Саем на книгата

Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Инаку, како што видов, влезница на саем е рекорд годинава, 100 денари, а 50 за ученици.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.022
Поени од реакции
34.630
А попустот 50 денари. Треба 2 книги да купиш за на 0 да си. :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.580
Поени од реакции
21.687
Што се бе 100 денари? Смешно е за 1.6€ влез на некој настан воопшто да се дискутира.
Подобро да се плаќа влезница и со тоа ете некој попуст отколку да биде невидена гужва од луѓе кои секако нема да купат книга, туку се таму само за да го утепаат времето.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.022
Поени од реакции
34.630
Што се бе 100 денари? Смешно е за 1.6€ влез на некој настан воопшто да се дискутира.
Подобро да се плаќа влезница и со тоа ете некој попуст отколку да биде невидена гужва од луѓе кои секако нема да купат книга, туку се таму само за да го утепаат времето.
Пак ќе има невидена гужва од ученици кои се таму за да не купат ништо. Не се многу 100 денари, тоа си во право, ама барем да има некакви попусти. А тие преку цела година организираат настани каде продаваат книги со 20, 30, 50% попуст, доаѓа Саем, истите книги се со 7% попуст. Па некои (Антолог, на пример) уште се фалат како имале книги по 150 денари (а тоа останати залихи што никој не ги купува, и што пред 2 години биле 50 денари). Секоја чест за исклучоците (поточно исклучокот - Бегемот). Се останато - повеќе вреди да не одиш на Саем и да ги чекаш нивните фестивали, отколку да одиш и да ги дадеш тие 100 денари само за да гледаш.
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Не дека се премногу 100 денари иако доста луѓе се побунија особено оние од провинција од каде превоз плаќаат нели, па уште стотка влезница, ама пример некој што сака да се види со повеќе гости-автори кои обично ги распоредуваат во различни денови, треба да купи повеќе карти. Нека е и 150, ама да важи за сите 7 дена на пример.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.022
Поени од реакции
34.630
Не дека се премногу 100 денари иако доста луѓе се побунија особено оние од провинција од каде превоз плаќаат нели, па уште стотка влезница, ама пример некој што сака да се види со повеќе гости-автори кои обично ги распоредуваат во различни денови, треба да купи повеќе карти. Нека е и 150, ама да важи за сите 7 дена на пример.
Има карта за 3 влегувања, 250 денари.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.580
Поени од реакции
21.687
Абе сега...
Доаѓале од други градови, повеќе денови бил саемот...
Ако доаѓаш од друг град во Скопје на музички концерт или на некој спортски настан за тебе треба да биде поефтина влезницата?
Цела таа организација кошта пари па ферски е и влезница од 100 да платите. Значи збориме за 100 денари. Не за 500-1000. Со 100 денари последен пат кога проверив едвај доручек можев да си дозволам или едно кафе. Еден ебан хамбургер во седмица, кој патем е двојно намален од претходно кога беше многу поефтин, сега чини 220 денари.
Ако сакате вакви настани да се одржуваат секоја година потребен е придонес. Ако само има разгледувачи кои дошле да се шлаат без да купат ништо, брзо ќе му дојде крајот на саемот и после ќе се жалиме како немаме ништо.

Малце оф топик ама во контекст на ова што го зборам. Сега за Вардар-Работнички, цена на влезниците беа 100 денари.
Јас кога го гледав Вардар пред 12-13 години, цената беше иста. Ама пак има луѓе кои ни ова не би го платиле.
Ние сме таков народ што сакаме за 200 денари влезница да ја слушаме Ријана во живо и да нема многу гужва. Епа за 200 денари може само Ријана од Горно Нерези да ја гледате без гужва. Истото и за фудбалот. Колку пари толку музика.
Уште еден пример и да ме нема на оваа тема. Во Сплит ако сакаш да гледаш фудбал, Хајдук обично своите влезници за домашните натпревари во лигата ги продаваат по најниска цена од 10 евра. Да, Хрватска не е Македонија ама и таму 10 евра вредат и се далеку од овие 1.6€ за кои тука губам време да пишувам. Небитно, на секој натпревар имаат по 15-20к а на почетокот од сезоната многу често и го полнеа стадионот. Тие знаат дека многу веројатно пак нема да имаат успешна сезона ама го подржуваат својот тим без разлика на цената. Истото треба да го направат сите кои сакаат вакви настани а не да очекуваме со 100 денари да се прошетаме и успут 3 книги за џабе да ни дадат.
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Абе јасно, кој сака да дојде и 500 ќе плати, кој не, тоа ќе му служи за изговор. Ама факт е дека покачувањето на картата неоспорно ќе влијае на бројот на посети, можеби не којзнае колку, ама пак ќе има влијание.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.372
Поени од реакции
8.283
Некоја препорака од Бегемот да кажете? Освен членот некаде погоре што ја спомна книгата.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.161
Абе јасно, кој сака да дојде и 500 ќе плати, кој не, тоа ќе му служи за изговор. Ама факт е дека покачувањето на картата неоспорно ќе влијае на бројот на посети, можеби не којзнае колку, ама пак ќе има влијание.
Секако дека ќе влијае. Оние што се шлепаат за џабе или да се натопорат на инстаграм со некоја корица демек читаат нешто вау ќе ги нема во толкав број.

