СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.960
Моментално, најголеми шанси за пролаз у група, од сите на светсково, има Јапан. Треба само да ја тепа Костарика во ова коло.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
843
Поени од реакции
1.299
Имаа ако не се лажам седум офсајди во 45 минути и рушија некој неславен рекорд од пред дваесеттина години. Само овој податок е доволен показател за играта на Аргентина во прво полувреме.
Во однос на второ, сигурно, играа добро, инаку...

Од тие седум офсајди не беа сите среќлиски како што велиш (иако се согласувам со тебе комплетно, таквите офсајди се бесмислени и не ја подобруваат играта никако, особено сега со будалаштината наречена полуавтоматски офсајд). Имаше ситуации каде апла аргентинските напаѓачи се наоѓаа во недозволена позиција. Штом против Саудиска Арабија за толку краток период извисуваш, тоа искрено многу кажува за неспособноста во таа фаза од теренот, но и за она што всушност го одигра Аргентина.

Без идеја, не врзаа повеќе од три додавања, рогај напред па некој ќе истрча од нашиве. Концепција ала Арсими. Па еве, освен шансата на Меси во втора минута, не ми текнува на нешто конкретно создадено од Аргентинците во прво полувреме.

Германија патем, до примениот гол играше добар фудбал. Покрај Шпанија, ретко смислен фудбал досега на Мундијалов. Немаше некоја спектакуларност, ама до примениот гол можеа слободно да водат 6:0.
Само малиов Мусиала да беше поприсебен ќе имаше хет-трик. Во една акција непосредно пред да биде 1:1, јапонскиов голман интервенираше три или четири пати. Ептен, ептен промашуваа и не се снаоѓаа пред гол, а лесно стигаа.

Проблем е што малку ги потценија (и не мислам овде на Рудигер, такви циркузарии си прави постојано), туку општо. Се опуштија и добија по муцка. Со Суле на десен бек и Раум на лев, небалансиран пивот од Кимих-Гундоган, непотребен Милер и тотално бескорисен Хаверц на деветка, виси во воздух. Дали против Јапонија, дали против било кој.

Мене исто ми се симпатични Аргентина, како и сите репстации од тој континент и навивам за нив, арно ама она не личи на ништо. Банда распашана.
Фудбалски точно објаснето и дефинитивно стои тоа што го кажа за Германија, ама читав денес дека после поразот имале собир каде што секој кажал што има да каже и излегле од тој собир со заедничка цел - мора све да се остави на страна и мора да се победи Шпанија,имаат добра и млада екипа и мора да се покаже карактер.

Кимих прифатил да игра во одбраната бидејки тоа е најразумно за да се донесе цврстина и воедно он стварно беше добар на бек.Наредно светско без Милер и Ноер , Кимих треба да ја добие капитенската лента , покажува атрибути на лидерство.Плус дечкото на собир за тоа како ке се изрази револт за некои работи првенствово им плеснал на сите дека на крајот треба све на страна да се остави и да се фокусираат само на спорт.
Гундоган игра добро и стабилно , може да се носи со улогата(иако Кимих е подобар) и заедно со Горецка ке бидат носители на играта.Напред Сане се враќа и тоа ке е клучот мислам за следната утакмица.Он е мадафака сезонава , најдобри 3 месеци од кога игра фудбал а има големо фудбалско знаење.Сане-Мусиала-Гнабри се многу уиграни и опасни , цитирајте ми ја реченицава ако не бидам во право.Пред нив веројатно ке биде Фулкруг и класичен шпиц е најдобро решение за ситуацијава.Не е Бензема реално , ама со причина е повикан од Ханзи Флик.Да не заборавиме дека ни Клосе не беше Роналдо и Пеле, ама пак е број 1 на листата.

Многу е потценета а Германија има после толку време феноменални креативци во офанзива.
Мусиала е next-big-thing , момчето е милина да го гледаш , таква леснотија сум видел само кај Меси,магија има во нозете ,му се лепи топката и е екстремно непредвидлив.Доволно е да се каже што неговиот талент е високовреднуван во репрезентацијата а има само 19 години.Идеално време е и светот да го види Џамал Мусиала.
Сане созрева фудбалски и талентот што го поседува излезе сезонава на виделина и го прави тоа играч од светска класа.Гнабри е во форма и он кога е во форма е убиец буквално , сегде го има , придонесува во играта и дава многу голови.

Шпанија се јаки ама Германија и на подобри екипи им нанела тешки порази.Минатото првенство стварно беа лоши и си ги заслужија сите критики ама ова се потценети.Постои поголема можност за пораз/нерешено(мислам Шпанија е мокна и тоа е јасно) и ке ги стават во тешка позиција ама оваа екипа е квалитетна да го направи невозможното.

Јас лично имам некое чувство дека ке им нанесат тежок пораз кој психички ке ги бутне Шпанците.Никогаш не сум отсуствувал од работа непотребно , ама во недела сум болен , шанси нема да ја пропуштам утакмицата.
Се надевам дека нема да си го гризнам курот.

Deutschland uber alles.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.324
Поени од реакции
22.628
ughhhh... da ne pocnam pak prerano :icon_mrgr:

nahhh :pivo2:


20221126_212252.jpg

losa fotka e ama levo kon korna znamenceto na na golot na iran ima trans sto lici na vardarski... nemozam dobro da go fatam ama amblemot lici bas nas.
Автоматски споено мислење:

nase e. IMG-20221126-WA0002.jpg

IMG-20221126-WA0001.jpg
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.161
Поени од реакции
107.611
Хорор прво полувреме за Тунис, пренервозни се и покажуваат сличен менталитет со една етничка група што живее кај нас, случајно или проценете сами.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
Тунис премногу лош против Австралија, очекував многу повеќе после ремито со Данска.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Ретка утакмица кај што репрезентација ќе игра против клуб

Screenshot_20221126_125937_Samsung Internet.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.625
Поени од реакции
34.813
IMG_20221126_135237.jpg

Полска - Саудиска Арабија


... нешто позната химната на Полска, потсетува на екс ЈУ, инаку арапиве доминираат на терен со две шанси за гол, голем притисок врз полскиот гол, па според нештата како идат по Марфиев закон, би требало Пољаците да го бабнат првио гол :D
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.767
Поени од реакции
13.430
Гледај каква техника имаат некои од Саудијциве, а тука се пишуваше дека биле антититаленти како Кинезите, антифудбалски гени имале, никогаш немало да ги биде за фудбал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom