Зошто?
Добра беше Аргентина у прво полувреме и требаше да води 5-0. Немаше среќа со мртвите офсајди, коишто реално не се ни офсајди, мислам офсајди се според правила ама не можеш да им земеш за зло офсајд каде рамото, коленото или палецот се у офсајд.
У второ изедоа блиц-криг, ги фати паника и не можеа да сврзат 5 паса и се изгубија со акциите преку Ди Марија и неговите центаршутеви со фелш.
Не беше лоша Аргентина.
Германија не ја гледав и не можам да коментирам.
Имаа ако не се лажам седум офсајди во 45 минути и рушија некој неславен рекорд од пред дваесеттина години. Само овој податок е доволен показател за играта на Аргентина во прво полувреме.
Во однос на второ, сигурно, играа добро, инаку...
Од тие седум офсајди не беа сите среќлиски како што велиш (иако се согласувам со тебе комплетно, таквите офсајди се бесмислени и не ја подобруваат играта никако, особено сега со будалаштината наречена полуавтоматски офсајд). Имаше ситуации каде апла аргентинските напаѓачи се наоѓаа во недозволена позиција. Штом против Саудиска Арабија за толку краток период извисуваш, тоа искрено многу кажува за неспособноста во таа фаза од теренот, но и за она што всушност го одигра Аргентина.
Без идеја, не врзаа повеќе од три додавања, рогај напред па некој ќе истрча од нашиве. Концепција ала Арсими. Па еве, освен шансата на Меси во втора минута, не ми текнува на нешто конкретно создадено од Аргентинците во прво полувреме.
Германија патем, до примениот гол играше добар фудбал. Покрај Шпанија, ретко смислен фудбал досега на Мундијалов. Немаше некоја спектакуларност, ама до примениот гол можеа слободно да водат 6:0.
Само малиов Мусиала да беше поприсебен ќе имаше хет-трик. Во една акција непосредно пред да биде 1:1, јапонскиов голман интервенираше три или четири пати. Ептен, ептен промашуваа и не се снаоѓаа пред гол, а лесно стигаа.
Проблем е што малку ги потценија (и не мислам овде на Рудигер, такви циркузарии си прави постојано), туку општо. Се опуштија и добија по муцка. Со Суле на десен бек и Раум на лев, небалансиран пивот од Кимих-Гундоган, непотребен Милер и тотално бескорисен Хаверц на деветка, виси во воздух. Дали против Јапонија, дали против било кој.
Мене исто ми се симпатични Аргентина, како и сите репстации од тој континент и навивам за нив, арно ама она не личи на ништо. Банда распашана.