Се сложувам потполно со @SK-92 apropos цениве. Све дур 100 денари за влезница на саем за книга се многу, а 1000че за сепаре(нце) секоја недела во клуб се малку, крајот нема да му го најдеме со игнорантноста на ова поднебје.
Друго, споредбата со индивидуалните попусти во текот на годината со саемските е веќе глупо да се споменува. Саемот треба да има друга цел - промовирање на книги, нови наслови, средба со автори, предавања... се' на едно место во исто време. А не кланица као во америчките супермаркети за Black friday. Затоа си имаат индивидуални попусти.
Трето, да кењаш зошто книгата е поскапа од 100 денари и да не ја купуваш, а притоа имаш дозволив буџет за неколку наслови но ете помило ти е да ги спичкаш за викенд во клуб/кафана, не те прави ништо поразличен од оние што воопшто не купуваат книги затоа што не ги читаат.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.364
Поени од реакции
25.088
Не се слагам баш... книгата треба да биде достапна на секој, а издавачките куќи станаа тешки скалпери после короната што дури и минимално поскапување на било што, како што е цена за влез, ме фрустрира до немајкаде. Треба да одам 5 пати на саем во 5 различни дена затоа што сум договорен со фиљан љуѓе, тоа се 500 денари само за влезници.

Од друга страна, добивам 50-100 денари попуст на книги во најголем случај, што не е ниту попуст, да не се лажеме. Ова се најчесто „попусти“ на книги што во 2020-21 биле поевтини од сега за 50-100 денари. Дури и промоции на нови книги што се случуваат токму на саем немаат попуст. Ги гледам каталозите и се чудам. Ново издание нема попуст. Па ако нема сега, за време на саем, кога? Обично новите изданија за време на саем служеа за да ги земеш на попуст, па се враќаа по регуларната цена по завршувањето.
Цела таа организација кошта пари па ферски е и влезница од 100 да платите. Значи збориме за 100 денари. Не за 500-1000. Со 100 денари последен пат кога проверив едвај доручек можев да си дозволам или едно кафе.
Ако сакате вакви настани да се одржуваат секоја година потребен е придонес. Ако само има разгледувачи кои дошле да се шлаат без да купат ништо, брзо ќе му дојде крајот на саемот и после ќе се жалиме како немаме ништо.
Таа организација на Саемот последниве години не вреди ни 10 денари. Да соберам неколку луѓе ќе организираме ист ваков настан без капка пот. Саемот е на апарати за реанимација во последниве неколку години што и да го нема утре, нема на никој да му недостига. Секако дека е жално тоа, но со сѐ поголема негрижа, и поскапувања на секој чекор, не гледам како би бил релевантен во иднина. Да не бидам разбран погрешно - не е проблем 100те денари,, проблем е што со вакви одлуки се оддалечува саемот од обичниот народ затоа што луѓе сакаат да го посетат повеќе дена.
Саемот треба да има друга цел - промовирање на книги, нови наслови, средба со автори, предавања... се' на едно место во исто време. А не кланица као во америчките супермаркети за Black friday. Затоа си имаат индивидуални попусти.
Трето, да кењаш зошто книгата е поскапа од 100 денари и да не ја купуваш, а притоа имаш дозволив буџет за неколку наслови но ете помило ти е да ги спичкаш за викенд во клуб/кафана, не те прави ништо поразличен од оние што воопшто не купуваат книги затоа што не ги читаат.
Уф, јас бев пресреќен кога не можев да се разминам од гужви и секакви посетители на саемите пред корона. Ми се допаѓаше дека беше баш како кланица. Секако голем процент од посетителите купиле нешто ради-реда, ама еден мал дел нови посетители сигурно доживеале откровение и одвај чекале да се вратат пак. Со тоа што Саемот не нуди попусти како што треба, нѐ дочекува слика на летаргија последниве години - луѓе механички се движат меѓу штандовите (меѓу кои и јас), и купуваат едвај две-три книги мрчејќи за сѐ и сешто. Не очекувам книга да е 100 денари, но очекувам попустот да е поголем од 100. Ми нема смисла книга од 500 денари да е 450 на попуст. Ме фрустрира и ме прави тажен за оние што не можат да си ја дозволат дури ни за овој настан, а не пак по редовна цена.
Еден ебан хамбургер во седмица, кој патем е двојно намален од претходно кога беше многу поефтин, сега чини 220 денари.
А како се оправдува поскапувањето на книга што 10 години им стои во магацин на издавачите и фаќа прашина? По која логика треба да го ценам Саемот како настан поради тоа што ми дава можност да купам 10 години стара книга значително поскапа од претходно?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.580
Поени од реакции
21.687
А како се оправдува поскапувањето на книга што 10 години им стои во магацин на издавачите и фаќа прашина? По која логика треба да го ценам Саемот како настан поради тоа што ми дава можност да купам 10 години стара книга значително поскапа од претходно?
Ако не се чува како што треба, на идеална температура, книгата зголемува волумен па така потребно е и нови полици за да ги собере сите стари книги. :)
Не знам, јадам гомна. Само направив споредба за тоа колку е малку 100 денари во 2024та година.
Ама секако многу често издавачките куќи имаат попусти па може да се начекаат ефтини примероци.


книгата треба да биде достапна на секој, а издавачките куќи станаа тешки скалпери после короната
После корона, како што пишав претходно, единствено влезниците за ФК Вардар останаа непроменети и се со цена од 100 денари.
Јас не знам за нешто што не е со повисока цена па така да не гледам зашто и книгите не би биле.
Платите на вработените се повисоки, цените на кириите повисоки, струја - вода истотака, па не ни очекувам да имаме исти цени на книгите од порано.
Времето кога е издадена мислам не игра никаква улога. Еве ти гејмаш, отвори Стим и разгледај игри кои се и по 10 години стари се со иста цена или само 5-10 евра помалку од оригиналната. РДР2 откако е излезена е сеуште со иста цена - 59.99€ - а излеззена е пред повеќе од 4 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom