СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 ноември 2022
Мислења
170
Поени од реакции
506
Маунт и Стерлинг очајни.
А што да се очекува од играчи кои играат за клупче што се бори за влез во конфенренциска лига, плус Стерлинг е меѓу послабите и таму.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.361
Поени од реакции
5.485
Брилијантна партија на Рајс, одличен процент на вратени топки до Стоунс и Мегваер, само нека продолжи така и ќе заврши во Јунајтед.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.799
Поени од реакции
115.779
Енглезиве се враќаат по старо, кансор игра и тепани утакмици на сила (ова зборам кога тепаат) или изгубени бодови уз очај и јад. Овој Саутгејт ти е невидено теле, нула од тактичар, наместо да го таргетираат она телено Дест кој нема основни позиционирања во дефанзива тие си играат подај му ја назад на штоперот. Еве го сега ќе освежи и ќе набаци на "креативност" со Хендерсон, да му ебам тоа умренкото. Греота е ваков малоумник да десеткува екипа составена од одлични играчи и да не ги користи квалитетите на класа напаѓач како Кејн.
 
Член од
22 ноември 2022
Мислења
170
Поени од реакции
506
Енглезиве се враќаат по старо, кансор игра и тепани утакмици на сила (ова зборам кога тепаат) или изгубени бодови уз очај и јад. Овој Саутгејт ти е невидено теле, нула од тактичар, наместо да го таргетираат она телено Дест кој нема основни позиционирања во дефанзива тие си играат подај му ја назад на штоперот. Еве го сега ќе освежи и ќе набаци на "креативност" со Хендерсон, да му ебам тоа умренкото. Греота е ваков малоумник да десеткува екипа составена од одлични играчи и да не ги користи квалитетите на класа напаѓач како Кејн.
Нема послаб селектор на светското.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.185
Поени од реакции
4.022
Вака ако игра Англија, дефинитивно не губиме на 19-ти јуни. Среќа што сега ќе мора да играат да го победат Велс ако сакаат прво место.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.438
Поени од реакции
14.875
Првите 60 минути добри, потоа да ти се смачи. Не ми е јасно зошто Американците не преземаа поголем ризик!? Можеби не ни можеа.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.902
Поени од реакции
30.829
Ајмо Иран избуши ги овие шо си наместија денес, едвај по еден шут
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.775
Поени од реакции
43.979
Буквално ист меч изигра Англија и против Шкотска на ЕУРО-то претходното лето. Па ако не се лажам и тој беше во второ коло од групната фаза.

Не ни пробаа да победат воопшто денес. Грилиш одзема топка на противничката половина во 92ра минута и се враќа назад. :D Ги има Саутгејт овие "тактички утакмици". Нерешеново практично ја потврди Англија како 1/8 финалист. Они имаат +4 гол разлика со 6 дадени голови, Велс има -2 со еден даден гол. Дури и со 3 разлика да тепаат Велс, Англичаните продолжуваат.

За првото место сигурен сум дека не им е толку битно, дури длабоко во нив можеби посакуваат и второ, па евентуално да ја избегнат Франција во 1/4 финале. Реално ако се погледне ждребот, Англија оди на противник од Група А во 1/8, а таму ниту една репрезентација нема некој посебен квалитет. Е сега, ако се први, во 1/4 финале ги чека Франција, а во случај на второ место во 1/4 финале би ги чекал првиот од групата на Аргентина (што може и да не биде Аргентина!) или некој од Данска и Тунис.

Секако ова не го менува фактот дека е срамота да прикажеш ваква игра на Светско Првенство во фудбал. Но имајте на ум дека екипите секогаш калкулираат во вакви ситуации. Сепак, могу тешко да завршат втори. Треба да загубат од Велс, а САД-Иран да не заврши нерешено, или да изиграат нерешено со Велс, а Иран да победи со САД (или САД да победи ама 5 разлика).
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.438
Поени од реакции
14.875
Ај утре има интересни групи, една во која фаворитот мора да се вади, плус најголемото изненадување од прво коло ќе бара 1/8 финале, а во друга играат двата фаворита, тој другиот натпревар од таа група, среќа па нема да можам да го гледам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom