и сместување за учесниците што не се локални.

Саемите такви какви што беа, особено малите и локалните се веќе минато, интернетот ги прегази. Останаа само големите меѓународни или барем регионални.
Нашето сајмиште умре уште кога престанаа да доаѓаат лесковчаните со скарата. Натаму е сѐ по инерција и навика.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.810
Поени од реакции
33.657
Едно прашање, не е многу поврзано со саемот, но на некој начин и е: дали знаете каде може да се најдат изданијата на ВиГ Зеница освен во Литература (Арс Ламина)? Таму знам дека ги има, ама книгата што конкретно ми треба, ја нема. Матица и Култура ги нема. На друга книжарница не ми текнува (во Три не сум проверил, во Топер не верувам дека ги има).
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.019
Едно прашање, не е многу поврзано со саемот, но на некој начин и е: дали знаете каде може да се најдат изданијата на ВиГ Зеница освен во Литература (Арс Ламина)? Таму знам дека ги има, ама книгата што конкретно ми треба, ја нема. Матица и Култура ги нема. На друга книжарница не ми текнува (во Три не сум проверил, во Топер не верувам дека ги има).
Да провериш буква? Ко да сум ги видел. Може се лажам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.126
Е па ајде, што чекаш?
Не знам, јас бев, ти што чекаш? :P


Се зезам бе.


Намерно сакав да отидам на првиот ден што е можно порано додека Данте спие. Овај де, народот не нагрне чопоративно.
Стандард саем, ноќеска направив некој краток список и мислев што поминималистички да настапам, тоа подобро. Издржав саат и нешто, дур не стигнав кај Антолог и Три. После тоа, ко @Sussaro на Тома Здравковиќ го одврзав чекмеџето. Не поминав толку страшно како некои минати саеми, чии книги уште ден денес ми дремат да бидат прочитани.
Цените се тие... стандард. Се трудев да не зимам книга повеќе од 300 денари - со мали исклучоци. Од Или-или ги зедов новите на Кокаланов, Малеска и Живко Гроздановски, од Темплум една збирштина од кратки раскази од повоена Македонија до денес (Џинџуџе) и една од Ѕвездан Георгиевски, од Бегемот Урбани Легенди од Васко Марковски и уште една на Ѕвездан. Од Арт-Конект - Антарктика од Клер Киган (откровение за оваа година), од Академска - Lord of the flies - Goulding. Некој ми ја имаше џапнато пред години и забораил да ми ја врати, па сеа ја имам пак. И доаѓаме сеа кај Антолог и Три за кои имав подготвено список (што нарачки, што за свој ќеф.
Антолог зедов две од Меша (Тврдина и Магла и месечина) Две од Коцески (Тајни и Зборови - добив и гратис стрип - Мрак, хумор, тишина + автограми од писателот), понатаму Брит Мари беше тука од Бакман... и тоа е тоа што се тиче Антолог. Од Три бев по мисија да ја комплетирам Шафак - скоро се' имам од нивните изданија што имаат излезено, па ги зедов Трите ќерки на Ева и Чест. Потоа се осврнав на нарачките па ги најдов Среќните луѓе пијат кафе и читаат книги (нешто вака звучеше), Човекот што шета книги и Образувана од Тара Вестовер.
Тоа е у глобала вака. 3+2+1+1+6+5=18
Арс Ламина, Петар и Румена ми се за сабота. Немав место у ранецот. :(
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.810
Поени од реакции
33.657
:pov:
Автоматски споено мислење:

Мене ме плаши списокот што го имам направено, а може да отиде до недоглед. Сакам да земам што е можно повеќе книги од македонски писатели, дел од нив финалисти на Роман на годината на Утрински/Фондација Славко Јаневски, дел освојувачи на други книжевни награди кај нас, дел нешта што сум ветил дека ќе ги прочитам. Вака од прилика изгледа тоа:

-Нешто од @Анде Јанков , веројатно Само Бог простува, по негова препорака, или новиот роман Кобајаши Мару (патем, честитки за романот, посакувам многу продадени примероци и многу успеси)
-Од Зоран Милошевски, инаку пријател од студентските денови, излезе четвртиот дел од серијалот Последната граница во ПНВ Публикации (исто, ветив дека ќе го прочитам, а уште не сум го прочитал ни првиот)
-Насон прочитана книга и Риба во(н) мрежа - првиот и последниот добитник на Пегаз, и единствените 2 што ги немам
-Единствен матичен број од Димковска - единствениот добитник на Роман на годината што го немам
-Финалисти за роман на годината: Заборав - Томислав Османли (тешко дека ќе ја најдам), Ден за одмазда - Ивица Челиковиќ (Паблишер), Ноќите кога заспивавме во Помпеја - Давор Стојановски (Или Или), Куќа над брановите и 9 приказни за госпоѓица Сит - Билјана Црвенковска (Чудна шума), Сфинга на гневот - Жарко Кујунџиски (Антолог), Последните денови на Ханс и Молчи со отворена уста - Михајло Свидерски и Снежана Анѓелков (Или Или), Јас и Лин отпосле - Ана Стојаноска (на Блесок е, ама гледам ја имаат реиздадено Култура), Ќерката на математичарот - Венко (Три), Жените Гаврилови - Кица Колбе (Или Или) и плус ако начекам уште нешто, ама тешко зашто постарите финалисти или се од издавачи кои веќе не постојат, или се одамна распродадени. Тука спаѓаат и Резервен живот и Скриена камера од Димковска и Првиот универзитетски ден на мојата ќерка на Игор Станојоски што ми се прочитани, но ги немам дома.
-Од Литература изданијата на Урошевиќ - по 150 денари се. Ги имам сите дома, ама толку убаво изгледаат овие, што може да ме натераат да ги имам 2 пати. Се работи за Мојата роднина Емилија, Вкусот на праските и Невестата на змејот
-Ја имам, ама ќе ја земам уште еднаш за подарок прекрасната Бајки од Македонија, зашто е намалена на 900 денари
-многу сликовници од Арс Ламина, Тајната градина (единствено таа ја немам од детските класици), една од ТКЦП на Билјана што ја немам, боенки за ќерка ми, неизбежно - нешто од Светот на Биби...
-Птици во аквариум - Лидија Капушевска Дракулевска и Влада Урошевиќ (Полица) и Градоначалникот на Хипнополис - Лидија К.Д. и Владимир Мартиновски (Бегемот), ама овие само ако имам чувство дека малку сум купил. :P
-Единствено што не е од македонски автор: драмите на Мекдона од Гаврош

И на крај, имам чувство дека ќе отидат 200 евра. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom